Во велешкиот театар премиера на „Добри луѓе“ - Канал 5

Во велешкиот театар премиера на „Добри луѓе“

 На малата сцена на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Добри луѓе“ според Данкан Мекмилан. 

Во велешкиот театар премиера на „Добри луѓе“

Режисер е Тамара Стојаноска, играат Тијана Трајчевска и Филип Христовски, преводот е на Наташа Пеевска, музиката на Ива Дамјановски, а продукцијата на Театар „Златен Елец“ Скопје.

Како што информираат од велешкиот театар претставата „Добри луѓе“ е дуодрама работена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање. Дали е оправдано да се има деца во загаден свет во кој секое суштество создава огромни количества јаглерод диоксид, но и во свет каде што тој нов живот треба да се соочи со некои сериозни егзистенцијални проблеми со можни трагични исходи: еколошки катастрофи, пандемии и огромни економски и социјални колапси?

-„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество. Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во ваков анксиозен и пластичен свет исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам, непостојани временски услови и политички немири. Ликовите живеат со анксиозност, паника и притисок од надворешната околина, но тешко и бавно носат промени во своите лични постапки и се губат во системот. Грижата за околината е како маска за нивната вознемиреност и опседнатост со прашањето дали се добри луѓе. Тоа што ликовите постојано се грижат и паничат, само по себе е еден вид заменски активизам; нивната пасивна грижа станува доказ за нивната добрина и ја негира потребата за реално дејствување, појаснуваат од велешкиот театар. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло

 Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ е во прекин поради истекување на масло по гаснењето на запалено товарно возило, соопшти Авто-мото сојузот на Република Српска.

Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло

Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина (УИО) синоќа соопшти дека сообраќајот сè уште е во прекин на меѓународниот граничен премин Рача-Сремска Рача, откако во вечерните часови избувна пожар на камион со регистарски таблички од БиХ, додека се наоѓал на мостот меѓу Босна и Херцеговина и Србија.

Камионот се запалил среде мостот откако претходно го напуштил царинскиот терминал на Управата. Во приколката се превезувал товар од алуминиумски скали наменети за извоз од Босна и Херцеговина во Романија.

Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина ги повика возачите на камиони, како и останатите учесници во сообраќајот, да користат други алтернативни меѓународни гранични премини за да избегнат подолги задржувања. Противпожарните служби брзо интервенираа и го изгаснаа пожарот на камионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпревар

Македонската репрезентација вечерва ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.

Седлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпревар

„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски.

Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена.

„Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски.

Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка.

Висар Муслиу очекува од македонската репрезентација максимална тимска ангажираност против еден од најквалитетните противници во групата.

„Швајцарија не е само офанзивно силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно ако сакаме да бидеме успешни“, вели Муслиу.

Дефанзивецот признава дека резултатите во овој циклус не се онакви какви што очекува јавноста, но нагласува дека тимот мора да покаже реакција.

„Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б е поквалитетна и тимски и индивидуално, но мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.“

Муслиу упати и апел за поддршка од навивачите, особено во период кога резултатите не се на посакуваното ниво.

„Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро, никој ништо не кажува, но кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари да бидеме подобри.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција со пресврт до убедлива победа над Белгија

Најдобрата фудбалска репрезентација на Франција, синоќа по резулатски пресврт ја победи Белгија со 4–1 во Париз, во натпревар од 4. коло на групата А1 во Лигата на нации.

Франција со пресврт до убедлива победа над Белгија

Белгија поведе во 35. минута со голот на Доди Лукебакио, по асистенција на Ромео Лавија. Франција направи голем пресврт во продолжението од натпреварот, предводена од клучниот придонес на Мајкл Олисе, Дезире Дуе и Рајан Шерки, кои влегоа во игра во второто полувреме. Дуе израмни во 77. минута, а само четири минути подоцна Шерки постигна гол за водство на Франција, по асистенција на Олисе. Потоа, Олисе постигна уште два гола – во 88. минута и во судиското надополнување (90+1).

На вториот натпревар од групата А1, Италија ја победи Турција со 3–1 во Болоња.

По вчерашните средби Франција е на чело на групата со 10 бода, Италија има седум, а Белгија шест, додека Турција е без бодови.

На другите натпревари од Лигата на нациите синоќа: Босна и Херцеговина – Полска 1–0, Романија – Шведска 0–1, Северна Ирска – Грузија 0–0, Украина – Унгарија 1–2, Црна Гора – Ерменија 0–0 и Кипар – Латвија 2–1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер