Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители - Канал 5

Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители

Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители, се земаат и повеќе боледувања од реално потребните.

Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители

Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување е над еден милион и 820 илјади осигуреници што е повеќе од бројот на жители според последниот Попис. Фондот за здравствено осигурување веќе има иницирано формирање на интерсекторска работна група со цел да се утврди точниот број на здравствени осигуреници.

Според директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашко Клековски, меѓу нив најверојатно има македонски државјани кои живеат во странство, а кои не се одјавиле од земјава и продолжуваат да користат здравствено осигурување, но не ја исклучува можноста дека има и лажни осигуреници.

- Над половина од здравствените осигуреници се по други основи, а не по основ на плата и на осигурени деца. Покренавме иницијатива пред Влада да се преиспитаат критериумите. Тоа е интерсекторска работа која ќе потрае бидејќи имаме помалку жители од тоа што во моментот имаме здравствени осигуреници, истакна Клековски во изјава за медиумите.

Од Фондот за здравствено осигурување ќе иницираат и измени на Законот за здравствена заштита со цел да се подобри системот на контрола кај издавањето на боледувањата и боледувања да се даваат на оние пациенти на кои тоа навистина им е потребно.

- Во основа имаме околу 17 илјади боледувања заради болест и околу 10 илјади породилни боледувања. Зголемениот број на барања на контроли произлегува од тоа што во институции од јавниот сектор има значаен број вработени кои се на боледување. Во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана и во основа веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за боледувања така што размислуваме како да предложеме измени за да се подобри системот на контрола на боледувањата, вели Клековски.

Вели дека често се случува при зголемен обем на работа, персоналот за да ги избегне обврските на работа, да земе боледување.

- Кога тие ќе земат боледување, се поттикнуваат и другите вработени да бараат начин да го избегнат зголемениот обем на работа. Кај матичните лекари има јасно пропишани стандарди како може да се даваат боледувања, но ако ги погледнете дијагнозите дека покрај акутните респираторни заболувања, скоро 50 проценти од боледувањата во Фондот се за болести на рбетниот столб, а кој било вработен над 50 години ако му го снимите рбетот ќе излезе дека има спондилоза или лумбаго, тогаш станува субјективно дали треба да се оди или не на работа, изјави Клековски.

Дополнителна мотивација за земањето боледувања, според Клековски, се и колективните договори во кои е предвидено 90 до 100 процентна исплата на плата во време на боледување што во однос на приходите значи дека на вработените им е сеедено дали се на работа или не. Друг момент се и ниските плати во некои институции во јавниот сектор поради што луѓето земаат боледувања за да може да работат и втора работа.

Директорите на Фондот за здравствено осигурување денеска направија осврт на сработеното во изминатата една година откако се назначени а како најзначајни резултати ги посочија проширувањето на Позитивната листа со лекови што било направено по 10-годишна пауза, зголемените плати во здравството, подобрените здраствени услуги, подобро финансирање на примарната здравствена заштита и поголема ефикасност и дигитална трансформација на Фондот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами.

Фото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“

Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава.

Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер.

Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење.

Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Актерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.

Фото: Секси русокосата не препушта ништо на случајноста

Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица.

Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи.

Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите.

Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Дали фудбалерите навистина вредат толку многу? 

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот.

Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид.

Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра.

Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл.

Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано.

Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери.

Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона.

Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.

Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи.

Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц.

Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра.

Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид.

Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо.

Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера.

Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери.

На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони.

Трансфери над 100 милиони евра:

1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ)

2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ)

3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул)

4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи)

5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити)

6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид)

7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул)

8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи)

9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона)

10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона)

11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити)

12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи)

13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид)

14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи)

15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус)

16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем)

17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед)

18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона)

19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид)

20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид)

21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер