Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот
2Сиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионот
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
СветВо Женева преговори за американскиот мировен план за завршување на војната во УкраинаВо Женева почнаа преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина.. Ќе претрпи ли измени мировниот план на америнскиот претседател Доналд Трамп? Европските лидери со контра предлог во Женева ќе се обидат да го ублажат документот, кој според многумина, е список на желби на Москва, а капитулација за Украина. На иста маса, зад затворени врати седнуваат америкнсакиот државниот сектерар, Марко Рубио во придружба на Стив Виткоф, укринаска делегација и европските сојузници на Украина предводени од таканаречената Е3 – Велика Британија, Франција и Германија. Иако документот на ЕУ официјално не е познат, дел од светските медиуми пишуваат дека ќе се инсистира разговорите со Русија за какви било териториски размени можат да се случат само откако војната ќе престане по сегашната линија на конакт. Претходно Европа изрази негодување што не беше вклучена во изготвувањето на америкнасиот мировен план. Германскиот канцелар Фридрих Мерц, вели иако се во трка со времето ќе се направат сите напори да се дојде до заеднички прифатливо решение. „Денеска е недела. Планот на претседателот Трамп е да постигне договор во четврток. Сè уште сме многу далеку од тоа. Тоа не значи дека е сосема невозможно да се постигне... Но, скептичен сум дали таков исход е можен со оглед на моменталните разлики. “ И ддоека траат преговрите Трамп се огласи преку социјалните мрежи каде напиша дека украинците покажале нула благодарност за америкнаските напори, а Европа продолжила да купува руска нафта. Доцна синоќа пак, иако првично рече дека Зеленски мора да го прифати планот и му даде рок до четврток, ретерираше и посочи дека предлогот не е земи или остави. „Прашање: Дали е ова вашата финална понуда за Украина? Трамп: Не ... Сакам да постигнеме мир. Војната меѓу Ураина и Русија не требаше никогаш да се случи, да бев јас претседател, никогаш немаше да се случи. Се трудиме да ја запреме, на еден или друг начин мораме да ја запреме.“ Мировниот план на Трамп предвидува 28 точки кои Киев претходно катогрично ги одби меѓу нив и предавање на целиот регион Донбас како и полуостровот Крим, кои ќе бидат де факто признати како руски, вклучително и од САД. Фронтот пак во Херсон и Запорожје ќе се замрзне долж линијата на конаткт. А се бара и драстично намалување на укринската армија. Рускиот претседател Путин начелно го прифатил планот како добра основа. Агенцијата „Франс Прес“ пресмета дека ако биде прифатен планот, Русија без борба би добила приближно 2.300 квадратни километари, односно територија колку Луксембург.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
МакедонијаМОН ги објави резултатите за сместени бруцоши во студентски домови за оваа академска годинаСписоците на студенти запишани во прва година што ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука .Списоците за сместување бруцоши во академската 2026-2027 година ќе бидат објавени и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот. Приговор во однос на резултатите студентите може да достават во домот каде аплицирале за сместување и тоа во рок од 10 дена од денот на објавување на списоците.примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список. Инаку,вчера беше пуштен во употреба реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во кој ќе може да се сместат 1 150 студенти меѓу кои и бруцоши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова со студенти од Колеџот на Европа: Дијалог за европската интеграција и иднината на регионотВо Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава.Во Вила Водно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со студенти од Колеџот на Европа во Тирана, кои престојуваат во земјава, во рамките на студиска посета посветена на влијанието на европската интеграција врз трансформацијата на земјите од Западен Балкан. Таа ја поздрави образовната програма и истакна дека студентите, како идни европски професионалци и лидери, со своето знаење и критичко размислување можат да придонесат кон мирот, безбедноста и солидарноста на европските народи и граѓани. За неа, сестраната регионална соработка и меѓусебната подршка на патот кон ЕУ имаат исклучително значење не само за нашите меѓусебни односи, туку и за оние на членките на ЕУ кон нас. Студентите се интересираа за уставните надлежности на претседателот во внатрешната и надворешната политика, како и за неговата реална улога во евроинтеграцијата. Тие ѝ поставија на Сиљановска-Давкова прашања врзани за: последиците од (не)спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур врз кредибилитетот на европските институции; македонската европската перспектива и можностите за интеграција во амбиент на постојната блокада; придобивките од членството во ЕУ, како за македонската држава, така и за Унијата, како и за ставот на претседателката за етапната интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Претседателката смета дека проширувањето треба да биде засновано врз исполнување на Копенхашките критериуми. Исто така, верува дека постепената интеграција може да донесе конкретни придобивки уште пред полноправното членство, но дека не смее да биде негова замена. Сиљановска-Давкова потсети дека органите на ЕУ не смеат да заборават на принципите и вредностите, содржани во конститутивните документи, без коишто ЕУ не може да биде заедница, туку само политичка и бирократска машинерија. Сиљановска-Давкова истакна дека, како претседателка со директен и силен изборен легитимитет има обврска да ги претставува сите граѓани и затоа инсистира на дијалог и консензус за прашањата од национален интерес. На крајот, студентите ѝ се заблагодарија на претседателката за дијалогот и ја поканија да го посети Колеџот на Европа во Тирана.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска треба да продолжи судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази од одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судскиот процес за за пожарот во дискотеката „Пулс. Во текот на доказната постапшка се оечкува да сведочат дури 244 лица, информираше претседателката на Кривичниот суд. Во меѓувреме, на 3 октормври завршува притворот на газдата на Пулс, првообвинетиот Дејан Јованов – Деко. Согласно законот за кривична постапка, притворот не може дополнително да му биде продолжен, бидејќи в сабота се навршува една година од одобрувањето на обвинителниот акт. Поради тоа, судот по службена должност ќе треба да одлучи со какви други мерки ќе го обезбеди неговото присуство во натамошната постапка Одбраната на Јованов најави гаранција во имот вреден речиси 200 илјади евра, со образложение дека со тоа дополнително ќе се гарантира дека тој нема да ја напушти државата. Но, одлука засега нема. Списите за гаранцијата се испратени до јавното обвинителство, од каде, според судот, сè уште нема пристигнато мислење.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00