Во велешката касарна одбележан Денот на Командата за обука и доктрини - Канал 5

Во велешката касарна одбележан Денот на Командата за обука и доктрини

Во Командата за обука и доктруини во велешката касарна вчера имаше и Отворен ден на кој беше претставено оружјето со кое располага КОД, а  во посета беа и  ученици од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес.

Во велешката касарна одбележан Денот на Командата за обука и доктрини

Во кругот на велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ денеска свечено беше одбележан 15 април - Денот на Командата за обука и доктрини КОД, кога на 15 април во 1992 година во касарните во Скопје, Штип, Битола и Охрид пристигна првата класа регрути од регуларниот армиски состав, поставувајќи го темелот на денешната Армија. Првиот регрут во Армијата беше велешанецот Панче Јамандиев во касарната во Охрид, информира во своето обраќање честитајќи им го празникот командантот на КОД, бригадниот генерал Лулзим Нуредини.

Воедно потсети дека во изминатиот период КОД изврши индивидуална обука со 450 новопримени професионални војници, курс за подофицери со 60 кандидати, различни применети форми на обука со 150 питомци, јазична обука и специјализирани курсеви со над 120 слушатели од eдиниците на Армијата, Конференција на центри за обука на Европа на која учествуваа над 100 претставници од 23 НАТО и партнерски земји,а изминатата недела и меѓународна компјутерски асистирана вежба „Seven stars 25“ која се реализираше во Центарот за симулации во велешката касарна. Потенцира дека Единиците на КОД учествуваа во поддршката на цивилните институции во справување со пожарите во зоната на одговорност.

Тој во следниот период најави обука со 300 новопримени професионални војници,курс за подофицери за 120 кандидати,курс за офицери на службте со 60 кандидати и поддршка на меѓународната вежба „Immediate Response 25“ и многу други активности.

На свеченоста присуствуваше и заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили и претставници од ГШ на Армијата меѓу кои и началникот на ГШ на Армијата генерал-мајорот Сашко Лафчиски, кој им го честита Денот на КОД од свечената бина посакувајќи им многу успеси во понатамошното извршување на функционалните задачи.

-Вашата професионалност и посветеност при извршување на задачите е подеднакво ценета како меѓу припадниците на армијата,така и меѓу нашите сојузници и партнери.Оваа година добивте високи оценки и признанија за организирање на неколку важни активности. Би ги издвоил Конференцијата на Европските центри за обука,која обедини 100 припадници од 24 различни армии.Конференцијата поддржана од 7 та Армиска Команда за обука од САД беше една од најголемите активности од ваков вид досега организирани кај нас.Посебно се истакнавте со организација и поддршка на вежбата „Seven stars 25“ која се реализира минатата недела како и вежбата Maple Arc 24,реализирана минатата година потенцира генерал-мајорот Лафчиски.

Потсети и за улогата на Армискиот полигон Криволак кој е во ингеренции на Командата за обука и доктрини.

-За таа цел мора доследно да се следи и почитува Акцискиот план за развој на полигонот,навремено да ги идентификуваме потребите кои ќе ги увидиме во текот на изведување на вежбите и активностите и интензивно да соработуваме со нашите партнери.Нашата цел е овој процес да се заокружи до 2028 година и Криволак да стане препознаен како Европски полигон за обука со капацитет и можности да акомодира Единици со јачина од бригада плус,најави генерал Лафчиски.

Посочи дека тест на тоа за Армискиот полигон Криволак ќе биде следната вежба „Response 25“ која ќе биде една од најголемите вежби досега организирана во земјава.

На свеченоста тој им додели на најдобрите приадници на КОД, НАТО медалите за будност,како и плакети,благодарници и пофалници на наградените припадници на Армијата и надворешните соработници.

На свеченоста беа доделени и признанијата на најдобрите од спортските игри што се одржаа во изминатите денови а беа наградени и најдобрите ученици од распишаниот ликовен и литературен конкурс.За најдобра поема на тема „Храброста на војникот“ беше награден ученикот Марко Станковски од ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка кој пред присутните ја прочита поемата

Во Командата за обука и доктруини во велешката касарна вчера имаше и Отворен ден на кој беше претставено оружјето со кое располага КОД, а во посета беа и ученици од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес.

На денешната свеченост беше положено и цвеќе на бистата на патронот Алексо Демниевски-Бауман. На свеченоста со едноминутен молк на сите присутни беше оддадена почит на сите жртви од трагичниот настан во Кочани како и на сите загинати борци за слобода на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во стан

Една млада девојка купила стар училишен автобус и самата го претвори во стан, Никогаш претходно не користела ненаков алат, но создаде чудо.

Млада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во стан

Без никакво искуство со алат, Даниел сама уредила функционална мини-куќа на тркала во текот на три години.

Даниел од Њу Џерси немала никакво искуство со алат, но во текот на три години изградила дом на тркала со кујна, туш и соларен систем.

Преуредувањето ја чинело околу 26.000 евра. Десет квадратни метри можеби звучат скромно за дом, но за Даниел тој простор значи можност да живее онака како што сака.

Кога купувањето сопствен дом ѝ изгледало финансиски недостижно, дваесет и седумгодишната девојка од американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да истражи поинаков пат.

Го пронајде во еден стар жолт училишен автобус.

За приближно 4.600 евра, таа купила атобус „Шевролет експрес“ (Chevrolet Express) од 2007 година, со поминати околу 322.000 километри. Иако возилото веќе имало долг работен век зад себе, Даниел во него препозна простор што може да го приспособи на своите потреби.

- Го избрав автобусот бидејќи има повеќе простор од комбе, а и чини помалку. Освен тоа, можев да го уредам точно онака како што замислував – објаснува таа. Поминаа три години од купувањето до завршувањето на домот.

Таа е особено горда на фактот што пред тој проект немала никакво искуство со преправање и уредување, ниту пак, како што истакнува, некогаш држела алат во рацете.

И покрај тоа, околу 85 отсто од работата ја завршила сама. Кујна, бања и кревет на десет квадратни метри Даниел вложи околу 26.000 евра во реновирањето на автобусот.

Соларниот систем ја чинеше приближно 1.700 евра, изолацијата околу 800 евра, а фрижидерот го набави за околу 260 евра. Водоводните инсталации ги реши за приближно 350 евра.

На простор од само десет квадратни метри, таа смести кревет, кујна со индукциска плоча со две рингли, како и бања со туш и компостирачки тоалет. Во просторот има и кровен прозорец. Поранешното возило за превоз на ученици постепено ги доби сите основни елементи неопходни за секојдневниот живот.

Но, зад завршениот ентериер стојат месеци проучување и напорна физичка работа, а одредени моменти сериозно ја ставија на искушение нејзината упорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивната Никол повторно провоцира

Светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. 

Фото: Атрактивната Никол повторно провоцира

Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше.

Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет.

На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет.

Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго.

.. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

На дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.

Недопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓање

Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри.

Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море.

Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег.

Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата.

„Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој.

Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај.

Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште.

Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“.

Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство.

Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон.

Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани.

Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал.

Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување.

„Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер