Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
1Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
3Франција многу потешко од очекуваното го проби парагвајскиот бункер и се пласираше во четвртфиналето на СП2026
КултураВо Тетово прв пат свечена академија за одбележување на 5 мај-Денот на македонскио јазикЛитературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ се подготвува за прв пат во Тетово со пригодна манифестација да се одбележи 5 мај - Денот на македонскиот јазик. Се планира одржување на свечена академија со повеќе активности. Манифестацијата ќе се одржи во свечената сала на поранешниот Дом на Армијата, сега Музеј на тетовски крај. Таму деновиве се одржуваат подготовки и проби. - Од годинава секоја година ќе се обидеме да го одбележуваме овој ден, многу значаен за македонскиот народ. Ќе има реферат за значењето на македонскиот јазик кој го подготува универзитетската професорка Марина Даниловска, а потоа следува пригодна културно-уметничка програма. Ќе настапат неколкумина тетовски поети со свои творби, ќе настапат ученици кои ќе рецитираат песни од најзначајните македонски поети. Предвиден е монолог на актерот Владимир Јованоски, со исечок македонско литературно дело. Ќе учествуваат хорот „Лале“, групата „Шербет“, Драмското студио Тетово со пригоден скеч и на крајот настанот ќе заврши со настап на КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, изјави Мирко Видоески, од литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“. Целта е да се подигне на повисоко ниво и свеста за значењето на македонскиот литературен јазик. - Сметаме дека сме направиле добра програма, којашто ќе наиде на интерес кај тетовската јавност. Ги информиравме сите училишта, плакати, социјални мрежи, настан. Планираме во иднина да биде традиционална манифестација. Особено ќе обрнеме внимание на искривоколчувањето на македонскиот јазик особено од јавните личности. Сведоци сме дека на националните телевизии има новинари и спикери кои не го владеат добро македонскиот јазик, пред сé мислиме на акцентската целост, неадекватно изговарање на некои букви. Сите треба да се ангажираме како општество и да го чуваме македонскиот јазик како најголема светост, вели Видоески. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Анкети за покривање на слободниот пад на МицкоскиВчерашната нарачана анкета на ВМРО-ОКГ и последната „анкета“ на нивниот партнер Максим Димитриевски објавена денес, се огледало на истата лажна реалност во која живее владејачката тендер коалиција.Во анкетата на ВМРО-ОКГ, СДСМ е веќе втора партија, а ВМРО бележи нов пад од 3,5% за само два месеци. Во анкетата на Максим, ЗНАМ е прва партија во Македонија и посилна од ВМРО-ОКГ. Партија која повеќе не постои во ниту една сериозна анкета, која ја напуштаат и последните членови, а чиј лидер е дел од владеачката тендер коалиција, сега објавува дека е најсилна политичка сила во државата. Сè што допрва објавуваат и ВМРО-ОКГ и нивните сателити е целосно бесмислено. Толку многу лажат што веќе немаат ниту граници, ниту срам. Нарачани анкети, нарачани „истражувања“, нарачани заклучоци - сè е дел од истата операција за креирање на лажна реалност во која ВМРО-ОКГ и неговите партнери сателити се „непобедливи“, додека во реалноста се во слободен пад. Мицкоски, поради сопствените лаги во кампањата и сега додека ја води владата, толку многу го изгуби рејтингот, а криминалната организација ВМРО-ДПМНЕ загуби преку 150.000 гласови. Мицкоски упорно бара алиби од опозицијата за избори. Секојдневно инсистира некој од опозицијата да го „предизвика“ на избори, иако факт е дека тој веќе ги има зацртано датумите. Не може повеќе да чека економијата и буџетот целосно да се урнат. Како што предупредивме - кога ќе нема повеќе пари, односно кога ќе се исцрпи можноста за задолжување за криминални партиски тендери, Мицкоски ќе биде принуден да распише предвремени избори. Скопје, 05.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Астерфест“ од 44 до 8 август во Струмица Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната фестивалска мрежа, останува иста, со акцент на авторските филмови. И оваа година селектираните програмски блокови се разновидни и инвентивни, а покрај кусометражните, има и долгометражни филмски содржини. Програмата опфаќа 20-тина строго селектирани квалитетни и нови филмови од повеќе видови и жанрови. Во програмите Глобална фикција, Астердокс, Анимоушн и Мери-дионс ќе можат да се видат: канадскиот „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, кои добија Оскар оваа година, данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампман (зад кој стои трикратната оскаровска ММ-продукција), грузискиот „Земјата на мажите“ (добитник на „Срцето на Сараево“) на Маријам Бакачо Хачвани, грчко-германскиот „Изгубени гардении“ на Галатија Лагутари, чешко-британско-македонскиот „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, британските „Нешто бесмислено“ на Ејса Бејли, со Овен Тил во главната улога, и „Без милост“ на Ема Зафировска, канскиот француско-палестинско-грчки победник „Драго ми е што си мртов“ на Тауфик Бархом, мексиканско-шпанскиот „Ние сме вода“ на Хорхе Малпика, кинеско-хонгконшкиот „Нилски коњи“ на Лин Џијанџие, бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев, полскиот „Полека, брзо, полека“ на Јагода Чарнек, рускиот „Превозник“ на Максим Кулагин, норвешкиот „Примален нагон“ на Хенрик Ремеј, јужнокорејскиот повеќенаградуван „Разденување“ на Хе-о Пак, мозамбискиот „Рипка“ на Каушик Субраманијам, француската комедија „Франсин, исток-запад“ на Елвира Барбоза, како и македонските „Неми филмови“ на Крсте Господиновски и „Остров“ на Бранко Костески. Покрај натпреварувачката, секоја вечер ќе има и ревијална програма со филмови кои се интересни од повеќе творечки аспекти. Специјална проекција ќе има филмот за еден од најзначајните филмски автори на векот – тоа е документарецот „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“, во знак на 90 години од раѓањето на легендарниот филмски автор Лоуч и една деценија од продуцирањето на филмот од страна на „Шеснаесет филма“. Духовитиот, провокативен и прониклив филмски портрет на Луиз Осмонд навлегува во животот и кариерата на еден од најславните и најконтроверзни британски режисери. Осмонд во овој филм ја истражила кариерата на Кен Лоуч од неговите рани денови како театарски режисер, преку телевизиските драми, па сè до поново време. Овој изненадувачки искрен документарец е многу повеќе од обично сведоштво за творештвото на Лоуч. Повеќе е една разиграна студија за процесот и предизвиците при градењето на една толку уникатна кариера со извонреден опус. На „Астерфест“ ексклузивна проекција ќе има и македонско-швајцарско-американскиот документарно-игран филм „Железна тврдина“, по сценарио и во режија на Митко Панов. По пандемијата, американскиот филмски режисер Кевин Китон доаѓа во Демир Хисар, за да води работилница за „Филмот како терапија“ за пациентите во психијатриската болница. И покрај огромните предизвици, ентузијазмот на пациентите и нивната креативност ја спасуваат работилницата, а и него, кулминирајќи со церемонијата „Демирхисарски Оскар – Златна пчелка“, каде што конечно се бришат границите меѓу документарното и фикцијата. Во чест на наградените ќе се прикаже и тукушто произведениот „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ, кој имаше премиера на „Белдокс“. Тоа е своевиден биографски филм за Боро Драшковиќ, еден од најзначајните европски режисери, кој целиот свој живот го посветува на уметноста на раскажувањето преку филмот, театарот и книжевноста. Како професор и творец, тој патува низ светот и го пренесува своето знаење обликувајќи нови уметници, додека преку своите книги и сценски дела истражува што значи да се создава и како уметноста го разбира светот. Со посредство на Шведскиот филмски институт, специјална проекција на „Астерфест“ ќе има и дигитално реставрираната верзија на „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски, во знак на 40-годишнината од продукцијата на ова ремек-дело. Во својот последен филм, филмскиот мајстор во егзил Тарковски го истражува светот на работ на нуклеарна војна. Идиличната роденденска прослава на Александар (Ерланд Јозефсон) на далечен шведски остров е прекината од веста за избувнувањето на Трета светска војна и претстојна нуклеарна катастрофа. Во очај, тој ветува дека ќе се откаже од сè што му е драго доколку тоа помогне да се спречи катастрофата. Снимен во Шведска со учество на некои од долгогодишните соработници на Ингмар Бергман, филмот носи елементи на омаж за шведскиот режисер. Сепак, филмот останува недвосмислено тарковскиевски, и стилски и тематски. Како и секогаш длабоко филозофски настроен, Тарковски поставува прашања за местото на духовноста во современиот свет управуван од технологијата. Лауреат на престижната награда „Астер“ оваа година е Синоличка Трпкова (1965, Скопје). Признанието ѝ се доделува за највисоки достигнувања во македонскиот, балканскиот и светскиот филм, како и на телевизијата и во драмските уметности. Нејзиниот долгогодишен особен ангажман во полето на седмата уметност и сродните медиуми, независните продукции и образовната сфера, не само кај нас и во Југоисточна Европа туку и многу пошироко, се пример за посветена личност, актер, сестран автор и професионалец, кој уште од своите најрани улоги е главна алка во она што се нарекува „авторски филм“, придонесувајќи со својот раскошен талент за значајни триумфи во европската кинематографија и ТВ-продукцијата, одбележувајќи ги, меѓу другото, и успесите на режисерите Емир Кустурица, Столе Попов, Иван Митевски, Слободан Унковски и на многу други. По тој повод, Синоличка Трпкова изјави: – Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ми причини невообичаена радост со тоа што одлучи да го вброи моето име покрај Мигел Ермосо, Карољ Вичек, Данчо Чеврески, Пиро Милкани, Желимир Жилник… Оваа награда дејствително гради однос на доверба, која, пак, бездруго, оди рака подрака со одговорноста. Прва и досега единствена јавно покажана доверба во мене овде, дома, после повеќе децении моја академска, филмска и театарска дејност. „Астерфест“, благодарам! Наградата на Синоличка Трпкова ќе ѝ биде врачена на свеченото отворање на Фестивалот, на 4 август. Главна локација за вечерните проекции е летниот Амфитеатар во струмичкиот Градски парк, а вонредна локација е Домот на АРМ. Промоцијата на актуелната филмска литература, мини работилницата и мастеркласот ќе бидат одржани во Младинскиот културен центар, а ни оваа година нема да изостане посетата на филмските гости во монументалниот манастир „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса. За Гран-прито, за Златната, Сребрената и Бронзената потковица, како и за наградите за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ и за најдобар режисер „Ацо Алексов“, ќе одлучува меѓународно стручно жири. Официјалниот плакат, кој кореспондира со овогодишното мото, е дело на Ване Костуранов, а уникатните статуетки ги креираше и ги изработи Никола Пијанманов. Филмскиот фестивал „Астерфест“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РС Македонија и од Општина Струмица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР : Прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште„Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“. За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици со завршена втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава. Учениците што ќе се запишат ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште. Во согласност со јавниот повик, кога ќе матурираат МВР ќе им обезбеди работно место – полицаец. За да се запишат кандидатите треба да ги исполнат условите од конкурсот и да ја поминат селекцијата која ќе биде во три фази: проверка на моторички способности; писмено тестирање (општообразовен тест) и поединечен разговор (интервју) со кандидатот. Конкурсот е отворен од 3 јули и ќе трае 15 дена, до кога заинтересираните треба да ги достават потребните документи со пријавата, која е достапна за преземање во повикот на МВР. Општи услови кои кандидатот треба да ги исполни се:да е државјанин на Република Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик, активно да го користи македонскиот јазик и да е здравствено и психофизички способен, што се потврдува со лекарско уверение издадено од лиценцирана установа. Во посебните услови е наведено дека општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование. Во посебните услови се и успешно поминати трите фази од селекцијата. Пријавата треба да ја поднесе родителот/старателот на кандидатот, заедно со потребните докази за исполнетост на општите услови. Како што е наведено во јавниот повик, пријавите се поднесуваат во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје (полициските станици Гази Баба, Бит-пазар или Карпош) и во секторите за внатрешни работи во Битола, Велес, Куманово; Тетово, Охрид, Струмица и Штип. Селекцијата на пријавените кандидати ќе ја прави комисија формирана од министерот за внатрешни работи. Сите три фази од селекцијата ќе се спроведат во Средното полициско училиште – Полициска академија и од секоја фаза кандидатот ќе има освоено бодови. Врз основа на вкупниот број освоени бодови од поединечните фази на селекција, Комисијата за прием и селекција на ученици ќе направи конечна ранг–листа на примени ученици, која ќе биде објавена на огласната табла на училиштето и на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи. Средното полициско училиште – Полициска академија е формирано со одлука на Владата и врз основа на Законот за средно полициско училиште, кој беше донесен во август минатата година поради недостигот од формализирано средно полициско образование. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter