Во Турција уапсени 153 лица во антитерористичка операција - Канал 5

Во Турција уапсени 153 лица во антитерористичка операција

Во осум турски провинции синоќа се спроведе антитерористичка операција, при што 153 осомничени лица се приведени поради нивна вмешаност со „Исламска држава“, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот Фејсбук профил.

Во Турција уапсени 153 лица во антитерористичка операција

Операциите се спроведени во градовите Адана, Анталија, Ајдин, Бурса, Чанкири, Чорум, Ескишехир, Газиантеп, Хатај, Истанбул, Измир, Кахраманмараш, Кастамону, Киршехир, Коџаели, Ќутахја, Маниса, Мардин, Мерсин, Мугла, Невшехир, Османије, Сакарја, Самсун, Шанлиурфа, Текирдаг, Јалова и Зонгулдак.

Приведените се осомничени за членство во терористичката организација, финансирање терористички активности и водење кампања на социјалните медиуми во корист на терористичката организација.

Во својата објава, министерот за внатрешни работи им се заблагодари на гувернерите, обвинителите и жандармеријата за координацијата и спроведувањето на операцијата.

-Нашата борба против тероризмот не е ограничена само на операциите на нашите безбедносни служби на терен. Таа опфаќа многу аспекти на државно ниво, како што се безбедноста, разузнавањето, комуникацијата и меѓународната соработка, рече Али Јерликаја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите.

Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.

Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид.

Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар.

Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг.

Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема.

На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди.

Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај.

Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години.

Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години.

Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години.

Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.

Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом.

Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер