Во Велес се одржа Третиот градски турнир во пинг-понг - Канал 5

Во Велес се одржа Третиот градски турнир во пинг-понг

Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес денеска се одржа Третиот градски турнир во пинг-понг, на кој се натпреваруваа пинг понгари-рекреативци во две категории од 10 до 14 годишна возраст и над 14 годишна возраст.

Во Велес се одржа Третиот градски турнир во пинг-понг
Како што појасни Александар Табаков директор на ЈПССО Парк Спорт Велес, организатор на турнирот, се играло според правилата на Светската пинг-понг федерација во групи, а вториот дел имал елиминационен карактер.

- Целта на турнирот беше да се анимираат се’ поголемиот број пинг понгари- рекреативците од градот кои доаѓаат во спортската сала, а досега не се пријавиле за претходните наши турнири,потенцира Табаков.

На најдобрите им беа доделени признанија и награди. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители денеска ќе одржи седница на која своите кандидатури ќе ги претстават петте пријавени кандидати за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

Кандидатите според официјалната кандидатска листа, се Вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија раичевиќ,, како и обвинителите од ОЈО ГОКК – Искра Хаџи-Василева и Фатон азизи.

Изборот ќе се спроведе на 28 октомври во периодот од 8 до 16 часот со тајно и непосредно гласање на јавните обвинители. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче виде дека граѓаните не сакаат ново предавство, па сменил руво и стана партизан кој маршира по прилепските улици

​Претседателот на СДС, Венко Филипче долго време јавноста го гледа како се ставил во улога на бугарски амбасадор кој ги застапува бугарските позиции, на штета на македонските интереси.

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче виде дека граѓаните не сакаат ново предавство, па сменил руво и стана партизан кој маршира по прилепските улици

Арно ама, штом Филипче виде дека такво нешто не поминува кај граѓаните, дека народот не сака ново предавство по примерот на Зоран Заев, кој за да дојде на власт прифаќаше се и потпишуваше договори на бланко бели лист хартија, сменил тактика.

Венко Филипче, одлучил да смени руво и од бугарски амбасадор да стане партизан, па така пред некој ден зел и да маршира по прилепските улици, со одвај 300 поддржувачи.

Кое лицемерие од страна на Венко Филипче, од една страна, постојано ги промовира барањата и ставот на Румен Радев за внесување на Бугарите во Уставот, а од друга страна, учествува на марш посветен на борбата против фашистичките окупатори.

Затоа, јавно го прашуваме Филипче, против кого маршираше викендов, против бугарските фашистички окупатори или против бугарските администратори, како што со Заев ги нарекувале Бугарите за периодот на Втората светска војна.

А, токму тоа е и причина што мал број луѓе му се придружија на таканаречениот марш, што е доказ дека, освен луѓе на Заев, поголема маса на поддржувачи Филипче и не може да привлече.

Филипче е прочитан и од партиските членови и активисти на СДС и од граѓаните, тоа го покажуваат и последните истражувања на јавното мислење, каде Венко има рејтинг 3%, а партијата под негово раководство 5%.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакција на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ : На политичкото водство на државните институции им е неопходна шок терапија!

Не постои посилен аргумент од уште едно скандалозно бегство преку граница, како ова на Ива Михајлова, дека за иднината на Македонија времето е 12:05!                           

Реакција на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ : На политичкото водство на државните институции им е неопходна шок терапија!

Во последните 35 години од независноста до денес, на државните институции меѓу другите од правдата им “избегаа”, Драган Даравелски, Никола Груевски, Горан Грујовски, и Никола Бошковски од АНБ, Васко Ковачевски ЕСМ, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ обвинети за Монструм. Артан Груби и Прпарим Бајрами и се смееја на правдата покажувајќи дека можат да бегаат и да се враќаат кога сакаат. За сите овие скандалозни случаи никој не презема никаква институционална одговорност.

Затоа, додека Македонија ја славеше 85 годишнината од Денот на антифашистичките востанија во Прилеп и Куманово, бугарска државјанка инволвирана во сообраќајка со смртен исход, со одземени пасоши, преминувајќи ја слободно границата, го погази наследството што ни го оставија нашите предци кои ги дадоа животите борејќи се за Македонија да биде држава, а не “хотел промаја”.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива Михајлова, кое во Македонија ќе биде иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени?

Доколку Владата го демантира претходното, тогаш веднаш да признае и прогласи целосна институционална неспособност и да побара помош од меѓународни стратешки партнери, додека се уште не сме го загрозиле безвизниот режим со ЕУ и не сме го вклучиле алармот на НАТО Алијансата заради неодговорно управување со државните граници.

Министрите за внатрешни, надворешни работи и правда веднаш да поднесат неотповикливи оставки.

Конечно, ја повикуваме Европската Комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко политичко-државно ниво и да побара Ива Михајлова без одлагање да биде предадена на македонските правосудни органи. Во спротивно, заради ваквите настани, понижувања, режирање жртви на непостоечка дискриминација врз бугарски државјани, во Македонија расте внатрешниот притисок за отворање на прашањето за преиспитување на Договорот за добрососедски односи.

Сочувствуваме и го делиме срамот со граѓаните и целокупната јавност за тоа што и се случува на Македонија.

ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер