Во Виница почна седмото издание на фестивалот „Ин Виница веритас“ - Канал 5

Во Виница почна седмото издание на фестивалот „Ин Виница веритас“

Во Домот на културата вечерва во Виница почна седмото издание на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ кој во наредните пет дена ќе се релизира со финансиска поддршка на Министерството за култура, локалната самосуправа, а во организација на Домот на културата „Тошо Арсов“ од овој град.

Во Виница почна седмото издание на фестивалот „Ин Виница веритас“
Претседателот на жири комисијата Блаже Докулевски ги соопшти трите награди за карикатура пристигнати на Меѓународниот конкурс што беше распишан годинава. Првата награда му припадна на Мухамед Азаднија од Иран, втората на Раул Алфонсо од Колумбија, а третата на Георгиј Лицурицу од Романија.

Градоначалникот на Виница Емил Дончев го истакна задоволството што Општината по седми пат го промовира хуморот и сатирата.

- Годинава на Меѓународниот конкурс пристигнаа 320 карикатури од 138 автори, од 45 земји, од сите континенти, што секако зборува за квалитетот на овој наш меѓународен фестивал за хумор и сатира, истакна Дончев.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска поздравувајќи ги присутните го искажа големото задоволство што може да присуствува на отворање на еден ваков меѓународен фестивал за хумор и сатира, притоа искажувајќи го и задоволството што на Фестивалот годинава ќе учествуваат театрите од Македонија, штипскиот, велешкиот и битолскиот со свои претстави со што ја збогатуваат меѓународната димензија на Фестивалот, истакна Канческа-Милевска.

На оваа сцена досега учествувале 150 уметници од повеќе држави меѓу кои и Братислав Димитров, Бојан Љубеновиќ и други што е вистинска заслуга на Виница да го репрезентираат овој фестивал.

Годинешното издание, рече Канческа-Милевска е збогатено и со промоцијата на книгата со афоризми „Балканска трансферзала“, во која се застапени балканските афористичари Драгутин Миниќ, Васил Колевски, Александар Чотриќ, Миле Ѓорѓиовски и Бојан Љубеновиќ, а е збогатен и со неверојатна изложба од карикатури пристигнати на фестивалот.

Ова е мошне убава можност да се пофали соработката на локалната власт во овој случај на општината Виница и централната власт, Министертвото за култура. Прогласувајќи го фестивалот за отворен министерката ја истакна познатата максима на Чарли Чаплин: „Денот без смеа е изгубен ден за сите нас“.

Пред присутните вечерва настапи Јовица Јашин од Зрењанин, Србија со монодрамата „Има една земја“.

Затворањето на Фестивалот ќе се случи на 23 октомври кога пред виничани ќе гостува театарот на Теразие од Белград, Србија со комедијата „Чај од јасмин“.

Во рмаките на Фестивалот ќе биде реализирана и работилница за карикатура во виничките основни и средни училишта.

Финансиски фестивалот чини еден милион денари средства обезбедени од Министерството за култура и општина Виница./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Курти низ задниот влез го напушти собранието поради демонстрантите за ОВК, го изведе обезбедувањето (ВИДЕО)

Премиерот на Косово, Албин Курти, вечерва ја напушти зградата на парламентот низ задниот излез, бидејќи пред парламентот сè уште беа собрани поддржувачи на ОВК.

Курти низ задниот влез го напушти собранието поради демонстрантите за ОВК, го изведе обезбедувањето (ВИДЕО)

Курти го напушти парламентот низ задниот излез, во придружба на обезбедувањето, објави Косово-онлајн.

Претходно, Курти и Хамза одржаа состанок, откако косовското собрание ги усвои измените на Законот за специјализирани совети во прво читање, но тој заврши без договор.

Курти го замоли Хамза прво да гласа за претседателот, а потоа да продолжи со гласање за Законот за специјализирани совети во второ читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџер остана без дланка за време на судирите со полицијата во Франција (ВИДЕО)

Петнаесетгодишно момче остана без дланка во судирите меѓу средношколците и полицијата за време на интервенцијата за растурање на демонстрациите во северна Франција, соопшти локален функционер. 

Тинејџер остана без дланка за време на судирите со полицијата во Франција (ВИДЕО)

Инцидентот се случи денеска, еден ден пред националниот протест организиран од ученичките синдикати поради недоволното финансирање, пренатрупаните училишта и лошите услови во образовните установи.

Локалните медиуми објавија дека 15-годишниот тинејџер ја загубил дланката и дел од подлактницата откако активирал полициска шок-бомба во градот Ленс, која потоа експлодирала, додека протестите на учениците влегувале во третата недела.

YouTube video

Шест месеци пред изборите за наследник на претседателот Емануел Макрон, неговата влада и крајно десничарското национално Собрание, предводено од водечкиот претседателски кандидат Марин Ле Пен, ги обвинија пратениците и градоначалниците од крајно левичарската партија „Непокорна Франција“ за поттикнување на протестите, што партијата го негира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Украина и Германија потпишаа договори вредни 8,5 милијарди евра

Украина и Германија потпишаа петнаесет договори во вредност од 8,5 милијарди евра, објави претседателот Володимир Зеленски денеска на Телеграм.

Зеленски: Украина и Германија потпишаа договори вредни 8,5 милијарди евра

Украина и Германија потпишаа петнаесет договори во вредност од 8,5 милијарди евра, објави претседателот Володимир Зеленски денес на Телеграм, заблагодарувајќи им се на Германија за нејзината поддршка и на германскиот канцелар Фридрих Мерц за неговата посета.

„Важни договори меѓу Украина и Германија што ќе ги зајакнат двете земји и нашите индустрии. Петнаесет договори, договори во вредност од 8,5 милијарди евра. Области на борба против беспилотни летала - пресретнувачи и мали ракети, радари, NRC, артилерија, ќе работиме колку што е можно повеќе на воздушната одбрана и зголемување на производството на ракети за системите Патриот во Германија. ФРЕЈА. Поддршка за енергетскиот сектор“, рече тој, пренесува Укринформ.

Според Зеленски, Германија ѝ помага на Украина за време на оваа војна.

„Сега Украина испраќа одбранбени и други нарачки, кои ќе им ги обезбедиме на компаниите во Германија. Ова ќе биде сериозен придонес. Ви благодарам, Фридрих, за посетата. Ви благодарам на Германија за поддршката“, додаде тој.

Како што објави Укринформ, Украина тестира мала ракета Ника и заеднички брз SPYS дрон со Германија за пресретнување на руски млазни беспилотни летала.

Зеленски вчера, на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Киев, изјави дека Украина и Германија потпишале 15 договори и документи за безбедносна соработка, производство на оружје и набавка на оружје од германската индустрија, со вкупна вредност од над 8,5 милијарди евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер