КултураВо Велес свечено отворени 57-те Рацинови средбиНа сцената во амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес синоќа свечено беа отворени 57-те Рацинови средби. Средбите за отворени традиционално ги прогласи градоначалникот Аце Коцевски во својство на организатот на оваа меѓународна културна манифестација, кој потсети на големото значење на безвремениот Коста Солев Рацин и на неговата стихозбирка „Бели Мугри" издадена во ноември 1939 година во Самобор, Хрватска што е преведена на сите светски јазици. Традиционалната „Беседа за Рацин" годинава ја одржа проф д-р Васил Тоциновски, кој потенцира дека е познато егзистенцијалното правило, оти многу нешта во животот остануваат едни и единствени во најубавата смисла на зборот, недостижни. Тој заклучи дека таков си останал и втемелувачот на современата македонска литература Кочо Рацин меѓу неговите два брега и две стрмнини. -Рацин остана недофатлив со сите значења и димензии на неговите хоризонтали и вертикали. Нема друг таков пример во македонската практика каков што е Рациновиот кому му се посветени најдобри страници. Во тој фонд се неколку десетици монографски трудови чии потписници се бележити домашни и странски автори. Воедно и уште по десетици толку помножено неговата библиотека ја разубавуваат посебни зборници меѓу кои посебно место имаат оние од научните собири на традиционалните Рацинови средби. Неговиот лик го оживотвориле многу ликовни уметници кои притоа создале своевидна ликовна биографија за големиот човек, поет и револуционер кој зрачел и значел и низ моќните медиуми радиото, филмот и телевизијата. Најголем дел од неговите стихови станале подлога на бројни музички дела. Не само што е лектирен автор, туку како природно задолжение неговиот македонски народ наизуст ги знае неговите стихови и секојдневно се потсетува на нив ги гласноговори како утеха и помош, потенцира проф д-р Тоциновски за Рацин. Потоа се одржа и традиционалниот Поетски митинг на кој учество земаа македонски поети и гости од соседна Србија и Бугарија, а онлајн настап на видео бимот со свои стохови имаа поети од повеќе земји во светот како Италија, Јапонија, Аргентина, Индија и други. Вечерта беше збогатена со концерт на групата „Синтезис". Инаку, вчера 57-те Рацинови средби започнаа со Меѓународна конференција „75 години современ македонски јазик, азбука и правопис" а беа промовирани и „Зборниците од меѓународните научни конференции" во рамки на Рациновите средби. Попладнето, организаторите и учесниците положија букети свежо цвеќе на спомениците на Рацин, а беа засадени и дрвца во „Шумата на Рацин" кај Спомен костурницата од НОВ каде меѓу борците почива и Коста Солев Рацин. Програмата на 57-те Рацинови средби во Велес продолжува попладнево во 17:40 часот со традиционалната посета на Спомен куќата на Рацин во стариот дел на Велес. Таму ќе биде промовирана збирка поезија „Млади поети 2019, Слушни ја тишината" во издание на Агенцијата за млади и спорт, а промотори ќе бидат проф д-р Христо Петрески и проф д-р Кристина Николова. Свеченото затворање на 57-те Рацинови средби е вечерва во 19:00 часот во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" каде ќе се одржи „Рацин во фрагмент" во изведба на актери од велешкиот Народен театар. Потоа на видео бим ќе бидат претставени портретите на добитниците на Рациновото признание за 2020 – Томислав Османли и на Почесното Рациново признание – проф д-р Виктор Фридман од Чикаго САД и проф д-р Јоуко Сакари Линстед од Хелсинки Финска, по што ќе се додели Рациновото признание на Томислав Османли за неговата книга раскази „Парадоксион" во издание на ВиГ Зеница Скопје. Свеченоста ќе заврши со настап на Градскиот Камерен оркестар./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter