БалканВо земјите од Западен Балкан забележан најголем пад на илегалните преминувања на мигранти во ЕУСтапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад - од 64 проценти - е забележан на рутитеСтапката на илегални преминувања на европските граници во првите три месеци од оваа година е намалена за 30 проценти во однос на 2024 година, а најголем пад - од 64 проценти - е забележан на рутите што минуваат низ Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Падот е забележан на сите главни миграциски рути кои водат кон Европа, се вели во соопштението на Европската агенција за гранична заштита, Фронтекс, а тоа е за речиси 33.600 пристигнувања помалку во првите три месеци од годинава. „Додека моделите на миграција се под влијание на мешавина на фактори кои се движат од временски услови до конфликти, се чини дека податоците укажуваат на продолжување на трендот на намалување забележан во 2024 година, кога бројот на нередовни гранични премини во Европа се намали за 38 отсто во споредба со претходната година“, рече Џудит Сандерленд од Хјуман рајтс воч. Организацијата е меѓу групите за човекови права кои тврдат дека тактиките за одвраќање и затворањето на границите на ЕУ ги ставаат мигрантите во позиција да се упатат кон Европа преку поризични рути, вклучително и преку Средоземното Море, пишува Гардијан. Во исто време, ЕУ склучи неколку договори за мигрантите со земји надвор од Европа, како Либија и Тунис. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter