Во Велес ќе се одржат 51. Детски Рацинови средби - Канал 5

Во Велес ќе се одржат 51. Детски Рацинови средби

Свеченото отворање на манифестацијата  51. Детски Рацинови средби посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес е  денеска во 12:30 часот во салата „Бели мугри" при Градската библиотека.

Во Велес ќе се одржат 51. Детски Рацинови средби

Свеченото отворање на манифестацијата 51. Детски Рацинови средби посветени на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес е денеска во 12:30 часот во салата „Бели мугри" при Градската библиотека, каде ќе бидат врачени наградите на најдобрите ученици по распишаниот литературен и ликовен конкурс „Рацин, денес, вчера утре", а ќе се одржи и културно уметничка програма.

Програмата ќе започне претладнево во медиотеката на Градската библиотека со Поетска работилница и доделување пофалници на учесниците, а во исто време во Ликовниот салон учениците ќе изработуваат постер на тема „Рацин, денес, вчера, утре", а ќе им бидат доделени и пофалници.

Потоа учесниците-ученици од голем број основни и средни училишта од повеќе градови од земјава, ќе му се поклонат на големиот Рацин на двата споменика, во центарот на градот и пред гимназијата која го носи неговото име.

Програмата ќе продолжи во ООУ „Блаже Конески" со „Поетско перо низ страниците на детските списанија".

Веднаш потоа во „Сокачето на поезијата" пред Спомен куќата на Рацин ќе се одржи Поетско читање на наградените творби.

Во тие рамки внатре во неговата Спомен куќа, учесниците на средбите ќе ја посетат и ликовната изложба и грнчарската работилница.

Тие ќе можат да се запознаат и со грнчарското колце на кое стомни и други грнчарии правел и поетот кој бил и грнчар според традицијата на неговото семејство Солеви кои биле познати грнчари во градот.

Детските Рацинови средби ги организираат Клубот на писатели „Коста Солев Рацин" и Општина Велес,а во рамките на програмата за одбележување на 9-ти Ноември Денот на ослободување на Велес.

Детските Рацинови средби во Велес ќе продолжат утре – среда со „Поетски караван" со учество на познати македонски писатели за деца со читање своја поезија низ велешките основни и средни училишта, интернатот и детската градинка.

Средбите ќе завршат со промоција на публикацијата „Кочо Рацин-живот и дело" од авторите Павлина Василева и Марин Клифов што е закажана во Спомен куќата на Рацин, а за што ќе говори Васил Тоциновски.

Инаку, Коста Солев Рацин со својата стихозбрика „Бели Мугри" отпечатена во 1939 година во Самобор Хрватска е најпреведува македонски автор на сите светски јазици. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Во повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Употребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“

Брзото ширење на пожарот во Пулс е директна последица на изборот на несоодветни  материјали за градба.

Употребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“

Брзото ширење на пожарот во Пулс е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба – одговори судскиот градежен вештак и професор на Градежниот факултет– Горан Марковски на денешните вкрстени прашања од одбраната на сопственикот на објектот во кој функционирала дискотеката Пулс – Гроздан Милковски. Според адвокатка на Милковски, во договорот за закуп на објектот постои член кој вели дека потребните документи за извршување дејност ќе ги обезбеди закупецот, меѓутоа повикувајќи се на Законот за градење, Марковски одговори дека барање за пренамена на објект треба да поднесе сопственикот на објектот или негово ополномоштено лице.

Адвокатка на одбраната: Дали ќе се согласите дека во списите на предметот нема ниту еден доказ дека сопственикот на објектот презел какви било дејства што може да се поврзат со причините за последиците од пожарот?

Вешто лице: Делумно. Ќе наведам еден факт што може да се поврзе со пренамената, а се работи за превземени дејствија од сопственикот, а тоа е изведба на потпорна платформа на дел од објектот, што има одредена поврзаност.

На прашањата упатени кон Марковски - дали ќе се согласи дека предметниот објект не бил граден за дискотека, дека неговата состојба на денот на издавање не е причина за последиците за настанување на пожарот како и дека не постои доказ оти Дејан Јовановски – Деко го известил Милковски за направените реконструкции во објектот, Марковски одговори потврдно.

Ожалостените родители го оценија денешното вкрстено испрашување на вештаците за како што велат, проверка на тоа колку долго можат родителите да издржат бескрајно повторување на прашања без суштина.

-Од денешното рочиште едно станува се поочигледно – суштинските прашања како да се најтешки за поставување. Наместо вкрстено испрашување со јасни и прецизни прашања, што навистина ќе ги проверат или оспорат наодите на вештаците, слушаме долги серии прашања, повторување и враќање на веќе кажаното. // Ако има што да се побие во вештачењето, повелете со факти, документи и конкретни прашања, но ако нема што суштински да се оспори, одолжувањето на рочиштето нема магично да создаде аргументи. - Александар Наунов – родител на Надица Наунова

Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица, треба да заврши изведувањето докази од страна на Обвинителството по што со изведување докази треба да започне одбраната.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За да се отворат дел од официјалните-веб страни на општините, треба да се знае албанскиот облик на името

Не е во пребарувачот, туку во адресата – за да се отворат дел од официјалните-веб страници на македонските општини, треба да се знае албанскиот облик на името.

За да се отворат дел од официјалните-веб страни на општините, треба да се знае албанскиот облик на името

Gostivar.gov.mk на пребарувачот не му значи ништо – не постои, но со gostivari.gov.mk ве води веднаш на страницата. По тој пример е и Дебар, кој треба да се напише како дибра, а меѓудругите се и Арачиново, Липково и Желино...

Министерот за дигитална трансформација – Андоновски за Канал 5 појаснува дека правилата на МАРНЕТ, кој ги дава домените, не бараат задолжително доменот да биде идентитечен со официјалниот назив на општината, што според него треба да се промени и секоја општина да има усогласен домен според стандардниот македонски јазик. Оттаму додава и дека проектот на Владата за изработка на беб страници за општините се реализира исклучиво со домени на макеоднски јазик. А смета дека МАРНЕТ треба дополнително да го регулира ова прашање.

-Доменот .gov.mk не е обичен комерцијален домен – за граѓаните тој претставува официјален дигитален индентитет на една јавна институција. Затоа е логично примарниот домен на институцијата да биде јасен, недвосмислен и усогласен со нејзиниот официјален назив и македонскиот јазик како службен јазик на територијата на Репулбика Македонија. МАРНЕТ во таа смисла треба да размисли за конкретно регулирање на ова прашање. - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација

Од МАРНЕТ пак за Канал 5 велат дека тие го дефинираат само техничкиот дел, а дека во моментов називот на општините на веб-страниците се во раце на свесноста на оние кои ги водат. Се што треба да направат е да направат уште еден домен по примерот на О. Тетово, на чија страница може да се влезе со двата називи на градот – вели директорот на МАРНЕТ Бидиков.

-Правилникот на МАРНЕТ, како институција одговорна за домените исклучиво ги опфаќа правата и условите за регистрација во овие технички форми, не можеме ние да ставаме правила како би гласело она што потенцијалната општина, физичко, правно лице или друга владина институција како би сакале да биде пред она што е дефинирано во правилникот како име на доменот. Сепак станува збор за процес на свесност, едукација и потреба да се достават информациите до своите граѓани. Во конкретниот случај треба да се опфатат сите називи, односно сите начини на читање на соодветниот назив на општината. - Владислав Бидиков – Директор на МАРНЕТ

Во однос на тоа дека во моментов нема соодветни стандарди покажува тоа што и дел од државните институции поради маркетинг-причини користат имиња кои често можат да го доведат во забуна оној кој пребарува, како што се finance.gov.mk, centar.gov.mk како и нбрм.мк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер