Во Унгарија успешно породена мозочно мртва жена

Универзитетската болница во Унгарија денеска соопшти дека лекарите предвреме, но успешно породиле жена која мозочно била мртва, а која во период од три месеци по вештачки пат ја одржувале во живот.

Здравото бебе, тешко 1,4 килограми, на свет дошло со царски рез ова лето, во 27 недела од бременоста на мајката, која доживеала мозочен удар кога била во 15 недела од бременоста.

„Детето е здраво и нормално се развива“, соопштуваат од Универзитетската клиника, не објавувајќи повеќе податоци за точната дата на раѓање на бебето.

Некои од органите на мајката, срцето, црниот дроб, бубрезите и панкреасот биле донирани во корист на четворица приматели два дена по породувањето, се додава во соопштението.

Роднините на бебето не сакале да се појават во јавност, а според законите во Унгарија, идентитетот на донорот и на примателот на орган е заштитен.

Авион на ООН со 20 тони медицински материјал, пристигна во Бејрут

Авион со 20 тони медицинска помош на ООН пристигна во Бејрут.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека медицинската нега ќе биде дистрибуирана и во други болници во Либан кои добиле пациенти од Бејрут, бидејќи три болници во градот веќе не се функционални, а две се делумно оштетени од експлозијата.

„Легендарната отпорност на либанскиот народ ретко била на толку сериозен тест“, се вели во соопштението на Светската здравствена организација, истакнувајќи дека катастрофалната несреќа во вторникот се надоврза на немирите во земјата, економската криза, пандемијата на коронавирус и приемот на скоро 900.000 сириски бегалци.

Поради корона кризата , Тојота забележа рекорден пад на продажбата

Јапонскиот производител на автомобили Тојота објави дека продал за половина помалку возила во првиот фискален квартал поради пандемијата на коронавирус, предвидувајќи враќање на пазарот на автомобили на ниво пред пандемија до средината на 2021.

Во периодот од април до јуни, нето добивката на Тојота била 158,8 милијарди јени (1,27 милијарди евра), за три четвртини пониска од истиот период лани.

Оперативната добивка била само 13,9 милијарди јени, што претставува намалување од 740,6 милијарди јени забележано во истиот период минатата година.

Приходите потонале за 40,4 проценти на 4600 милијарди јени.

Компанијата продала за половина помалку возила во првиот фискален квартал како во истиот период лани, вкупно 1,15 милиони.

Глобалниот пазар на автомобили треба постепено да се опоравува и да се врати на нивото пред пандемија до крајот на оваа година и во првата половина на 2021 година, предвидува Тојота.

Сепак, тие потенцираат дека „последиците од ковид-19 се обемни, значајни и сериозни“, додавајќи дека периодот на слабост сè уште не е завршен.

Во фискалната година што завршува во март следната година, Тојота очекува 64,1% помала нето добивка од 730 милијарди јени.

Невеста среде снимање се спасува од експлозијата во Бејрут (ВИДЕО)

Фотографот ја снимал невестата на денот на нејзината венчавка во моментот на ужасната експлозија во Бејрут , во која загинаа над 135 луѓе , а илјадници се повредени.

На почетокот на видеото, се гледа насмеаната невеста како позира на живописниот плоштад. Но, тогаш снимањето наеднаш беше прекинато од силниот шок-бран од експлозијата што ги разниша прозорците на куќите и продавниците, а луѓето почнаа да бегаат во паника и да бараат место каде би можеле да се скријат.

Фотографот Махмуд Накиб изјави дека ја слушнал првата експлозија, но дека не бил премногу загрижен затоа што звучело како да се случило многу далеку. Затоа, тој продолжил да ја снима невестата Исра Себлани сè додека градот не бил погоден од втората експлозија, пишува Си-Ен-Ен.

Жителите на Бејрут се бесни на владата за, како што велат, небрежноста што била главната причина за експлозијата.

Претседателот Мишел Аун рече дека експлозијата била предизвикана од 2.750 тони амониум нитрат, кои биле несоодветно складирани во магацин во пристаништето.

Многу граѓани ги обвинија властите за корупција, занемарување и лошо управување со магацинот.

притисни ентер