ДЗС: 2,3 % годишна инфлација и раст од 1,8 % кај индексот на цени на мало во јули, инфлација во однос на јуни 0,1 %
2ДЗС: 2,3 % годишна инфлација и раст од 1,8 % кај индексот на цени на мало во јули, инфлација во однос на јуни 0,1 %
СветВодачот на државниот удар, генерал Мамади Думбуја, фаворит на претседателските избори во ГвинејаДоколку ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, се планира втор круг на избори.Повеќе од четири години по државниот удар, граѓаните во Западноафриканска Гвинеја денеска излегуваат на гласачките места за да изберат претседател на земјата, а се очекува лидерот на државниот удар, генерал Мамади Думбуја, да победи во првиот круг од гласањето. Доколку ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, се планира втор круг на избори. Думбуја го предводеше воениот удар со кој беше соборен тогашниот претседател Алфа Конде, во септември 2021 година, и оттогаш владее со земјата со околу 15 милиони луѓе како преоден претседател. Тој се натпреварува против осум противкандидати за кои се смета дека имаат мали шанси за победа. Највлијателниот опозициски политичар, Селу Далеин Дијало, беше исклучен од изборната трка. Првично, генералот вети дека нема да се кандидира за функција. Меѓутоа, тоа се промени во септември кога на контроверзен референдум беше усвоен нов Устав на земјата, со кој, исто така, се продолжува мандатот на претседателот од пет на седум години. Двете мерки беа дочекани со остри критики од опозицијата. Во главниот град Конакри, изборните постери со ликот на Думбуја доминираат во градскиот пејзаж, а генералот се смета за популарен. Соборувањето на Конде, кој беше обвинет за полициско насилство и кој бараше уште еден мандат на функцијата и покрај отпорот, беше широко поддржано. Покрај тоа, многу Гвинејци се надеваат на економски развој - особено преку големиот рударски проект Симанду, еден од најважните проекти за железна руда во светот, кој започна со работа во ноември.Тагови: Гвинеја Мамади Думбуја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиењеИако анализите покажуваат подобрување, се уште е неизвесно кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за пиење. Како што објаснуваат од локалниот кризен штаб, на секои 12 часа се земаат 7 различни мостри од повеќе локации низ градот, кои се испитуваат во три лаборатории. Предизвик останува и високото ниво на хлор по хиперхлорирањето, кое постепено се намалува за да ги достигне дозволените вредности. За водата повторно да биде прогласена за исправна, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов потсетува дека потребни се три последователни анализи со уредни резултати, а конечната одлука вели треба да ја соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. -Состојбата се подобрува, но водата се уште не е погодна за пиење и за готвење. Секојдневно се вршат анализи, се земаат примероци. Врз основа на тие анализи се носат одлуките, а крајната одлука дали водата е погодна за пиење, односно тргање на забраната треба да ја направи АХВ, која впрочем и ја изрече самата забрана,- Стојанче Ангелов – директор на ДЗС. Детали од последните резултати, засега не објавуваат од институциите вклучени во контролите, АХВ, Институтот за јавно здравје и ЈП „Водовод“. Министерот за здравство Сашко Клековски претходно најави дека целосната анализа за состојбата со водата во Гостивар се очекува да биде објавена околу 20 август. Во меѓувреме, продолжуваат и политичките обвинувања на темата. Од СДСМ велат дека институциите задоцниле со реакцијата и бараат одговорност и јавно објавување на резултатите од анализите. - Ова веќе не е само криза, ова е здравствена катастрофа. Тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат,- Кети Штејрова – СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека опозицијата се обидува политички да профитира од случајот. -Наместо морализирање и ширење хистерија, талогот на СДС и предавникот Венко Филипче треба јавно да објаснат зошто со години немало институционална одговорност за случаите на небезбедна вода за пиење и кои конкретни мерки ги презеле за надминување на овие проблеми,- ВМРО-ДПМНЕ. Загадувањето на водата во Гостивар во моментов го истражува Јавното обвинителство. Одреден е притвор за директорката на Комуналец и двајца раководители, обвинителството ги сомничи дека сториле тешки дела против животната средина и природата кога поставиле пумпи во надворешен канал кои внесувале вода во градската мрежа. Освен Обвинителството, предмет по сопствена иницијатива отвори и Народниот правобранител. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЕкономијаДЗС: 2,3 % годишна инфлација и раст од 1,8 % кај индексот на цени на мало во јули, инфлација во однос на јуни 0,1 % Инфлацијата продолжува да стивнинува.. во Јули измерен е просечен раст на трошоците за живот од 2,3 % во однос на истито месец лани– што преставува најниско ниво од почетокот на годинава, кај индексот на цени на мало пак е завбележано зголемување одСпоредбено со претходниот месец, инфлацијата во јули е 0,1%, а според статистичарите растот на трошоците на живот на месечно ниво главно се должи на повисоки цени за транспорт и тоа за 4,4%, зголемени трошоци за рекреација, спорт и култура за 2,6%, домување 0,9%, ресторани и сместување 0,7%, образование 0,3%, алкохолни пијалаци 0,1%... Граѓаните кои ги анкетиравме велат клучот лежи во домашното производство, со сегашните примања и според нив високите цени тешко се преживува. Инаку на пазарите кило домати се продава по цени од 50 па до 90 денари, околу 70 денари се кило пиперки и грозјето, лубеница може да се најде и за 10 денари кило... „За добриот и богат човек цените не прават проблем. А за оние што се со потенок џеб богами цените се скапи... Пензионерите ние по 20, 21 илјада пензија ако нема со нас некој да ни помогне цените се многу големи.“ „Малку скапо. Со овие примања тешко се е...“ „Скапо, не скапо, мора да се ајде. Со мерки не него инвестиција во земјоделието министерството за земјоделие треба да биде број еден.“ Од министерството за економија велат податоците на статиска покажаа дека ценовните движења остануваат стабилни без значителни шокови на пазарот, во моментов нема основ но доколку состојбата се промени и има неоправдани ценовни скокови како Влада сооодветно ќе реагираат. А на социјланите мрежи се огалси и министерката за финанисии, Кочоска вели денешните бројки се уште една потврда за добрите економски политики на Владата... „Забавување на растот на ценит ее забележано и на месечно ниво кај речиси сите категории, со исклучок на транспортот. Покрај намалувањето на инфлацијата, раст бележат и извозот, индустриското производство и вработеноста, што укажува дека економските политики даваат резултати. Тоа се потврдува и со растот на даночните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули.“ - Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии. Примањата остануваат ниски, граѓаните едвај преживуваат реагираа и денеска од опозициската СДСМ. Според партијата секој пат кога од Владата ќе кажаеле дека цените се намалуваат граѓаните плаќале повеќе. „Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа. Истото го слушавме и за горивата. Секој пат кога велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе.“ -велат од партијата. Минатитот месец, намалување имаше кај минималната синдикална кошничка која ја пресметува ССМ. Според пресметките на синдикатот во јули за 108 денари беше забележано намалување во делот на храната и околу 50 денари поевтинел транспортот. Кошницата на синдикатот која се однесува на потребите на едно 4 члено семејство за претходниот месец изнесуваше нешто над 68 илјади денари. Тагови: инфлација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ФудбалКој го убеди Родри да ја избере Барселона? Иако речиси беше договорено најкорисниот фудбалер од последното светско првенство, Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона интервенираше во последен момент. Иако речиси беше договорено најкорисниот фудбалер од последното светско првенство, Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона интервенираше во последен момент и практично го презеде капитенот на Шпанија од својот најголем ривал. Вчера, Родри ја извести управата на каталонскиот клуб дека сака да стане дел од тимот на Ханси Флик, со што би се исклучила каква било можност за трансфер во Реал Мадрид, пишува „Марка“. Флик лично стапил во контакт со играчот од средниот ред, како и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и спортскиот директор Деко, но шпанскиот фудбалер не донел одлука по разговорите со нив. Според шпанските новинари, Флик, Лапорта и Деко му ги претставиле своите планови на Родриго, но освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година пред да ја донесе конечната одлука се консултирал и со неговиот долгогодишен тренер големиот Пеп Гвардиола. Родри го прикажа својот најдобар фудбал под водство на Гвардиола во Сити, а конечната одлука ја донесе токму во разговор со него. Гвардиола, како легенда на Барселона, го советувал својот досегашен капитен да замине во Каталонија, а според последните информации извонредниот Родри го послушал својот пријател и тренер – како што тоа го правел и многупати претходно во кариерата .Тагови: Пеп Гвардиола Родри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook