Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
2Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
3ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
КултураВо Велес отворена изложба на дела од Кичевската Ликовна Колонија 2014Во рамки на манифестацијата „Велес –Град на културата 2015“ синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на дела од 21.Интерационална Кичевска Ликовна Колонија 2014.Од вкупно над 80 дела на изложбата во Велес се претставени 27 дела од 27 уметници од 15 држави меѓу кои од Малезија, Судан, Германија, Казахстан, Русија, Украина, Бугарија и други земји. Како што појасни промоторот на изложбата Елица Николова, директор на Народниот музеј од Велес, делата се изработени во различни техники и стилови, масло на платно, акрил на платно, комбинирани техники и скулптури од метал, кои поради големината не можат да бидат изложени,а се наоѓаат во паркот на Куќата на уметноста кај кичевското село Кнежино каде што творат учесниците на колонијата секој јули. - Уметноста во секој случај делува како обединувач,ја гради целината,ги надополнува етничките, географските, временските разлики, ги обединува меѓучовечките односи. Преку разликите уметникот ја осознава својата природа трагајќи по оригинален и автентичен израз,кој во мноштвото на слики е препознатлив, потенцира Николова. Изложбата од колонијата ја отвори еден од нејзините организатори и раководители Горан Донески. - Оваа колонија има за цел да го стимулира, поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби.Преку своите облици на интернационално комуницирање придонесува за зближување на уметниицте од целиот свет,преку изложби публикации,научни собири, а врши и популаризација на современата ликовна уметност.Воедно ја презенетра и Македонија и нејзината уметност и култура преку учеството на неа на бројни ликовни уметници од светот, рече Донески. На Интернационалната Кичевска Ликовна Колонија за 21 година се создадени над илјади слики и скулптури. Како што информира Донески, дела од колонијата од 2014 година досега биле претставени во Кичево, Скопје и Каварадрци, а по Велес и во Прилеп,Битола,Охрид,Куманово, а прват планираат да биде изложена и во странство, во Софија, Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаВо недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“ Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа. Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК. На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес. Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми. Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.Тагови: Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар. Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта. „Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова. Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот. „Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалМанчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот. Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година. Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20