Во Велес отворена мултимедијална патувачка стрип изложба „Cаn for Balkans“ - Канал 5

Во Велес отворена мултимедијална патувачка стрип изложба „Cаn for Balkans“

По презентирањето во Романија, Албанија, Белгија и Србија, синоќа во Ликовниот салон во Велес е отворена мултимедијалната патувачка стрип изложба „Can for Balkans“.

Во Велес отворена мултимедијална патувачка стрип изложба „Cаn for Balkans“

Со тоа Велес до 27 март до кога е отворена изложбата, како единствен град во земјава каде е претставена ќе биде и е центар на стрип културата во земјава.

Во Велес вчера на дебати, разговори и промоции на стрип публикации, како и на свеченото отворање присуствуваа голем стрип уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори кои го изучуваат стрипот и љубители и читателска публика на стрипот од земјава, како и гости од Србија, Романија, Албанија и Белгија. Настанот го организирана Стрип центар на Македонија-Велес како партнер во проектот CAN for Balkans, кофинансиран од Европската Унија преку програмата „Креативна Европа“, со поддршка од Општина Велес и ЛУ Народен музеј - Велес.

На изложбата има 70 стрип автори од Романија, Србија, Албанија и Белгија, БиХ, Украина, Бугарија и Кина, информира за МИА, Томе Трајков од СЦМ-Велес, које и член на жири комисијата на проектот.

Освен на паноа, во специјално во ѕвездички симболите на ЕУ се поставени и таблети на кои секој посетител може да ги проследи најнови стрипови во рамки на проектот. Интересно е што изложбата е во знак на црвената петокрака а секој крак претставува една земја која е претставена, а во средината има тунел каде е претставен периодот за време на Николае Чаушеску во Романија и потоа каде се вртат видео бимови со настани и стрипови од тој период.

Изложбата „CAN for Balkans”, како што информира за МИА Трајков, е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата”.

На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот.

Изложбата беше отворена во октомври во Брашов Романија, во Тирана во декември, во Брисел за време на новогодишните празници и на почетокот на годината во најважниот светски музеј за стрип во Брисел, а во февруари годинава во Културниот центар во Лесковац, Србија.

Николае Пепене од Брашнов, Романија кој е координатор на изложбата, појасни дека изложбата „Can for Balkans“ е мрежа на стрипови на Балканот, а во изминатите две години преку оваа мрежа успеале да ги направат првите истражувачки проекти за историските стрипови на Балканот и отвориле онлајн платформа.

Го создавале првиот меѓународен повик за оригинални стрипови за Балканот низ историјата и ја создавале најважната патувачка европска изложба посветена на историските стрипови.Тој истакна дека тое е мислењето на медиумите во Србија, Романија и останатите земји, а се надева дека такво ќе биде мислењето и на медиумите во земјава.

-Покажавме дека можеме дека е возможно.Покажавме што значи што е Can или Може Балканот Може, а тоа е креативност, сложување, пријателство, натпреварување, напредок. За овие резултати сакам да се заблагодарам на сите мои колеги со кои работевме заедно, потенцираше координаторот Пепене.

Тој рече дека концептот на оваа изложба е ѕвездата симбол на она што е обележано во сите историски стрипови на Балканот од комунистичкиот период до денес.

-Големата црвената ѕвезда на историјата на стриповите од Балканот во период помеѓу 1989 до 1990 година со синиот Тунел на клишеата и стереотипите од романскиот историски стрип. Малите ѕвезди се историјата од знамето на Европската Унија и тие вклучуваат таблети со новите дела од нашиот проект кои се посветени на историјата на Балканот, сето тоа бидејќи овој проект е финансиран под знамето на ЕУ, потенцира координаторот Пепене.

Пред изложбата во Локалната библиотека „Гоце Делчев се одржи презентација на македонски историски стрип од Александар Стеванов. Разговор со Бошко Караџов автор на книгата „Естетика на стрипот“, а имаше и промоција на книгата „Стрип и моќ-Хероите и суперхероите како геололитичка алатка“ која ја публикува италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри.

На крајот имаше и дебата „Can for Balkans“ Балканот во историјата низ призмата на пропаганда, клишеа и стереотипи во која се вклучија сите учесници и гости.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

На 12.10.2026 во периодот од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на примопредавањето на базенот кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош, кој Општина Карпош го предаде на користење на Националната пливачка федерација (НПФ).

Базенот во Карпош предаден на користење на Националната пливачка федерација – нов чекор за развој на пливањето

Станува збор за објект кој започна да се гради од поранешната Агенција за млади и спорт, но беше оставен недовршен. Со поддршка од Владата, Министерството за спорт обезбеди средства за негово доизградба, а во јуни годинава новиот објект беше предаден на владение на Општина Карпош.

Со предавањето на базенот на НПФ се прави значаен исчекор кон воспоставување нов модел на управување со спортската инфраструктура во кој националните спортски федерации ќе имаат активна улога во управувањето со спортските објекти, со цел нивно поефикасно користење и создавање подобри услови за развој на спортот.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека пливањето е меѓу приоритетите на Министерството и Владата, нагласувајќи дека соработката со локалната самоуправа и Пливачката федерација е важна за враќање на овој спорт на местото што го заслужува.

„Министерството за спорт, во соработка со Општина Карпош и со претседателот на , оди чекор понатаму, со цел пливањето да го вратиме онаму каде што заслужува – да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт.

Во таа насока е и овој чекор, со кој за првпат Националната пливачка федерација ќе стопанисува со базени. За почеток, станува збор за два базена. И за другите базени, кога ќе ги довршиме, ќе најдеме соодветен договор со градоначалниците за и тие да ѝ бидат предадени на НПФ. Федерацијата ќе добие и финансиска поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за да може правилно да стопанисува со овие објекти и тие да бидат максимално искористени за развој на пливањето.

Нашата заложба е спортските објекти што ги гради државата да бидат стопанисувани од националните федерации кои имаат квалитет и капацитет тоа успешно да го реализираат“ - истакна министерот Ристовски.

Министерството за спорт, со поддршка од Владата и во соработка со општините и националните спортски федерации, продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и со создавање услови за поголема искористеност на спортските објекти, развој и унапредување на спортот во Македонија.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра.

„Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски.

Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови.

Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар.

Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер