Во Велес затворен 12. Меѓународен Салон на стрип - Канал 5

Во Велес затворен 12. Меѓународен Салон на стрип

Со слободни стрип разговори кои траеја викендов, доцна попладнево во Велес заврши програмата и со тоа е затворена работата на 12 от Меѓународен салон на Стрип „Велес 2014“.

Во Велес затворен 12. Меѓународен Салон на стрип


Во рамките на работата на Стрип Салонот се одржаа и повеќе интересни предавања на стрип теми за тоа „Како да се продаде стрип?“ за што свое предавање пред присутните стрип љубители одржа познатиот Ервин Рустемагиќ, кој 42 години е во стрипот и кој годинава ја доби високата награда, Признание за развој на стрипот во светот, а кој му го додели организаторот Стрип Центарот на Македонија со седиште во Велес.

Проф-др Бошко Караџов одржа предавање за „Стрипот во дигиталната ера:редефинирање и преосмислување“. А два дена во рамките на Стрип салонот се одржа и проектот NEW COMOC FRIENDSHIPS .

Најмладите љубители на стрипот од Велес воедно имаа убава можност да научат нешто повеќе за тајните на цртање на стрипот од познатите стрип автори кој работеа со нив во рамки на традиционалната работилницата.

- Целта беше да откриеме и потикнеме за цртање на стрип многи млади љубители на стрипот од градот,а во што веќе 12 години успеваме,а од чија рабоа во изминатите години веќе произлегоа и нови млади стрип автори на македонската стрип сцена, како иднина за македонскиот стрип, изјави Ване Трајков, раководител на Стрип Центарот на Македонија.

Трајков воедно го оцени како мошне успешно ова 12-то издание на Меѓународниот Салон на стрип „Велес 2014“ и најави дека и во идните години ќе се залага за уште поголем развој и афирмација на стрипот во Македонија, а за што голема подршка имаат и од надлежното Министерство за култура. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор.

Горан Диновски по повод Меѓународниот ден на операта: „Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето“

По повод Меѓународниот ден на операта, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објавува македонската аудио-порака на Горан Диновски - оперски пејач (лиричен тенор), едукатор и ментор, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта, духовноста и културата.

Во своето обраќање, Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува исконската човекова приказна за љубовта. Тој ја нагласува и одговорноста на оперските уметници да ја зачуваат живата врска со публиката, како најважен примател на ова уметничко наследство.

„Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае. Каков успех!“ - порачува Диновски.

Неговата порака е потсетник дека гласот, музичкиот театар и културата не се само уметнички изрази, туку и вредности што го поврзуваат човештвото и опстојуваат низ времето.

Со оваа објава, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA продолжува да ги промовира уметниците и нивните размислувања за значењето на изведувачките уметности денес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

Манасиевски: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и ликување по поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ, му посакуваме уште многу вакви резултати

СДС со Филипче дојде до стадиум да се радуваат и да го прикажуваат како успех резултатот дека се четврта партија на избори.

СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје.

На последните анкети кои излегоа во јавноста, само Филипче е претседател на партија кој има драстично понизок рејтинг од самата партија.

Дополнително, каде е Филипче да излезе во јавноста по историскиот успех што го направија во неделата? Каде се анкетите на Филипче кои велеше дека ќе ги обзнани во јавноста до крајот на минатата недела? Каде е Филипче, на јахта или на Харис Џиновиќ во Дубаи?

Без разлика што Филипче направи вакви историски успеси во СДС, ВМРО-ДПМНЕ апсолутно му дава поддршка на Венко Филипче и му посакуваме и натаму да нижи вакви одлични резултати како на последните предвремени локални избори.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

-Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, објави на својот профил првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев. Изграден нов потпорен ѕид во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“

Поради обрушување на делови од постојниот потпорен ѕид во дворот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново, Општина Кавадарци реализираше градежни активности за изградба на нов потпорен ѕид.

Со оваа интервенција се обезбедува поголема стабилност и безбедност на просторот, се спречува понатамошно обрушување и се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниот кадар и сите кои го користат училишниот двор.

Општина Кавадарци продолжува со континуирани вложувања во подобрување на училишната инфраструктура и создавање квалитетни и безбедни услови за образование во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер