Во живопоследно ажурирање на 10.2025МакедонијаВо живо- ДИК: Излезноста на локалните избори до 18,30 часот е 46,65 отстоПрес-конференција на Државната изборна комисија за текот на гласањето на локалните избори 2025. на 10.202519:50Како што информира претседателот на ДИК Александар Кондарко, излегле да гласаат до 18.30 часот 803 091 граѓани. Обработени се 3 287, односно 94,62 проценти од избирачки места. На овие 3 287 избирачки места запишани се вкупно 1 721 645 граѓани. Вечерва после полноќ ќе биде објавена излезноста за сите избирачки места во Македонија до 19.00 часотна 10.202519:46Во три општини , односно во Центар Жупа, Маврово Ростуше и Врапчиште има помалку од една третина излезени гласачи на изборите, рече претседатлеот на ДИК Борис Кондарко. Во Врапчиште гласале само 21, 41% од гласачите. на 10.202519:43Конечниот одѕив на изборите ќе биде објавен после полноќ кога ќе биде соопштен конечниот одѕив заклучно со 19. часот. За Град Скопје излезноста до 18.30 часот била 46,64 проценти или 803.720 граѓани . на 10.202519:40Како што информира претседателот на ДИК, Борис Кондарко , одѕивот на гласачите на Локалните избори инесувал 46,65 проценти , ила како што рече , за споредба со претходните локални избори во 2021 година, помалку за околу 3 проценти или 49.98 проценти. на 10.202518:01Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности. Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, пристгнати се податоци од 3 221 избирачко место. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 699 296. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,72. -Најголема излезеност има во Вевчани 61,84, Дебарца 53,41, Демир Капија 57,65, Дојран 60,91, Зелениково 52,77, Карбинци 50,25, Конче 55,13, Крива Паланка 56,01, Кривогаштани 52,33, Крушево 60,31, Лозово 61,09, Македонски Брод 59,66, Пробиштип 56,43, Ранковце 57,07, Росоман 58,69, Старо Нагоричане 52,26, Чашка 65,50 и Чучер Сандево 51,74 отсто. Најмала излезеност е регистрирана во Шуто Оризари 30,38 проценти, Радовиш 31,57, Маворов Ростуше 25,89, Пласница 32,87, Врапчиште 20,94 отсто, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција. Во Град Скопје излезеноста по општини е: во Аеродром 39,32, Бутел 42,29, Гази Баба 35,55, Ѓорче Петров 37,73, Карпош 42,86, Кисела Вода 39,37, Сарај 47,94, Центар 42,35, Чаир 45,09 и Шуто Оризари 30,38 отсто. -На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 17:00 часот, излезеноста во Скопје била 41,38 отсто, истакна Тодоровска Алексовска. Според неа, досега нема најава за продолжување на гласањето по 19 часот во ниту едно од избирачките места. ДИК апелира изборните органи да не ја попречуваат работата на домашните медиумски работници и од нив да не бараат акредитации од ДИК. на 10.202517:46На денешната прес-конференција, Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 17:20 часот, од обработените избирачки места, излезноста на локалните избори изнесува 39,61%.на 10.202515:58Во општините во Скопје најголема излезност до 15 часот има во Општина Чаир 35,22%, Центар 34,38%, Карпош 33,37%, Бутел 33,1%, Аеродром 31,5%, Гази баба 28,34%. на 10.202515:54До 15 часот на 8 локални избори во Македонија според Државната изборна комисија гласале 557332 што е 31,23% од граќаните со право на глас. И до 15 часот најголема излезност има во Општина Чашка, таму досега гласале 53,19 проценти од избрирачите или 3264 гласачи. По Чашка според излезноста се општините Новаци со 52,84%,Вевчани 51, 6% и Дојран 48,88% . Најмала излесност има на гласањето во Врапчиште од 14, 94 проценти.на 10.202514:06Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244. Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31. -Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека најмала излезеност е регистрирана во Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гази Баба 18,97, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маворово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 и Шуто Оризари 13,76 проценти, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција. -На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13:00 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто, истакна Тодоровска Алексовска.на 10.202513:54Во скопските општина најголема излезност има на гласањето во Општина Центар , каде до 13 часот гласале 22, 03% од запишаните гласачи, Карпош 21,69%, Чаир, 21,57% и Сарај 21,18%. на 10.202513:51До 13 часот на локалните избори во Македонија според ДИК гласале 358 755 гласачи или 20, 16 проценти од запишаните гласачи. Најголема излезност има на гласањето во Чашка 40,74%, Крушево 33,88% и Новаци 36,52% , а најмала Врашчиште 7,23%, Дебар 13,87%.. на 10.202512:08До 11 часот излезноста во општините во Скопје се движи околу 10 проценти. Аеродром 9,39% гласале 6451 Карпош 9,87 % гласале 5356 Бутел 10% гласале 3307 Гази баба 9,26% гласале 5680 Ѓорче Петров 9,19% гласале 3642 Центар 9,98% гласале 4394 Чаир 9,33% гласале 5435 Кисела Вода 10,60% гласале 5679на 10.202511:45Според податоците, наголема излезност има во Општина Чашка 22,6%, потоа следуваат општините Новаци, 19,13%, Дојран 15,76 и Ранковце 15,72%, а слаба излезност има во Врапчиште 2,54%, Сопиште 3,93%, Центар Жупа 4,89% Тагови: избори Избори 2025 Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter