Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотВо време на пандемијата, секој мораше да се прилагоди за да осигури безбедна храна, вели Мери Кени од ФАОКовид-19 влијаеше на начинот на снабдување, тргување и купување на храната, што носи нови или различни ризици кои треба да се земат предвид за да осигураме безбедност на храната во секое време.Мери Кени, службеник за безбедност на храна и заштита на потрошувачите од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, по повод 7 јуни – Светски ден за безбедност на храната, прогласен од ОН во 2018 година, во интервју говори за тоа како ФАО им помага на земјите од регионот во овие напори. Кои конкретни проблеми во врска со безбедноста на храната се појавија во Европа и Централна Азија поради пандемијата КОВИД-19? Кога започнаа мерките на затворање, првите две главни грижи беа: дали вирусот се пренесува преку храната и дали ќе има доволно храна достапна за сите? Научни истражувачки тела признати на глобално ниво посочија дека нема докази дека храната може да го пренесе вирусот. Додека некои индустрии се затворија, прехранбената индустрија беше меѓу оние кои мораа да продолжат да работат онолку колку што дозволуваше ситуацијата. Во некои земји, операторите за храна беа загрижени дека некои состојки или суровини ќе бидат недостапни или со исцрпени залихи, или пак дека клучниот персонал нема да може да работи заради рестриктивните здравствени мерки. Некои од грижите на надлежните органи беа дистрибуцијата на небезбедна храна како резултат на промените во шемите на снабдување, продажба на храна во нехигиенски услови, како и измами со храна. Пандемијата ја нагласува важноста за примена на добрите принципи на санитација, лична хигиена и воспоставени практики за безбедност на храна за да се задржи синџирот на снабдувањето со храна безбеден, што дава посебен акцент на годинашниот Светски ден за безбедност на храната. Потребата за ефективна комуникација и соработка меѓу сите во синџирот на исхрана (академијата, владата, производителите, операторите, потрошувачите) за да се спречат опасностите и да се минимизираат ризиците, стана уште поочигледна. Луѓето бараат доверливи информации – кои во случај на безбедност на храната, доаѓаат од националните власти и од меѓународните организациии. Можете ли да ни дадете неколку примери од регионот? Надлежните власти имаат клучна улога во текот на оваа пандемија во информирање на потрошувачите за практиките што треба да се почитуваат, како и да работат со прехранбената индустрија за да осигураат континуирано снабдување со безбедна храна. Многу земји воспоставија информативни веб-страници и споделија упатства поврзани со КОВИД-19 за производителите на храна, увозниците, угостителскиот сектор и потрошувачите. Неколку примери се Норвешка, Унгарија и Турција, кои изработија упатства специфични за секторите храна, аквакултура и сточарство, додека Ирска отвори веб-страница со најчесто поставувани прашања и консултативна линија за совети по електронска пошта. Романските власти организираа видео конференции за трговците на мало и рестораните за храна, за да ги информираат за мерките потребни за повторно отворање и безбедно производство, подготовка, испорака и сервирање на храна и за тоа како да го обучуваат својот персонал за општите хигиенски практики и плановите за дезинфекција. Северна Македонија објави практични совети и препораки за бизнис операторите со храна за спречување на ширење на вирусот кај персоналот и потрошувачите, заедно со усвојувањето на мерки за безбеден и непречен проток на храна, стоки и добиток и препораки за безбедно купување на храна во маркетите и преку Интернет. На глобално ниво, ФАО и СЗО исто така развија упатства за безбедност на храната во време на КОВИД-19 наменети за властите одговорни за безбедност на храната, операторите со храна и потрошувачите. Кои навики се сменија и кои се импликациите за безбедноста на храната? Секој мораше да се прилагоди. Многу луѓе почнаа да готват почесто дома и го сменија начинот на купување храна, на пример, префрлајќи се на домашни испораки и купување преку Интернет, кога рестораните и кафулињата беа затворени. Ова ја истакнува важноста на зголемување на свеста кај потрошувачите за практики за безбедно ракување со храна. Многумина почнаа да купуваат храна од локални извори или директно од земјоделците. Оттука, малите бизниси за храна треба да бидат информирани и да ги применуваат практиките за безбедноста на храната. Исто така, постојат иновативни методи за намалување на отпадот од храна преку банки за храна и електронски платформи кои ги поврзуваат добавувачите со купувачите и потрошувачите. Бизнисите за храна и производствените капацитети мораа да вложат во дезинфекција и санитација, воведоа правила за физичко дистанцирање и заштитна опрема за персоналот. Што се однесува до службените контроли, на пример, Норвешка ја зголеми употребата на електронски сертификати за контроли на увоз на животински и растителни производи и подготви брза проценка на ризик за евентуално зголемено незаконско работење со храна за време на пандеимјата, која исто така има за цел да спречи нелегална продажба на Интернет на производи кои лажно се рекламираат дека спречуваат или лекуваат КОВИД-19. Некои од овие навики веројатно ќе останат. Што можеме да очекуваме во областа на безбедноста на храната во блиска иднина, и што значи тоа за регулаторите на храна и надлежните органи? Знам дека надлежните органи за безбедност на храната во целиот регион активно размислуваат за потенцијалните влијанија врз безбедноста на храната и го прилагодуваат начинот на работа, бидејќи ограничувањата во движењето и работењето од дистанца влијаат и врз нивниот персонал. Балансирајќи ги ограничувањата на персоналот со потребата да се одржи безбедноста и интегритетот на синџирот на снабдување со храна и да се поддржи меѓународната трговија, регулаторите за безбедност на храната треба да им дадат приоритет на клучните услуги за време на пандемијата и евентуално да намалат некои рутински активности. Искуството од пандемијата КОВИД-19 може да даде поттик за зголемена употреба на информатички технологии за безбедност на храна, како што се е-сертификација, бази на податоци и зголемена употреба на електронска документација. Некои промени во синџирот на снабдување со храна веројатно ќе продолжат и после пандемијата, како што се нарачките преку Интернет, е-трговија, што ќе носи нови ризици за безбедност на храната и предизвици што треба добро да се анализираат и соодветно да се решат. Тука ќе бидат клучни следењето на информации, споделувањето информации, генерирање на податоци и анализи. Покрај зголемената продажбата на храна преку Интернет, бизнисите со храна ќе продолжат да се прилагодуваат, па дури и да ги менуваат нивните бизнис модели, на пример, од ресторани во услуги за готова храна за носење. Како што се намалуваат рестриктивните мерки, бизнисите со храна ќе заживеат и ќе се адаптираат на новата нормалност, спроведувајќи мерки за физичко дистанцирање, санитација и заштита на здравјето на нивниот персонал, кои ќе бидат дел од секојдневната рутина. Што прави ФАО во регионот? ФАО поддржува мерки што обезбедуваат континуитет на синџирите на снабдување, со цел луѓето да имаат пристап до безбедна и хранлива храна за време на пандемијата. Ова вклучува поддршка за земјите да ги проценат краткорочните и среднорочните влијанија, давање насоки за политиките за земјоделство и системите за храна кои ја истакнуваат безбедноста на храната, организирање на тематски вебинари, олеснување на заемното учење и споделување на добри практики. ФАОКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСамоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар Кржаловски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Самоил Малчески, Сеад Ризвановиќ и Александар КржаловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПедијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџеритеДури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата. Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин. Немир, анксиозност и срцеви проблеми Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење. Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност. Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите. Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години. Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата. Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook