Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
2Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
СветВо Велика Британија денеска се избираат 650 членови на Долниот дом на парламентот Во Велика Британија денеска се одржуваат општи избори на кои гласачите ќе изберат 650 членови на Долниот дом на парламентот, по што лидерот на партијата со најмногу гласови прво ќе стане мандатар за формирање нова влада и потоа и премиер.Велика Британија е поделена на 650 области, наречени изборни единици. Гласачите во секоја од овие изборни единици избираат по еден пратеник во Долниот дом, долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство. Американските медиуми анализираат дека кој и да победи на овие први национални избори во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска во последните пет години, ќе наследи голем број проблеми препознатливи во сите западни демократии - слаб економски развој, ослабени јавни услуги и проблем со мигрантите. Конзервативната партија на Риши Сунак доживува пад на популарноста во анкетите од 2021 година. Предизборните анкети и даваат на главната опозициска Лабуристичка партија, предводена од Кеир Стармер, двоцифрена предност пред Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак, која е на власт 14 години. Лабуристите во последните 12 месеци постојано имаат поддршка од над 40 отсто од електоратот. На трето место во анкетите е антиимигрантската десничарска партија „Реформа во Обединетото Кралство“ на Најџел Фараж, но бидејќи нивната поддршка е рамномерно распоредена низ целата земја, може да се случи оваа стабилна поддршка тешко да се претвори во места во парламентот. Либерал-демократите - претходно третата по големина партија во земјата - имаа прилично конзистентно просек од околу 10 проценти, но тие се надеваат дека со фокусирање на главните посакувани места, ќе можат да постигнат изборен успех. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и козиСогласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест. Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци и кози, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканАлександар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на СрбијаПретставникот на „Студентската листа“ и професор на Сообраќајниот факултет, Александар Чупиќ, е официјално избран за претседател на новиот состав на Народното собрание на Република Србија. Со изборот на оваа функција, Чупиќ истовремено ја презеде и должноста вршител на должноста претседател на Србија. Со конституирањето на Српскиот парламент, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на новата Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин: „Боже, чувај нè од такви пријатели“Полскиот премиер Доналд Туск одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на нивната денешна средба во Кина го нарече рускиот претседател Владимир Путин свој пријател. „Боже, чувај нè од такви пријатели“, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“, без експлицитно да ги спомене ниту Трамп, ниту Путин. Неговата објава уследи по срдечниот поздрав што Трамп му го упати на Путин на самитот на АПЕК во Шенџен, Кина. Трамп за Путин: „Тој е мој пријател“ За време на средбата со Путин, во присуство на новинари, Трамп зборуваше за нивниот долгогодишен однос. „Кој е тој? Тој е мој пријател!“ – рече Трамп додека го поздравуваше рускиот претседател. “Who is he? He is my friend,” President Trump said as he entered the room to meet with Russian President Vladimir Putin on Thursday. The two leaders met in Shenzhen, China, ahead of their historic trilateral meeting with Chinese President Xi Jinping. https://t.co/Sq7v2MdTqV — CBS News (@CBSNews) November 19, 2026 Овој момент предизвика реакции во Европа, каде што некои политички лидери изразуваат загриженост поради ставот на Трамп кон Путин – особено во услови кога Русија ја продолжува војната против Украина.Тагови: Доналд Трамп Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook