3Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
БалканВо Тирана почнува министерскиот состанок на Иницијативата на САД - Јадранската повелба (А-5)Од денеска до 5 декември во Тирана ќе се одржи министерски состанок во рамки на Иницијативата САД-Јадранската повелба (А-5).-На овој значаен состанок се очекува да учествуваат високи претставници од САД, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Косово и Србија. На оваа средба ќе присуствува и помошник-секретарот за одбрана на САД за меѓународна безбедност, Селест Валандер, објави АТА. Поздравен говор на првиот ден од работата ќе одржат домаќинот, министерот за одбрана Пиро Венгу и американскиот помошник секретар. -Високите претставници на земјите учеснички на Иницијативата на САД - Јадранската повелба (А-5) ќе разговараат за интеграциските процеси на балканските земји преку механизмите на оваа иницијатива како и за иднината на оваа иницијатива. Војната во Украина и нејзините последици во Југоисточна Европа, безбедносните предизвици на Западен Балкан, проширувањето со нови членки на Иницијативата на САД - Јадранската повелба, заедничкиот придонес во НАТО и другите меѓународни мисии, наведува агенцијата. Земјите учеснички ќе потпишат и заедничка декларација на крајот на состанокот. Иницијативата на САД - Јадранската повелба е дипломатска иницијатива која ги вклучува земјите од регионот на Западен Балкан и има за цел зајакнување на соработката и интеграцијата на овие земји, со поддршка на Соединетите Американски Држави во евроатлантските структури, но таа исто така помага да се промовира стабилноста и економскиот развој во овој регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски: Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската трескаПодготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска, издадено и ажурирано упатство до матичните лекари.Министерот за здравство, Сашо Клековски денес одржа прес конференција на која информираше за последните новости за епидемијата на западнонилска треска. - Во моментот има вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, од кои 50 се потврдени, а тројца се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Вкупно 52 пациенти се со невроинвазивна форма. Од Клиниката за инфективни болести 25 пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување, за жал, се евидентирани пет смртни случаи. Во моментот 21 пациент се хоспитализирани на Инфективната клиника, од кои шест се на интензивна нега, информираше министерот Клековски. Тој истакна дека е издадено ажурирано упатство за лекарите на клиники, како и за матичните лекари да посветат внимание на пациентите со имуносупресивна терапија. - Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста на оваа тема, подготвивме нова веб страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. Во моментот се направени вонредни прскања против комарци по индикација во шест од ризичните подрачја, додека по 14 август, согласно претходниот пресек на состојбата се извршени вонредни - по индикации прскања во повеќе подрачја, меѓу кои Кисела Вода (Драчево), канали во Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров, додаде Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од МарокоБогатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор . Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија. Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето. „Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади. Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона. На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСекое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијатаСекое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26