Во Венецуела усвоен закон за „демократска транзиција“

Собранието на Венецуела усвои закон за „демократска транзиција“ и обнова на уставот, изјави опозицискиот лидер и претседател на парламентот, Хуан Гуаидо. Собранието на Венецуела усвои закон за „демократска транзиција“ и обнова на уставот, изјави опо

Законот со кој ќе се обезбеди транзиција кон демократијата и обнова на уставот на Боливарската Република Венецуела е едногласно усвоен во прво читање, напиша Гуаидо на Твитер.

Венецуела е во нова политичка криза откако Гуаидо пред една недела се прогласи за привремен претседател на државата.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако повеќе европски и јужномерикански држави го поддржаа Гуаидо, порача дека тоа е обид за државен удар во режија на САД.

Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција

САД повторно изразија загриженост  за израелскиот напад врз Рафа, но нагласија дека се уште нема голема операција и дека се уште ја задржуваат можноста за договор за прекин на огнот.

„Очигледно гледаме со загриженост, се разбира, но не би отишол толку далеку да кажам дека она што го видовме таму во изминатите 24 часа укажува на широка, голема копнена операција“ изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби. /МИА

Италија и Германија со по пет екипи во Лигата на шампиони

Италија и Германија обезбедија дополнително место во Лигата на шампиони за следната сезона, откако нивните клубови се претставија добро во европските натпреварувања оваа сезона, објави УЕФА.

Со проширувањето на Лигата на шампиони на 36 екипи од сезоната 2024/25, УЕФА соопшти дека две од четирите дополнителни места ќе ги пополнат европските асоцијации „со најдобро комбинирани перформанси на нивните клубови“ во натпреварувањата на УЕФА.

Со завршувањето на полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите, Лига на Европа и Конференциската лига оваа недела, УЕФА соопшти дека Италија и Германија загарантирано ќе завршат на првите две места на клупското рангирање за 2023/24 година.

Италија и Германија имаат по двајца финалисти оваа сезона – Аталанта (Лига Европа), Фиорентина (Лига на конференции), Борусија Дортмунд (Лига на шампиони) и Баер Леверкузен (Лига Европа). /МИА

Петров: Мораме да ги задржиме младите дома

„Не можам да бранам концепт кој загуби на изборите, а граѓаните се изјаснија дека сакаат нешто друго“

Ималем проблем со демогравските карактериски за кои многу малку зборуваме. Мораме да ги задржиме младите дома инаку ќе останеме земја на старци и пензионери. Македонија мора да оди напред кон ЕУ, а како, одговорот на прашањето треба да го даде новата влада. Ние имавме наш концепт, но не можам да бранам концепт кој загуби на изборите, а граѓаните се изјаснија дека сакаат нешто друго. Навредлив е односот на бугарската политика кон нас, но треба да се објасни што значи отворањето на кластерите со ЕУ, а тоа е значајна финансиска помош на земјата. Очекуваме да видиме од идната влада кои се политиките државата да оди напред, да не застануваме, рече Андреј Петров во Само Вистина.

притисни ентер