Во војната со Иран се ранети 200 американски војници - Канал 5

Во војната со Иран се ранети 200 американски војници

Од почетокот на војната во Иран, 200 американски војници се ранети, од кои повеќе од 180 се вратија на должност, изјави за Асошиејтед прес Тим Хокинс, портпарол на Централната команда на американската армија (CENTCOM).

Во војната со Иран се ранети 200 американски војници

Десет војници се сметаат за сериозно повредени.

Бројките се повисоки од оние што ги објави Пентагон минатата недела, кога беа пријавени околу 140 повредени, вклучувајќи осум со сериозни повреди. CENTCOM не прецизираше кога или каде војниците биле убиени, ниту пак даде детали за природата на нивните повреди. Досега, 13 американски војници загинаа во војната во Иран, објави АП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола

Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата која ја зборува, самиот дал дозвола. 

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан "бетон" Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола

За одобренија кои тој ги издал, треба да се запраша себе си, што мислеше кога се потпишуваше и се расфрлаше со одобренија за градба?

Треба да се запраша Горан, зошто токму сега прави обиколки низ Центар, а до вчера удобно уживаше во градоначалничката фотелја под клима.

Треба да се запраша и како сè беше во ред додека издавал одобренија за градба, а сега не е.

Одговорот е јасен. Бидејќи му гори под нозе. Знае дека ова е последен мандат на СДС во Центар, а тој оди во политичка пензија.

Кога работите нема да му се одвиваат според замислениот план, Горан „бетон“ Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ лично ја спроведува.

На човекот со троцифрен број издадени одобренија за градба, сега опозицијата му е крива за тоа што ТОЈ, заедно со кадрите на Венко и Заев го спроведуваат цела деценија.

Деценија методи на притисоци кои смрдат на КОРУПЦИЈА. Деценија во која секоја неуспешна шема на СДС ја плаќаат центарци од сопствениот џеб во име на пенали. Нема да е прв пат, само што заврши исплаќањето кон "Пелагонија" вредно милиони.

Истите политики што сега ги спречуваме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета кон градежната компанија „Пелагонија“, обврска што општината ја исплаќаше со години.

Му препорачуваме на Горан да сврти малку поголем круг низ Центар, да си ги види стотиците згради кои тој лично ги одобрил. Или да продолжи да одмара под клима, бидејќи теренот очигледно не му оди од рака. Да си го доседи мандатот како што правеше и до сега, зошто граѓаните освен штета и расипништво, веќе ништо друго не очекуваат од него, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур во 1996

Поранешниот шеф на банда Двејн Кефе Ди Дејвис е прогласен за виновен за организирање на убиството на раперот Тупак Шакур, што е прва пресуда во случајот што беше нерасчистен речиси 30 години.

Поранешен шеф на банда прогласен за виновен за убиството на раперот Тупак Шакур во 1996

Поротата го прогласи шеесет и тригодишниот Дејвис за виновен по едно обвинение за убиство во врска со смртта на Шакур во пукотница во Лас Вегас на 7 септември 1996.

Обвинителите на судењето тврдеа дека иако поранешниот водач на уличната банда „Саут сајд Комптон крипс“ не пукал со пиштолот што го уби Шакур, тој го наредил убиството и го обезбедил оружјето што неговиот внук Орландо Андерсон го користел во пукањето.

Шакур имаше 25 години кога беше убиен на врвот на својата кариера, а убиството се случи во време на силното соперништво помеѓу рап сцената на источниот и западниот брег и среде вооружените пресметки помеѓу бандите „Бладс“ и „Крипс“, кои имаа длабоки корени во хип-хопот во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телеком со иницијатива за безбеден интернет: Насилството не смее да има публика

Македонски Телеком и министерството за образование и наука започнаа национална иницијатива против врсничкото насилство и омразата во дигиталниот простор, насловена „Скрши го кругот на насилството. Не биди публика.“

Телеком со иницијатива за безбеден интернет: Насилството не смее да има публика

Фокусот на иницијативата е насочен кон превенција на сајбер-булингот и улогата на сведоците што снимаат и споделуваат насилство. Кампањата беше промовирана во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје на првиот училишен ден, со најава за нови образовни стандарди и промоција на семејната безбедносна апликација Safe Family.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер