Во земјава само десет отсто од слепите лица го знаат Брајовото писмо - Канал 5

Во земјава само десет отсто од слепите лица го знаат Брајовото писмо

 Слепите и лицата со оштетен вид во Штип за првпат ги добија сметките за вода со Брајово писмо.

Во земјава само десет отсто од слепите лица го знаат Брајовото писмо

Оваа вест беше една од попозитивните во 2023 година. Иницијатор за остварување на ова право е претседателот на Здружението на слепи лица за општините Штип, Пробиштип, Радовиш, Карбинци и Конче, Драги Витанов.

Во Штип од 85 членови на ова Здружение само пет лица ги добиваат сметките за вода на Брајово писмо. Витанов, иако на почетокот работеше на својата стара машина, не му беше тешко да ги изготвува овие сметки за своите членови.

- Работам на една стара машина и многу е напорно тоа. Ако не успееме да завршиме работи за користење на единствениот принтер на Брајово писмо во Штип, ќе продолжам да работам со старата машина и покрај тоа што имам големи проблеми, а тоа е што секоја сметка е уникатна, мора посебно да се отслика, да се испринта. Така што напорно е тоа и не е баш лесна работа, вели Витанов во разговор за МИА.

Тој очекува и се надева дека заедно со директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков ќе го активираат единствениот современ принтер на Брајово писмо во Штип, којшто треба да овозможи брза изработка на сметките за слепите лица. Малиот број на опфатени лица со овој позитивен проект не е заради техничките можности, туку, како што вели Витанов, поради тоа што само осум слепи лица или 10 проценти го знаат Брајовото писмо.

- Тоа е и процент на ниво на Македонија. Во Штип сега засега направивме пет сметки на Брајово писмо, пет месечни фактури заедно со комуналното претпријатие „Исар“- Штип. Се договоривме со директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков да го тоа почнеме тоа. Тоа го дадовме како идеја на 15 октомври на Светскиот ден на слепите лица и првите сметки се испечатени на Брајово писмо, вели Витанов.

Членовите кои го знаат Брајовото писмо се задоволни што конечно самите можат да си ги прочитаат сметките и да видат колку имаат да платат за потрошената вода за пиење и собирање смет, како и самите да отидат до пунктовите на ЈП „Исар“ и да си ги платат, а не како што било низ годините да бараат помош и да чекаат некој да им ги прочита сметките. Но, загрижува фактот што само 10 проценти од членовите го знаат Брајовото писмо.

- Кога јас бев ученик во училиштето „Димитар Влахов“ во Скопје, во специјализираното училиште за слепи лица, беа околу 200 ученици или поточно 178 ученика, сега таму дали има 10 проценти од оваа бројка што значи голем број од слепите лица не се решаваат таму да одат на училиште, вели Витанов.

Тој посочува дека и децата во ова училиште не го учат Брајовото писмо, туку се насочени кон новите современи информатички алатки, а голем дел од учениците кои имаат проблеми со видот се опфатени и во инклузивното образование, односно децата кои имаат проблеми со видот се вклучуваат во редовната настава во училиштата.

-Помладите членови од нашето Здружение, конкретно од Штип, Радовиш, Пробиштип, Карбиници и Конче не ја користат таа технологија. Овде во Штип тројца-чевторица членови се активни и работат и се служат конкретно со информатиката и со компјутерите, посочува Витанов.

Слепите лица бараат отварање на центри за згрижување на нивните членови

Во време на пандемијата, слепите лица беа оставени сами на себе, особено за време на карантините кога имало случај во радовишко каде слепо лице неколку дена беше оставено само, без да му бидат обезбедени прехранбени производи.

- Тоа е проблем кој се провлекува и навистина е тешка ситуацијата. Во некои места има членови кај кои се јавува депресија и тоа е навистина голем проблем. Сега е подобрена ситуацијата. Имавме едно лице во радовишкиот дел, слепо лице кое три дена остана без јадење. Значи тоа се големи проблеми со коишто се соочуваме, потенцира Витанов.

Тој и членовите на Здружението на слепи лица го гледаат решавањето на проблемот во отварање на центри за слепи лица каде ќе бидат сместени 24 часа, слично како домовите за стари лица.

- Таму би биле вработени пред се асистентите, кои и онака ги опслужуваат и многу полесно и безболно ќе ги поминуваат деновите. Вака, дома сами, во четири ѕида е страшна работа. Повторно ќе речам имаме ситуација, некои лица да доаѓаат и до депресивна состојба, рече Витанов во видео разговорот снимен во прес-центарот во Штип.

Слепите лица тешко доаѓаат и до работа, струката телефонист на централа во институциите изумира. Во овој регион има четири невработени слепи лица, од кои двајца се со занимање физиотерапевт.

- Можат да работат, но нема ситуација за нивно вработување, зошто е така не знам или пак дали е исполнет бројот на физиотерапевтите тука во Штип и дали навистина нема простор за нивно вработување. Со ова треба малку повеќе да се позанимаваме. Другите лица се со виша школа, некои со факултет, меѓутоа едноставно за слепите лица нема работа и не ги вработуваат, вели Витанов.

Тој ги потсети општините дека во минатото имале обврска да вработуваат лица со инвалидност, а во моментот, како што вели, во локалните институции нема вработени слепи лица или со инвалидност. Тој како претседател на Здружението на слепи лица најави дека на оваа тема ќе разговара со градоначалниците на општините, претседателите на советите, претставници на претпријатија со цел да се овозможи вработување на овие лица.

Здруженијата на слепи лица во земјава добиваат минимални средства за активностите. Државата финансиски им помага, но дополнително и општините.

- Дел од средствата за активности на Здружението низ Македонија се помош од државата, преку Министерството за труд и социјална политика. Тие средства се доставуваат до Сојузот, а од страна на Сојузот, по некој клуч ги распределува по здруженијата. Меѓутоа, ќе кажам дека тоа се мали средства, конкретно за нашето Здружение се 16.000 денари месечно. Тоа се мали средства, затоа што Здружението на слепи лица кога организира активности ги организира за своите членови, но со нив мора да има и придружници, бидејќи тоа се лица кои не гледаат, вели Витанов.

Посочува дека на тој начин трошоците се дуплираат но, како што вели, тука се локалните самоуправи кои финансиски им помагаат, за што се заблагодарува на општините Штип, Радовиш и Пробиштип.

Инфраструктурата и понатаму проблем за безбедно движење на слепите лица

Сообраќајни знаци на тротоарите поставени без ред и несоодветни пристапи за поминување од едната на другата страна на улиците, се секојдневие со кое се соочуваат слепите лица. Витанов вели дека ред е ставен во централното градско подрачје на Штип, а во разговор со директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски е договорено да продолжи имплементацијата на проектот, односно ставање ред на вертикалната сообраќајна сигнализација.

Слепите лица апелираат и до општините, но и до централната власт кога се градат улици, тротоари и друга инфраструктура да помислат и на нив, бидејќи едни тротоари се повисоки, а други пониски што претставува дополнителен проблем и стрес за нив и за лицата во инвалидски колички.

Витанов и членовите на Здружението на слепи лица бараат и поголема сообраќајна култура од страна на возачите кои своите возила ги паркираат на тротоарите. Посочува дека едно возило паркирано попречно зафаќа по три до четири метри од тротоарната површина, па пешаците и слепите лица се принудени да се симнат на коловозите, ставајќи ги во ризик сопствените животи./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)

Вооружени разбојници украле луксузна стока во вредност од неколку стотици илјади евра од златарницата „Де Бирс“ во елитен кварт на Париз, по што избегале со мотоцикли, соопшти париската полиција. 

Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)

Грабежот се случил околу 11:15 часот наутро во вториот арондисман на Париз, потврди полицијата за Асошиејтед Прес.

Портпаролот на групацијата „Де Бирс“ потврди дека нивната продавница на улицата „Ру де ла Пе“, недалеку од плоштадот Вандом, позната по своите луксузни продавници за златарница, била ограбена. Тој изјави за АП дека „никој не е сериозно повреден“ во грабежот и дека компанијата им обезбедува поддршка на вработените. Продавницата ќе остане затворена додека трае истрагата.

Фабиен Богаис, претставник на полицискиот синдикат „Алијанс“ во Париз, им изјави на новинарите на местото на настанот дека четворица осомничени, вооружени со пушки, украле стока во вредност од неколку стотици илјади евра за само неколку минути.

Една година од спектакуларниот грабеж на Лувр

Полицијата соопшти дека разбојниците не користеле оружје. Богаис рече дека разбојниците носеле шлемови, но не можеше да потврди дали дополнително ги покриле лицата со облека или маски. Властите објавија дека се распоредени значителни полициски сили за да ги пронајдат сторителите и дека истражителите темелно ќе го испитаат местото на грабежот.

Оваа кражба доаѓа по спектакуларната кражба на француските крунски скапоцености од Лувр во октомври 2025 година, кога крадците избегаа со вредни предмети во вредност од 88 милиони евра сред бел ден. Таа кражба откри сериозни недостатоци во безбедносниот систем на музејот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија ги менува правилата за евакуација по заканите со бомби во илјадници училишта

Италијанската влада ќе воведе нови правила за справување со безбедносни закани, вклучително и масовни закани преку е-пошта. 

Италија ги менува правилата за евакуација по заканите со бомби во илјадници училишта

Според новите правила, по правило, зградите нема да бидат евакуирани освен ако нема конкретни докази дека опасноста е реална, беше објавено денес.

Одлуката доаѓа откако вчера низ цела Италија беа евакуирани бројни училишта поради закани за бомби, кои ги примија околу 6.300 училишта. Ова е најновиот во низата случаи на лажни тревоги и сајбер напади што ги погодија училиштата, супермаркетите, центрите за дарување крв, системите за воздушен сообраќај и медиумските куќи низ цела Европа во последните денови.

Многу училишта беа затворени веднаш по примените закани. Ова предизвика големи проблеми бидејќи родителите мораа да брзаат да ги земат своите деца, а паниката се прошири на социјалните медиуми.

Денеска нови закани за 1800 училишта

Денес пристигнаа нови закани, како резултат на што некои училишта повторно се затворени. Според извори од италијанската влада, околу 1.800 училишта добиле нови закани за бомби преку е-пошта. Римската полиција потврди дека повеќе училишта пријавиле закани, но во помал број отколку вчера. Тие рекоа дека нема докази што ги поткрепуваат.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги покани лидерите на опозицијата на состанок за да разговараат за тоа како да се реагира на слични ситуации во иднина. „Зградите не треба да се евакуираат ако нема конкретни индикатори што укажуваат дека опасноста е реална, а не ако станува збор за примање масовна е-пошта“, објави нејзината канцеларија.

Некои европски претставници се сомневаат дека Русија би можела да стои зад кампањата што го нарушува секојдневниот живот во европските земји што ја поддржуваат Украина. Италијанските претставници изјавија дека сè уште немаат докази за да го потврдат таквото сомневање. Русија ги отфрла обвинувањата за вмешаност и тврди дека Западот води кампања за клевета против неа.

Опозицијата ја критикуваше Мелони за сајбер безбедноста

По двочасовниот состанок со премиерката, лидерите на опозицијата од центарот и левицата изјавија дека владата мора да предложи конкретни решенија за ваквите закани. Во исто време, тие ја критикуваа Мелони за, како што тврдат, премалку инвестиции во сајбер безбедноста.

„Како се потрошени парите досега? Вчерашниот аларм можеше да се реши со помош на добра антивирусна програма“, рече поранешниот премиер Матео Ренци, шеф на центристичката партија Италија Вива. Италија не е единствената европска земја погодена од оваа кампања, но нејзината првична реакција предизвика многу поголеми проблеми отколку во другите земји.

Властите во Шкотска, Северна Ирска и Република Ирска објавија дека голем број училишта добиле и заканувачки е-пораки од странство. Сепак, тие проценија дека станува збор за лажни извештаи и не ја прекинаа наставата.

„Го прашавме ирскиот премиер зошто властите во таа земја однапред ги предупредиле училиштата и им советувале да останат отворени, бидејќи овие е-пораки не се сметале за закана“, рече Никола Фратоани од Зелената и левичарската алијанса (Alleanza Verdi e Sinistra).

Бараат поголеми инвестиции во заштитата

Опозиционите партии го обвинија Мелони дека им дава приоритет на инвестициите во класична воена опрема, а ги игнорира сајбер заканите, кои ги сметаат за поитни.

„Ни треба посилна координација меѓу телата одговорни за сајбер безбедноста и предложивме пренасочување на дел од достапните ресурси кон сајбер одбрана“, рече Ели Шлајн, лидерка на главната опозициска Демократска партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува во Владата сè додека се почитуваат договорените коалициски принципи, но нема да прифати решенија што го усложнуваат правниот систем и го доведуваат во прашање уставниот поредок на државата.

Димитриевски: компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото!

Ова го истакна претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, говорејќи за актуелните политички прашања, предлогот за полагање на правосудниот испит на албански јазик и односите во владината коалиција.

„Во политиката постои компромис, но во владеењето на правото нема компромис. Предлогот на министерот Шасивари е хибридно решение, а триумфализмот е неоснован, бидејќи Владата нема донесено одлука, туку предлогот е испратен на мислење во Венецијанската комисија. Согласно Уставот и постојниот закон, не постои можност правосудниот испит да се полага на албански јазик“, истакна Димитриевски.

Тој потенцираше дека доколку вакво решение биде доставено до Собранието, ЗНАМ ќе се произнесе негативно, а доколку ставот на партијата не биде почитуван, ќе го преиспита своето учество во Владата.

Димитриевски нагласи дека ЗНАМ не учествувал во каков било политички договор за ова прашање и очекува на најавената лидерска средба во декември партијата да биде активно консултирана, а не само дополнително информирана.

Тој упати порака дека заштитата на правниот поредок, легализмот и почитувањето на Уставот се принципи од кои ЗНАМ нема да отстапи.

Притоа посочи дека правосудниот испит имаат право да го полагаат дипломирани правници со една или две години работен стаж на правни работи, а не студенти, и дека во правосудниот систем прецизното разбирање на правната терминологија и познавањето на официјалниот македонски јазик се од круцијално значење.

Осврнувајќи се на односите во владината коалиција, Димитриевски оцени дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски е конструктивна и одлична.

Тој ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека ЗНАМ креира вештачка политичка криза за предизвикување предвремени избори, нагласувајќи дека одлуката за избори е во надлежност на премиерот.

Во однос на политичките барања на ДУИ за правосудниот испит, Димитриевски оцени дека станува збор за иницијатива која повторно ја отвора темата за прашања што веќе биле предмет на политички расправи, а упати порака до моноетничките политички партии дека мора да ги почитуваат законите и институциите на државата.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер