КултураВо Тетово 3. Интернационален фестивал на куси филмови "Watch Out Film Fest"Триесеттина кратки играни, документарни и експериментални и анимирани филмови ќе бидат прикажани на Третото издание на Интернационалниот фестивал на кратки филмови "Watch Out Film Fest" што од утре до 24 мај ќе се одржи во Тетово.И оваа година организатори на фестивалот се невладиниот Центар за балканска соработка Лоја од Тетово и Goethe Институтот и Фондацијата Robert Bosch од Германија. Координаторот на фестивалот Александар Стојановски Цули на денешната прес-конференција одржана во просториите на Лоја изјави дека Фестивалот "Watch Out Film Fest" е обид да го промовираат филмот надвор од класичниот поглед, бидејќи проекциите се на отворено во дворот на Музејот на Комунистичката партија на Македонија - куќата на Јовановци во населбата Два Бреста. - Интересот ги надмина нашите очекувања бидејќи ни пристигнаа преку сто филмови од 40 земји од светот. Жирито во состав професорите Лазар Секуловски и Салајдин Салиху од Македонија, како и германскиот фотограф Роберт Хофман имаше многу тешка задача прво да ја направи селекцијата на филмовите што ќе бидат прикажани, а потоа и да ги одбере победниците, рече Стојановски. Тој соопшти дека за краток игран филм наградата ја доби „Алцхајмер“ на турската авторка Несилхан Силигур, во категоријата документарен филм победи „Богатствата на морето“ на Астра Золднере од Летонија, додека во категоријата експериментални и анимирани филмови за најдобар жирито го прогласи филмот „Постанок“ на Џиули Флореа од Романија. Тој најави дека за време на четирите фестивалски денови ќе присуствуваат победниците од Турција и Летонија, како и комплетната екипа на копродукцискиот филм од Русија, Германија и Велика Британија кои исто така ќе учествуваат и на работилниците за режија и сет дизајн. Доколку временските услови не дозволуваат проекциите да се одвиваат на отворено тие ќе се организираат во просториите на Лоја, најавија организаторите. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСопственикот на „Пинк“ најави откази- ќе отпушти околу 1.000 вработени Сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, објави дека ќе отпушти околу илјада вработени во неговите компании. Одлуката дојде откако, според неговата објава на социјалните мрежи, 150 луѓе во театарот Одеон веќе ги загубија своите работни места, пишува Нова.рс. „Еден од најтешките денови во мојот живот, полн со емоции, љубов, топлина и разбирање. Ги распуштив сите ансамбли во театарот Одеон, 150 луѓе ги загубија своите работни места. Во целиот систем, ќе морам да отпуштам околу илјада луѓе, поточно од десетина компании кои сè уште не стапнале на „зелената гранка“. Се гледаме, драги пријатели, во подобри времиња! Вашиот Жекс ве сака“, напиша Митровиќ. Најава за затворање по само една година Театар Одеон беше отворен во септември 2024 година во центарот на Белград, во просторот на поранешното кино што Митровиќ претходно го купи. Митровиќ првпат објави распуштање на театарот и отпуштања во Пинк на крајот на 2025 година, малку повеќе од една година по отворањето.Тагови: Пинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСе урна хеликоптер на ЕУФОР во БиХ- загинаа три лица, 12 се повредени (ВИДЕО)Воен хеликоптер се урна во градот Горице во близина на Брчко.Како што може да се види на фотографиите, хеликоптерот е целосно уништен, а неофицијално, дознаваме дека три лица загинале. Полицијата на округот Брчко (ПБД), како и противпожарни и екипи на брза помош, веднаш пристигнале на местото на падот на хеликоптерот. Пошироката област била веднаш обезбедена. Три лица загинаа, а 12 се повредени во пад на хеликоптер во градот Горице во близина на Брчко, потврди Klix.ba. Според директорот на Институтот за јавно здравје на Брчко, Јасмин Механовиќ, еден од повредените е во критична состојба и најверојатно ќе биде префрлен во Универзитетскиот клинички центар Тузла. Екипи од полицијата на округот Брчко, пожарникари и служби за итни случаи веднаш беа испратени на местото на несреќата. Пошироката област околу местото на падот на хеликоптерот е обезбедена. „ЕУФОР може да потврди дека денес, за време на рутинска операција во областа Брчко, се случи несреќа во која се урна еден од нивните авиони“, објави мисијата. Во соопштението се наведува и дека во инцидентот не е оштетена цивилна инфраструктура, имот или возила, како и дека нема повредени цивили. ЕУФОР, исто така, ги повика граѓаните да не шират непроверени информации за несреќата и да добиваат информации исклучиво преку официјални канали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип ИвановиќМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги. На средбата стана збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook