Во Велес промовирана изложбата „Коњи на слобода во Европа“ - Канал 5

Во Велес промовирана изложбата „Коњи на слобода во Европа“

Во организација на Франкофонскиот круг од Скопје и Општина Велес денеска во ООУ „Васил Главинов“ беше претставена изложбата фотографии „Коњи на слобода во Европа“.

Во Велес промовирана изложбата „Коњи на слобода во Европа“
На подвижната изложба во училиштето во Велес пред учениците и другите присутни беа претставени фотографии на диви коњи на слобода од Македнија, Долна Нормандија и Полска.

Горана Поп Георгиева од Франкофонскиот круг од Скопје информира дека целта на изложбата е младите да се запознаат со постоењето на дивите коњи на слобода, за нивното потекло, живеалиште и како тие да се зачуваат.

Изложбата е направена во соработка со Европската куќа од Каен во Долна Нормандија, Македонското научно друштво од Битола, организацијата Мезон Д’Естуар и гимназијата Пол Корни од Франција.

- Изложбата беше претставена во Нормандија на Светските коњанички игри, во Битола и во Охрид. По Велес ќе биде претставена во уште неколку градови, збратимени со градови од Долна Нормандија во Франција, истакна Поп Георгиева. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофални поплави во Шпанија- најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа во поројниот дожд и поплавите што ја погодија источна Шпанија.

Катастрофални поплави во Шпанија- најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Улиците во неколку градови се претворија во порои кои ги однесоа автомобилите, а на жителите на Валенсија и околните места властите им порачаа да останат дома и да избегнуваат патувања. Спасувачките служби ги евакуираат луѓето од поплавените куќи, вклучително и оние кои побарале засолниште на покривите.

Снимките објавени од Метеоролошката служба на Валенсија покажуваат поплавени улици и моќни порои кои носат возила во градовите во провинциите Валенсија и Аликанте.

„Не е можно безбедно да се патува, мора да се остане дома. Интензивните, континуирани дождови предизвикуваат големи поплави“, изјави Хуан Карлос Валдерама, шеф на цивилната заштита за регионот Валенсија.

Во некои области наврнаа над 500 литри дожд на метар квадратен

Според регионалните власти, повеќе од 500 литри дожд на метар квадратен наврнале од неделата навечер во некои делови на источна Шпанија.

Тоа одговара на количество од повеќе од 500 милиметри врнежи, поради што улиците и патиштата брзо се најдоа под вода.

„Од синоќа во некои области наврнаа повеќе од 500 литри на метар квадратен. Затоа ве молиме следете ги препораките, бидејќи многу луѓе се заробени“ и чекаат спасување, предупреди Валдерама.

Итните служби од раните утрински часови интервенираат во поплавените населби. Некои жители мораа да се качат на покривите на куќите за да го избегнат надојдената вода.

Најмалку две лица загинаа

Локалните власти потврдија еден смртен случај во Сагунто, град во регионот на Валенсија, во текот на ноќта од недела кон понеделник.

Уште едно лице загина во Каталонија, северно од Валенсија. Според локалните пожарникари, станува збор за жена која паднала во потокот.

Засега нема целосни податоци за бројот на повредени или за вкупната материјална штета.

Шпанскиот премиер: Ситуацијата е многу тешка

Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалната мрежа Х и ги повика жителите на погодените области да ги следат безбедносните упатства.

„Спасувачките операции се во тек во областите до кои е тешко пристапно. Се повикува јавноста да ги избегнува сите патувања“, напиша Санчез.

Тој ја опиша ситуацијата во регионот на Валенсија како многу тешка.

Локалните служби продолжуваат да ги спасуваат жителите кои се отсечени поради поплавените патишта и надојдените водни патишта.

Шпанија зад себе има рекордно топло лето

Источна Шпанија е особено изложена на обилни есенски врнежи, кога влажниот воздух над топлото Средоземно Море се среќава со поладни воздушни маси.

Потоплото море овозможува поголемо испарување, а атмосферата што содржи повеќе водена пареа може да произведе повеќе обилни врнежи.

Климатските промени го зголемуваат ризикот од вакви екстремни врнежи од дожд, иако влијанието врз поединечните бури мора да се истражи посебно.

Според шпанската метеоролошка служба, септември 2026 година бил најтопол досега на Пиринејскиот Полуостров. Шпанија претходно го забележа најтоплото лето во историјата на мерењата, од јуни до август.

Службите за вонредни состојби ја продолжуваат евакуацијата и бараат луѓе затрупани во поплавените подрачја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дејвид Бекам – кандидат за претседател на ФИФА?

Светската фудбалска ѕвезда, косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам би можел да биде кандидат за прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Дејвид Бекам – кандидат за претседател на ФИФА?

Актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино се кандидира за четврти мандат на чело на куќата на фудбалот.

Сепак, по неодамнешниот состанок на Советот на ФИФА, УЕФА и Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) сè повеќе бараат кандидат кој би презел иницијатива. Додека европските федерации бараат личност со меѓународен углед и влијание, во јавноста веќе се споменуваат неколку звучни имиња. Еден детал особено привлекува внимание: поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам би можел ненадејно да стане клучен фактор, пишува „Скај Спорт“.

Состанокот на Советот на ФИФА заврши незадоволително за противниците на Инфантино. Првиот човек на светската фудбалска куќа не понуди одговори на клучните прашања, но сепак, од целата ситуација повторно излезе како победник. Потребен е силен противкандидат, повеќе од кога било, за да се спречи неговиот реизбор.

Благодарение на неговото карактеристично маневрирање, претседателот на ФИФА уште еднаш се извлече од тешка ситуација. Тој се соочи со своите најжестоки критичари за првпат по контроверзниот план за продажба на телевизиските права за Светското првенство. УЕФА подготви цел пакет чувствителни и критички прашања, но не доби одговори – освен извинување од швајцарскиот функционер, кој призна дека имало пропусти во комуникацијата, додека истовремено продолжува да ја зацврстува својата моќ на врвот.

Следната година, Инфантино планира да ја одбрани својата позиција и да освои четврти мандат. УЕФА и нејзините сојузници од КОНКАКАФ се решени да го спречат тоа. Сепак, на рака му оди фактот што, освен притисокот од Европејците, во моментов нема никој друг што сериозно би можел да го загрози. Вистинска алтернатива сè уште нема на повидок, а крајниот рок за поднесување кандидатури истекува на 18 ноември.

„Нашата намера, се разбира, е на чело на ФИФА да видиме некој друг“, изјави претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, по состанокот во Цирих. „Тоа подразбира и предлагање противкандидат кој би донел толку потребен нов импулс.“

Во интервју за RTL и Sky Sport, Нојендорф остро ги критикуваше низата еднострани одлуки донесени од Инфантино, вклучително и неодамнешното воведување на таканаречената „Награда за мир“.

Од УЕФА, пак, по кризниот состанок во Берлин, порачаа: „На светскиот фудбал му е потребно ново раководство – почитувана личност која обединува, доаѓа од фудбалската заедница и поседува визија, лидерски способности, умешност за градење доверба меѓу конфедерациите, како и бескомпромисен став кога станува збор за реформите, интегритетот и независноста“. По овие пораки, во фудбалските кругови сè почесто се спомнува зборот „харизма“. Но, кој поседува доволно од неа за, всушност, да го засени Инфантино?

Неколку очигледни опции веќе отпаднаа: претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ја отфрли можноста за кандидатура, а Насер Ал-Келаифи од Катар, исто така, не е во игра.

Според медиумските извештаи, кандидатурата ја одбил и Виктор Монтаљани, челник на конфедерацијата за Северна и Централна Америка и Карибите, кој сака да остане на својата сегашна функција. Во британските медиуми одеднаш се појави името на Арсен Венгер.

Поранешниот менаџер на Арсенал, кој од 2019 година тесно соработува со Инфантино како директор во ФИФА, наводно бил предложен од неколку европски челници. Сепак, неговата кандидатура е крајно дискутабилна – Венгер добро ја познава моќта на Инфантино и е дел од неговиот најтесен круг, па затоа е прашање колку би бил веродостоен како симбол на „нов почеток“.

Медиуми како „Гардијан“ наведуваат дека предлозите како Венгер или Мишел Канг (милијардерка и инвеститорка во женскиот фудбал) веќе се одбиени. Исто така, се поставува прашањето од кој континент би требало да доаѓа кандидатот.

Сè на сè, Европа останува единствениот континент со доволно влијание за да понуди противкандидат.

Земајќи ги предвид утврдените критериуми, изборот природно се сведува на човек кој досега не бил официјално спомнуван: Дејвид Бекам.

Поранешниот англиски репрезентативец ја поседува глобалната препознатливост и репутација неопходни за оваа улога. Како некогашна ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но и како основач на Интер Мајами, Бекам ужива огромен углед ширум светот. Тој е исто така високо ценет во Азија, каде што од 2013 година делува како амбасадор на кинескиот фудбал.

Покрај тоа, Бекам јавно ја критикуваше ФИФА уште во 2015 година, нарекувајќи ги тогашните корупциски скандали „одвратни“. Како милијардер, тој нема потреба да ја користи функцијата за лично богатење, а располага и со доволно сопствени ресурси за финансирање на изборната кампања.

Тој е фудбалска легенда, успешен бизнисмен и исклучително добро поврзан на сите нивоа. Во фудбалските кулоари веќе се зборува дека Сер Дејвид Бекам – доколку добие официјална покана од европските федерации – би бил подготвен да го прифати предизвикот и да влезе во трката за челната позиција во светскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како Македонија да се приспособи на новите начини на војување?

Како Македонија да ги приспособи своите одбранбени и безбедносни институции на новите начини на војување и кои технологии треба да ги воведе за да одговори на современите закани?

Како Македонија да се приспособи на новите начини на војување?

Во време кога конфликтите во светот го менуваат начинот на водење војни, експертите предупредуваат дека набавката на современа технологија и употребата на вештачка интелигенција сами по себе не се гаранција за поголема безбедност. Потребни се институционални промени, стратегија и навремено приспособување на новите предизвици.

„На нас професионалците ни останува да видиме како, преку конфликтите што се случуваат, институциите на државата и оние што се поврзани со одбраната и безбедноста подобро да ги разберат промените и да дојдат до соодветен заклучок што треба институционално да се промени и која технологија да се воведе. Бидејќи внесувањето технологија не значи само по себе дека ќе бидеме многу подобри.“ изјави – Зоран Иванов, Професор.

Според началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Сашко Лафчиски, технолошкиот развој може да предизвика револуционерни промени на бојното поле, но човечкиот фактор и понатаму останува клучен.

„Ако имате развивање на импресивна технологија во одреден период, тогаш повеќе од извесно е дека ќе имате и револуција на воените полиња. И секогаш кога имате револуција на воените полиња, поттикната од технологијата, тогаш дефинитивно ќе имаме еволуција. Бидејќи технологијата сама не може да менаџира сè што нам ни е потребно за да имаме успех на бојните полиња.“ изјави – генерал-потполковник Сашко Лафчиски.

Овие прашања беа во фокусот на панел-дискусијата организирана од Институтот за национална историја во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“. Целта е преку размена на искуства меѓу воени претставници, дипломати и истражувачи да се согледаат новите закани и предизвиците пред Македонија и колективната одбрана на НАТО.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер