3Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“
КултураВо време на пандемија сè повеќе се читаат книгиСе чита сè, но најмногу трилери, како и романтични и психолошки романи.Во време на корона-пандемија и на сè поголема социјална затвореност и изолираност меѓу луѓето, а и кога театарските претстави, изложби и други културни настани во живо се сведени на минимум и сè повеќе се одржуваат онлајн, сè поголем број граѓани на Велес се зачленуваат и позајмуваат книги во локалната библиотека „Гоце Делчев". Интересен е податокот дека последниве месеци многумина од читателите со едно одење во библиотеката позајмуваат одеднаш по три-четири книги, за да имаат што да читаат во овие долги денови и ноќи кога најчесто се дома, информира за МИА, Гордана Васковска, в. д. директорка на оваа локална установа од областа на културата. Годинава во велешката библиотека има 5014 читатели, од кои поголем дел или 2838 се во одделот за возрасни и 2176 во одделот за деца. Споредено со 2018 година, кога биле вкупно 4339, е повеќе за 675 читатели. – Се чита сè, но најмногу трилери, како и романтични и психолошки романи. За љубителите на трилери, приказни со многу моќни пресврти, кои овозможуваат возбуда, неизвесност, сомнеж до последната страница. Приказни за љубовта, страста, предавството, мистерии од нашите постари книги, но и од најновите изданија, кои библиотеката ги набави годинава од повеќе реномирани издавачки куќи, информира Васковска. Таа посочува дека од најновите книги набавени годинава според евиденцијата на библиотеката најчитани се од ИК „Матица македонска": „Сестрата на сонцето" – Лусинда Рајли, „Часови по заборав" – Нермин Јилдирим, „Белата хризантема” – Мери Лин Бракт, „Крадачка на книги” – Маркус Зусак. Од ИК „Сакам книги": „Тајната на Алексови" – Наде Стоилковиќ, „Сите цвеќиња во Париз" – Сара Џио, „Без каење" – Колин Хувер, „Сурова љубов" – Колин Хувер. Од Издавачки центар „Три": „Вие сте вашите уверувања" – Смиљан Мори, „10 минути и 38 секунди во овој чуден свет" – Елих Шафак, „Разбудете го џинот во себе" – Ентони Робинс. Од „Култура": „Сестрите Романови" – Хелен Рапапорт, „Жената во белото кимоно" – Ана Џонс, „Ти подарувам ѕвезди" – Џоџо Мојес. На „Топер": „Дневникот на едно смотано девојче 7,8,9,10 книга – детски, „Тајниот живот на писателите"-Гијом Мисо… Васковска информира дека библиотеката годинава набавила 209 наслови и вкупно 873 различни книги за возрасни и деца. Од 209 набавени наслови, најголем дел, 172 наслови се за возрасните и 37 за децата, претежно лектира, но и други книги наменети за деца и млади. За децата, односно за учениците збогатени се изданијата за школска лектира, а има и други интересни книги од сите области, информира Васковска. – Децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина, во која ние возрасните вложуваме и затоа книгите од разни области се многу важни за нивно учење и напредување во сите области, потенцира Васковска. Набавени се книги од сите жанрови: психолошки, трилери, романтични, историски. За љубителите на трилери, приказни со многу моќни пресврти, кои овозможуваат возбуда, неизвесност, сомнеж до последната страница. Таа информира дека локалната библиотека „Гоце Делчев" – Велес набави книги белетристика и лектири од следниве издавачки куќи: Издавачки центар „Три", „Матица македонска", „Антолог", „Просветно дело", „Арс ламина", „Култура", „Топер", „Сакам книги", „Фонд на холокаустот". Библиотеката, освен читателска, има и други важни функции, меѓу кои како посебно важно е афирмацијата на националниот и културен идентитет. Таа потсетува дека основната дејност на библиотеката е набавување, истражување, собирање, стручно обработување и проучување, заштитување, чување, објавување, информирање, презентирање и давање на користење библиотечен материјал. Библиотеката како културна установа од јавен карактер е место каде што се складира и чува културното богатство, каде се негуваат и надградуваат културните, воспитно-образовните вредности на младите и воопшто на граѓаните. Како културен центар ќе го зачувува, ќе го промовира наследството, традицијата, литературата на разни култури, преку набавка на разни збирки и преку пристап до печатени книги на разни јазици. Библиотеката обезбедува трајно и организирано комплетирање на библиотечните фондови, нивна стручна обработка и откривање на нивните содржини за давање информации и задоволување на потребите на образованието, науката и другите области на живеење. – Библиотеката како јавен центар во кој се негува творештвото има важна улога во развојот и градењето на едно демократско општество и афирмација на националниот културен идентитет. Во едно мултикултурно општество, библиотеката има обврска да ги зачувува, да ги промовира различните култури и да го унапредува економскиот, културниот и социјалниот живот, потенцира Васковска. Таа информира дека унапредувањето на културата на живеење го реализира преку поттикнување на читањето кај децата од најмали години, развој на креативноста кај младите, поддржување на разноликоста во културите, обезбедување предуслови за користење на информациите од страна на членовите. Визијата на велешката библиотека е да биде во чекор со технологијата Визијата на локалната библиотека „Гоце Делчев" од Велес е задоволување на потребите и интересите на сите возрасти од читателската публика, со тоа што ќе овозможи непречен, континуиран пристап до информациите, до научни, образовни и културни добра и ќе создаде најдобри услови за истражување, креативност, учење. Потенцира дека визијата на библиотеката е да информира, да едуцира и да го поттикнува културниот, образовниот и социјален развој на нашата заедница. – Визија на библиотеката е да биде културно катче каде што нашите членови, покрај книгите, ќе ги користат и современите технолошки можности што ги овозможува современото општество во библиотечното работење, најавува в. д. директорката Гордана Васковска. Читателите задоволни од изборот на книгите Соња Петрова, вработена во фабрика, долгогогодишна читателка на локалната библиотека „Гоце Делчев", за МИА вели дека е задоволна со книгите со кои располага библиотеката и затоа што секоја година набавуваат најнови наслови од домашни автори и светски бетселери. – Редовно одам и земам книги, па во овие денови на пандемија на корона, книгата ми е и единствена разонода затоа што нема културни настани. Најчесто земам по две-три книги, а можам да ги пофалам дека изборот е одличен и за сечиј вкус, оценува Петрова. Славко Николовски е професор во пензија и вели дека редовно зема книги и дека изборот во библиотеката е одличен. – Има и историски романи и бетселери и ги задоволува моите потреби како читател. Задоволен сум што секоја година набавуваат нови наслови од домашните и од светските автори, кои секогаш се интересни за читање. Книгата ми е другар во овие тешки денови и месеци на пандемијата на корона, кога најчесто седиме дома и ретко излегуваме, потенцира Николовски. Инаку велешката локална библиотека „Гоце Делчев" е најстара во земјава. Има богат библиотичен фонд од 100 илјади книги од сите жанрови. Меѓу книгите има и 200 многу стари и ретки книги, од кои најстарата е од 1773 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДПДржавниот долг во Еврозоната се зголеми на 88,8 % од нивниот вкупен БДП во вториот квартал од 2026 година, соопшти статистичката служба на ЕУ – Евростат. Во парична вредност, владите во еврозоната должат околу 14,4 трилиони евра. Италија и се приближува на Грција која е најзадолжената земја-членка со долг од 140% од БДП-то, додека зад нив е Франција чиј долг се искачи на 119%. Според правилата на ЕУ, долгот не треба да надминува 60% од БДП, а годишните буџетски дефицити не треба да надминуваат 3%. Меѓутоа, според Евростат, комбинираниот дефицит на владите во еврозоната е зголемен и изнесува 3,3% од БДП-то во вториот квартал од годинава. Минатата година, 12 земји-членки имаа долг над границата од 60 % утврдена од ЕУ, а 11 земји забележаа дефицити од 3 % или повеќе.Тагови: Евростат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштијаСе најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година. МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава. Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари. 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Граѓаните имаат крпен живот - одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат. До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови. Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000. Ова е смислена политика, ова е одлука. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
КултураГоран Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата. Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство. „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски. Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето. Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook