Во златен кафез: Саудискиот крал своите 4 ќерки ги држи во заробеништво цела деценија - Канал 5

Во златен кафез: Саудискиот крал своите 4 ќерки ги држи во заробеништво цела деценија

Се гледаме една со друга како венеме, напишале Сахар. Џавахер и Маха, укажувајќи дека нивната четврта сестра Хала вели дека полека го губи разумот и дека во неа веќе нема волја за живот.

Во златен кафез: Саудискиот крал своите 4 ќерки ги држи во заробеништво цела деценија
Саудискиот крал околу една деценија ги држи во заточеништво своите четири ќерки, принцезите Сахар (42) и Џавахер (38), откриваат дека тие и уште двете нивни сестри веќе 13 години се заробени во кралската палата во Џеда, давајќи на тој начин ретка можност да се дознае за животот на кралското семејство, кој инаку се одвива под превезот на тајноста и во кој жените дефинитивно имаат подредена улога.

Саудиска Арабија е единствена држава во светот во која со закон на жените им е забрането да возат автомобил, а кога станува збор за рамноправноста меѓу половите, таа е на 130. место, од 134 земји кои во 2009 година ги анализирал Светскиот економски форум. Принцезите Сахар и Џавахар меѓутоа, тврдат, дека се толку многу обесправени што тоа дури ги надминува и законските рамки. Во меиловите и телефонските разговори со редакцијата на Сандеј Тајмс, тие навеле дека и нивните сестри Хала и Маха исто така се во заробеништво во одвоени вили во дворскиот комплекс во Џеда, а нивната мајка Алануд Алфајез, која веќе не живее со саудискиот крал, наводно се обратила за помош до Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права.

Kraljevska palata u Džedi

Како што пренесува Сандеј Тајмс, Алануд Алфаез во писмото до весникот навела дека нејзините ќерки се затворени во палатата против нивната волја у се отсечени од светот. Сахар и Џавахер напишале дека се сами во зградата и дека немаат никој кој би им помогнал во извршувањето ан домашните обврски. Смеат да излезат само во набавка на намирници и тоа со дозвола од нивниот полубрат, кого кралот го овластил да ги надгледува.

Сахар наводно нашла работа во банка, за неа тоа би било спас од монотониот живот, но кога му кажала на татко и дека планира да работи со полно работно време, тој и забранил, бидејќи не сака неговите ќерки – принцези да работат.

Абдула е владетел на Саудиска Арабија од 2005 година и е еден од најбогатите луѓе во светот, Кога се омажила за него, Алануд Алфаез имала само 15 години, а тој над 40, но кралот се развел после 10 години.

Абдула има 38 деца со различни жени, а четирите ќерки од бракот со Алануд ги препуштил на нивните тројца полубраќа, да ги контролираат. Според законите во Саудиска Арабија, девојчињата и жените не смеат да патуваат, да се занимаваат со сопствен бизнис, ниту пак да се лекуваат без дозвола на своите машки „чувари“.



Сахар наведува дека таа и нејзините сестри како девојчиња биле многу убаво чувани и разгалени, но дека односот кон нив се променил кога почнале да му приговараат на татко им поради бедата во која живее поголем дел од населението во земјата. Кон крајот на 90-те години Хала, која дипломирала психологија, изразила незадоволство поради тоа што политичките противници на режимот ги држат на психијатриското одделение во болницата во која работела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер