КултураВо Велес одржан прв Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“ 2024Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес и Општина Велес, вчера во Велес прв пат се одржа Меѓународниот фестивал на сатирата „Џинот“ 2024.Како што информира денеска од Локалната библиотеа „Гоце Делчев“, во рамки на фестивалот е промовирана книгата на авторите Елеонора Николовска, Атанас Крлевски, Марјан Анѓеловски и Марија Ранѓеловиќ, „404 секојдневизми“, а се доделени наградите на распишаниот меѓународен конкурс на афоризми на тема „Живот“. Првата награда на меѓународниот конкурс на афоризми на тема „Живот“, ја доби Славица Урумова – Марковска, втората награда Абдурахман Халиловиќ Ахил од Риека, Хрватска, а третата Нада Караџиќ од Белград, Србија. Наградата за најдобар афоризам му припадна на Јане Атанасов од Кочани, а специјалната награда за етно афоризам на Костадинка Витанова од Струмица Како што информира проф д-р Елизабета Бандиловска промотор на книгата, „404 секојдневизми“ е збирка на афоризми која успева да ја долови суштината на животот преку кратки но длабоко осмислени афоризми. -Се истакнува со својата разновидност, бидејќи е создадена од четири автори, со различни животни искуства. А тоа ја прави книгата витинско богатство, од мали мудрости и необични изблици на хумор, потенцира проф д-р Бандиловска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Пожарот во Белгија се шири кон ГерманијаГолемиот пожар што беснее во областа Хај Фенс (High Fens) и во природниот резерват Хај Свомп (High Swamp) во источниот дел на Белгија се наоѓа на само три километри од германската граница.Ситуацијата во пограничниот град Моншау, во западна Германија, беше напната во текот на изминатата ноќ, а на жителите од некои делови на градот им беше препорачано да се подготват за напуштање на своите домови, пренесува „Блид“. BELGIUM’S GREEN FIELDS SWALLOWED by MASSIVE WALL of FIRE as WILDFIRE RAGES pic.twitter.com/RQIZL57ps3 — RTVisual (@RT_Visual_on_X) August 15, 2026 „Не може да се исклучат ризиците по здравјето предизвикани од чадот од пожарот. На жителите на Платевен, Лејлох и Калтерхерберг, западно од Месевего, им се препорачува да ги напуштат овие подрачја до 10 часот наутро и да престојуваат кај роднини и пријатели“, се наведува во соопштението на локалните власти. ⚡🇧🇪 FLASH | BELGIQUE : l’un des pires incendies de son histoire ravage les Hautes Fagnes. Plus de 2 700 hectares brûlés, environ 600 personnes évacuées. Le feu n’est toujours pas maîtrisé. (AFP) pic.twitter.com/1mWv2wULVB — AlertesNewsFR (@AlertesNewsFR24) August 16, 2026 Потврдено е дека градските власти на Моншау ќе отворат прифатилиште во општествениот центар во Имгенбројх, почнувајќи од 7 часот наутро, за сите оние што не можат самостојно да најдат алтернативно сместување. Après la Grande-Bretagne, c’est au tour de la Belgique d’être confrontée à l’un des pires feux de son histoire. Des sols arides, une végétation très sèche et des flammes qui se propagent à une vitesse impressionnante. #JT20H pic.twitter.com/u2KrVfUCIH — Le20h-France Télévisions (@le20hfrancetele) August 16, 2026 Екипите за итни интервенции во Моншау не очекуваат огнот наскоро да се прошири на германска територија, но потврдуваат дека се во состојба на подготвеност. „Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе продолжиме континуирано да ја следиме и проценуваме состојбата, а по потреба ќе ангажираме и дополнителни противпожарни сили“, изјави Филип Кригер, командант на противпожарната служба во Моншау. Од белгиска страна, евакуацијата на градовите Кихелшајд и Лејкауљ веќе е започната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМО: Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата Почесна артилериска стрелба по повод Денот на АрмијатаМинистерството за одбрана ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата. Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
ЖивотВидео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авионНеверојатна сообраќајна несреќа во Италија. Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A). Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото. https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook