Во третиот квартал на 2020 година од интернет отстранети 1,3 милијарди лажни профили - Канал 5

Во третиот квартал на 2020 година од интернет отстранети 1,3 милијарди лажни профили

Програма на фејсбук содржи соработка со независни проверувачи на факти од трети страни кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на информациите и изјавите. 

Во третиот квартал на 2020 година од интернет отстранети 1,3 милијарди лажни профили

Независна добротворна организација за проверка на факти од Велика Британија, Фул Факт (Full Fact), која е партнер за проверка на фактите генерирани од трета страна на Фејсбук, изврши истражување за главните предизвици со кои се соочуваат проверувачите на факти ширум светот при онлајн пронаоѓање и проверка.

Извештајот што го објави Фул Факт, насловен „Предизвиците на проверка на факти онлајн: Како технологијата може (и не може) да помогне" се базира на интервјуа со деветнаесет проверувачи на факти низ целиот свет и вклучува идеи за помагање во решавање на некои од најчестите предизвици, со фокус на партнерства со технолошки и интернет компании.

Во извештајот се вели дека програмата на Фејсбук за проверка на фактите генерирани од трета страна се соочила со сите предизвици што би можеле да се очекуваат, како што се технолошки и комуникациски проблеми, меѓутоа, и таму останува простор за подобрување.

Тие препорачуваат интернет компаниите да работат заедно за да ги координираат своите напори за справување со дезинформациите низ онлајн платформите и апелираат другите интернет компании да го следат водството на фејсбук, во работата со проверувачи на факти, преку структурирана, платена програма и научни искуствата на проверка на фактите од трета страна.

Како што се наведува во извештајот, проверувачите на факти, исто така, треба да развијат колективен процес за вклучување и придонес за одговори на интернет-компаниите на развојните предизвици на дезинформации преку интернет, за да се заштити долгорочната одржливост и проверка на независноста на фактите.

Во извештајот се потсетува дека штетата од лажни информации не е ограничена на која било единствена платформа, па дури и на интернет и дека дезинформациите може да се шират и преку политичари и новински медиуми, усно, во реклами и на испечатени материјали предадени или доставени до домовите на луѓето. Затоа, според извештајот, проверка на фактите од трета страна на фејсбук е важна интервенција и најефикасен одговор од која било интернет компанија до сега.

Програма на фејсбук содржи соработка со независни проверувачи на факти од трети страни кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на информациите и изјавите. Овие партнери се овластени преку непартиска Меѓународна мрежа за проверка на фактите при што мораат да го следат Кодексот на принципи на мрежата.

Откако партнерот од програмата за проверувачи на факти од трети страни, извесна информација оцени како лажна, изменета или делумно лажна, Фејсбук реагира на начин што ја прикажува сѐ подолу во новостите. Додека, пак, страниците и домените кои постојано споделуваат лажни вести, исто така, ќе добијат намалена дистрибуција и ќе се отстрани можноста за монетизација и рекламирање.

Фокусот на оваа програма за проверка на фактите е идентификување и адресирање на вирални дезинформации, особено јасни измами кои всушност немаат основа. Партнерите за проверка на факти како приоритет докажуваат лажни тврдења, особено оние кои се навремени, актуелни и важни за просечниот корисник.

Стратегијата за спречување на дезинформациите на Фејсбук има три дела, прв дел е отстранување на профилите и содржината што ги кршат стандардите кои ја применуваат безбедноста на платформата, со што, само во третиот квартал на 2020 година отстранети се 1,3 милијарди лажни профили. Вториот дел се однесува на намалување на дистрибуцијата на содржина што не ги крши стандардите, но, сепак е со низок квалитет, па затоа, помалку корисници треба да ја гледаат. Третиот чекор е информирање на корисниците давајќи им поголем контекст за да можат сами да одлучуваат што да читаат, веруваат и споделуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ѓоко Ристов

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.

Продолжува судењето на Ѓоко Ристов

Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари.

Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид.

Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења.

На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Лицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка

Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката?

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација.

Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера.

Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки.

Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал.

Двојните аршини на СДС нема да поминат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка.

Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари.

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија?

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави.

Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите?

Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка.

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер