БалканВо Тирана затворена приватна клиника „Интернешнл Медикер“Се трага по сопственикот Кара, кој е почесен конзул на Македонија во Измир. Албанските власти ја затворија приватната клиника „Интернешнл Медикер“, во Тирана, дел од групацијата „Санте плус“, поради што на пациентите им се продавале лекови со поминат рок, не била пријавена добивка од речиси милион евра, а утврдено е дека дел од работниците биле без социјално осигурување. - За време на акцијата „Биланс“, службите на Секторот за истраги на економски и финансиски криминал го уапсија администраторот на болницата Е. З. (62) години, и распишаа потерница против коакционерите на субјектот, турскиот државјанин Б. К. (45) години и албанската државјанка Г.А.(32), се наведува во полициското соопштение. Според албанските медиуми, уапсен е Едмонд Заја кој фигурирал како администратор, кој всушност бил готвач и возач во компанијата, а вистински сопственик бил турскиот државјанин Билал Кара, а коакционер е Герина Арапи. Во текот на неколкумесечниот истражен период, во координација со Обвинителството во Тирана, како и од извршените контроли во клиниката, утврдено е дека преку издавање неоданочени фактури е извршена даночна евазија во вредност од над 1.000.000 евра. Исто така, болницата користела сомнителни шверцувани лекови, забранети за употреба од надлежните органи, а дел вработените биле без осигурување, соопшти полицијата. При полициската акција запленети се 100 блокови со нефискализирани сметки, 27 различни препарати за ботокс, филери и материјали користени при трансплантација на коса, најголемиот дел со истечен рок, како и шест компјутери што ќе бидат испратени на вештачење. Меѓу пронајдените медикаменти бил и антибиотикот „Рифоцин“, со истечен рок во мај 2025 година, кој се користи за тешки бактериски инфекции, како и „Гадовист“, со истечен рок уште во 2023 година. И двата, според полицијата, се користеле за инјекции, естетски интервенции и анестезија. Полицијата наведува дека истрагата продолжува за идентификување на сите вклучени лица, како и за утврдување на последиците кои можело да им бидат нанесени на клиентите, албански и граѓани од соседните земји, поради користење на истечени медикаменти. Билал Кара е почесен конзул на Македонија во Измир (Турција). Тој беше назначен за почесен конзул пред 2 години, со потпис на тогашниот министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи. Истовремено е и претседател на Советот за бизнис Турција-Македонија при Советот за надворешни економски односи (ДЕИК) од 2018 година. Тој е и член на Стопанската комора Албанија-Турција, објави Шќиптарја.Тагови: Интернешнл Медикер Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Деколтето на НиколСветската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание. Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град. Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка. Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел. Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во БелизеНурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метриГолемата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет. „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет. Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз. Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay). По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач Поранешната најдобра светска тенисерка, Србинката, Ана Ивановиќ и популарниот хрватски пејач Санди Ценов ги израдуваа своите следбеници со заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со интригантна порака. Хрватскиот пејач Санди Ценов е познат по својата љубов кон патувањата и дружењето, а со својата најнова објава на Инстаграм ги изненади и ги воодушеви своите следбеници. Имено, Санди сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која позира со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, која важи за една од најуспешните и најпознатите спортистки од овие простори. На фотографијата, направена во опуштената атмосфера на свечена вечера на отворено, и двајцата не ја симнуваа насмевката од лицето. Поранешната тениска ѕвезда блеска во елегантен црн фустан со светки, додека музичарот се одлучи за класична елеганција – црн костум и бела кошула со откопчани копчиња. Санди ја означи Ана во објавата и сподели впечатлива порака: „Патувајќи низ светот, запознавате навистина интересни луѓе...“Тагови: Ана Ивановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook