3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураВо Велес македонска премиера на „Блесок“ на Скопје танцов театар На големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа се одигра македонска премиера на претставата „Блесок“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Валентино Апостоловски, Андријана Андреева и гостинот од Италија Антонело Тудиско.Во еден здив со брзо темпо на сцена беше одиграна современа танцова претстава со прекрасна различна музика, а во три дела: „Кој и да е..“ за човекот и стравот, „170 степени“ за човекот кој се обидува да го најде своето место „под небото“ и „Chiaroscuro“ за човекот - уметник. во кореографија на Валентино Апостоловски, Андријана Андреева и гостинот од Италија, Антонело Тудиско. Во „Блесок“ настапија и добија долг и силен аплауз од велешката публика: Валентино Апостоловски, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Симона Спировска, Андријана Андреева, Александра Петрушевска, Анастасија Данчевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски и Тринга Хуса. По премиерата во изјавата за МИА Рисима Рисимкин уметнички директор на Скопје Танцов Театар, изјави дека е презадоволна од настапот посебно од реакциите на публиката, која со одушевување зборувала за претставата. - Воедно во еден дел од претставата своја прва кореографија и деби имаше една од нашите танчерки сега веќе и кореограф Андријана Андреева, а која покажа една голема зрелост во нејзината прва кореографија,потенцира Рисимкин. Рисима оцени дека со оваа танцова претстава воедно завршуваат уште една од нивните успешни години и секогаш се трудат да бидат што подобри. Андријана Андреева танчер и кореограф, изјави дека е презадоволна од претставата посебно од танчерите. - Тие ги следеа моите инструкции и целосно се посветија на мојата идеја преточена во игра. Најбитен ми беше процесот за тоа како ќе го изработиме делото бидејќи се работи за страв, а сите ние го имаме во себе тоа природно чувство. Им велев да се водат по својот сопствен страв за да можат да го искажат тоа на сцена и сега сум презадоволна како сето тоа го изведоа на сцената, потенцира Андреева. Кореографот Антонело Тудиско од Италија, вели дека е многу задоволен од првиот впечаток во изведбата на претставата пред публиката. - Играта со една група танчери е еден вид на процес, а кој јас веќе успешно го започнав и планирам да го продолжам и со други успешни кореографии со танчерите од Скопје Танцов Тетар, најави Антонело Тудиско. Рисима Рисимкин најави дека по Велес, оваа танцова претстава „Блесок“ ќе биде изведена во Скопје, а идната година планираат и гостување во Италија и Германија. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИсламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења. „Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34