СветВо Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан БајрамТурскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, објави дека 14.372 лица побарале медицинска помош поради повреди здобиени за време на жртвувањето животни во првиот ден од Курбан Бајрам.Според министерот Мемишоглу, кој ги објави бројките на социјалните мрежи, пријави за повреди се регистрирани во секоја од 81-те покраини во Турција. Најголем број случаи е пријавен во Анкара - 1.049 повредени, Истанбул - 753, Коња - 655, Газиантеп - 634 и Маниса - 572. Министерот апелираше до граѓаните на Курбан Бајрам да ги остават жртвувањата животни на професионалци, нагласувајќи ја важноста од следење на безбедносните упатства за спречување повреди. Тагови: жртвување Курбан Бајрам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифтНеколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот. Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово. ‼️ Explosion sur la place De Brouckère, les infos que j’ai eu sur place et via les médias … #explosion #incendie #bruxelles #Debrouckère #Incident pic.twitter.com/qaYLaL9hQA — Yusuf Yildiz (@yyildiz1030) July 14, 2026 Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор. Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.Тагови: Брисел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПадна Владата на УкраинаУкраинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ. Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата. Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент. „Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент. Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции. На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина. Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули. Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата. Фото: ВИТагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат. Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа. Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година? Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие. Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55