Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово
2Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
КултураВо Тирана отворена самостојна изложба на скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо БрдоМакедонците во Албанија, со повеќе активности ќе го одбележат 8 Септември-Денот на независноста.Во тие рамки синоќа, во Parking Art Gallery во Тирана беше отворена изложбата "Постојан експеримент" на истакнатиот ликовен уметник Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, кој живее и работи во градот Фиер. - Самостојна изложба на уметникот Кадриу е во организација на Марјана Костофски- Фелах, претставник на македонското национално малцинство во Комитетот за малцинствата, а поддржана од амбасадата на Македонија во Тирана. На истата присуствуваше и амбасадорот Данчо Марковски, објави амбасадата. Се додава дека изложбата ги обработува естетските елементи на македонската народна носија, инспирирана од носиите на ансамблот „Танец“, праисториска антика, керамички предмети, како и минијатурни скулптури. За делата на скулпторот зборуваше и Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот. Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина. Во пресрет на Денот на независноста, денеска во Библиотеката „Тими Митко“ во Корча, со почеток во 11:00 часот ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа, што е завршен настан од проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа на Преспа“. Ќе бидат промовирани традиционални женски носии на Македонците од Преспа и минијатурни верзии на носиите, рачно изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани. Исто така ќе биде промовирана и двојазична брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, чиј автор е Васил Стерјовски. Настанот го организира Македонското друштво „Сонце“, во соработка со Комитетот за национални малцинства, орган на албанската влада. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАРМ слави 34 години: Со артилериска стрелба и свечености ќе се одбележи Денот на армијатаМакедонската армија денеска одбележува 34 години од формирањето, а по повод 18 август – Денот на армијата, во Скопје и Штип се одржаа повеќе свечени активности.Централното одбележување ќе се одржи во касарната „Илинден“ во Скопје, каде што во 19 часот единицата на артилерискиот баталјон ќе изведе почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена пробна стрелба со еден плотун. Утринава владина делегација составена од министрите за одбрана, за внатрешни работи и за социјална политика, Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со делегација на армијата, со воени почести положиле венци на партизанските гробишта во Скопје. Јубилејот беше одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со смотра на 2. Пешадиски баталјон и други армиски единици, како и во Министерството за одбрана, каде што свои обраќања имаа министерот Мисјаловски и началникот на генералштабот, Лафчиски, а одбележувањето ќе продолжи утре во Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНе од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и ТетовоСо кредити од Светската банка и Европската инвестициска банка ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Прва болница а листата е болницата во Штип, која е започната пред десет години. Постоечката направена карабина на болницата треба да се испита, за да се знае што она што треба да се направи ново. Болницата во Кичево ќе се гради на земјиштето на министерството за одбрана во влезот на градот, исто така проектот во Тетово е во напредна фаза. Засега нема детали околку изградба на нов клинички центар, од владата соопштија дека новата локација за клинички центар ќе биде земјиштето пред спротската сала „Борис Трајковски“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОд четврток почнува „Карпошово културно лето“Од четврток на 20 август започнува Карпошово културно лето, под слоганот „овој август Карпош станува сцена“.На манифестацијата која ќе трае десет дена ќе настапат македонски естрадни уметници, а организаторите денеска најавија забава за сечија возраст и стил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook