Една од најсиромашните земји во Европа, Украина заостанува зад соседите во обезбедувањето вакцини за своите 41 милион жители. Тие побарале од Европската унија да им помогне откако ја одбија руската вакцина Спутник V.
"Ќе започнеме со вакцинирање што е можно поскоро. Мораме заедно да се бориме против ковид", објави на твитер претседателот Володимир Зеленски.
Бројот на лица заразени со коронавирус повторно започнал да се зголемува по затишјето за време на строгиот карантин на почетокот на годината.
Владата отворила мобилни болници на западот на земјата поради нагло зголемување на бројот на заразени во регионот Ивано-Франкивск.
Украина пријавила повеќе од 1,3 милиони заразени и 25.309 смртни случаи.
„Сега итно ја ослободуваме пратката преку царина и вакцината веднаш ќе биде испратена во регионите“, објави министерот за здравство Максим Степанов на Фејсбук.
Украина планирала да започне масовна вакцинација кон средината на февруари благодарение на глобалната програма COVAX, но тоа е одложено поради доцнењето при доставата.
Вакцината што пристигнала во земјата е произведена во Институтот за серум во Индија, најголемиот светски производител на вакцини. Украина ја одобрила оваа недела.
Украина се согласила да купи 17 милиони дози вакцина од Индија, вклучувајќи 15 милиони дози на вакцината од „Новавакс“.