Во вечерашното издание на Бекстејџ ќе ја видите Елена Ристеска во едно поинакво издание

Елена Ристеска во едно поинакво издание во вечерашното, ново издание на Бекстејџ.

Елена Ристеска е еден од најдобрите и најквалитетни вокали кај нас. На домашната музичка сцена постои повеќе од 16 години, една од ретките пејачки е која успешно гради кариера и во соседна Србија, а освен што плени со неверојатна харизма и енергија, Елена исто така е и голем професионалец па поради тоа и со години е стационирана онаму каде и што припага, а тоа е врвот! Во нејзината професионалност на дело се увервивме и ние! Имавме можност да поминеме заедно со неа 24 часа и да видиме како изгледа кога се буди наутро, какви се нејзините дневни рутини, подготовки за настап, како го минува денот, што најчесто прави пред да заспие и слично.

Предизвикот Ристеска го прифати од прва и заеднички тргнавме на пат во Битола каде што имаше закажан концерт.

Утрото ни почна вака.. Со појадок во кревет за кој што се погриживме ние, а таа воодушевено не прими во својата хотелска соба и накусо ни раскажа што прави кога ќе стане од спиење...

После појадокот веднаш се упативме на проба, каде што беа дел и од нејзините колеги музичари со кои што веднаш можевме да забележиме дека има исклучително близок однос и е омилена мегу нив.

А од проба за неполни 60 минути се преселивме на сцена. Елена успеа за рекордно време да се спреми и да блесне во полн сјај во преполната сала во Домот на културата во Битола.

Откако заврши со настап се упативме и на пијачка, во опуштена атмосфера, во друштво на неколку нејзини пријатели. Не изненади нејзината непосредност, опуштеност, смисла за хумор, скромност...

И дојде време и за спиење... А Елена повторно беше фина и не прими во својата соба за да видиме како изгледа и тоа.

Мораме да признаеме дека ова едно деноноќие кое што го поминавме со Елена беше поприлично диманично. Впрочем таков е и нејзиниот живот. Она што мораме да го потенцираме е фактот дека за овие 24 часа колку што бевме со неа насмевката не ја тргна од своето лице. Елена ти благодариме што прифати да бидеш дел од овој несекојдневен експеримент. Чекаме покана за следна дружба!

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер