Во текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонии - Канал 5

Во текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 650 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

Во текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 170 кубни метри отпад од диви депонии.

Воедно, беа подигнати и транспортирани 2700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови.

Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места

Филипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места.

Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места

Му пречат дата центри, му пречат рудници, му пречат нови инвестиции и проекти.

На Филипче не му пречат единствено бизнисите со марихуана на Заев и не му пречат бизнисите со кои се добива нов автомобил или пак провизија при тендер од 20%.

На Филипче денес му пречат инвестиции и нови работни места, но не му пречеа лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1.

Со политичари како Филипче, луѓе кои лажат и манипулираат за се, Македонија нема да оди напред.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина за граѓаните.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба.

ЈО: Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 3 во врска со став 1 точка 2 и во врска со член 45 на Кривичниот законик.

Четворицата подолг временски период – од април до септември годинава извршиле повеќе тешки кражби во села на подрачјето на Општина Боговиње, при што провалиле во над 10 куќи од каде одзеле пари, златен накит и разни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола. При една од кражбите во селото Палчиште успеале од домот на оштетениот да извлечат сеф тежок околу 400 килограми. Вкупната вредност на украдените предмети до овој момент се проценува на приближно 15.000.000 денари.

Јавниот обвинител интензивно постапува за обезбедување докази за сите настани. Во меѓувреме, по предлог на обвинителството, на двајца од осомничените им е определен краткотраен притвор од 48 часа до целосно обезбедување на доказите, додека по двајца се трага и ним притворот ќе им се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во извештајот од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Падот на Масада“ на Драмски театар Скопје на фестивалот „Стоби 2026“

Драмски театар Скопје на 22 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе гостува на 23. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ во Велес со претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски.

„Падот на Масада“ на Драмски театар Скопје на фестивалот „Стоби 2026“

Фестивалот „Стоби 2026“ се одржува од 15 до 24 септември и годинава во својата програма обединува театри од Македонија, Србија и од Италија. Драмски театар на фестивалот ќе се претстави со камерната претстава „Падот на Масада“, чија премиера се одржа на 28 декември 2023 година.

Во средиштето на драмата на Венко Андоновски е прашањето дали вреди човек да го даде сопствениот живот за една идеја, без оглед дали таа е поврзана со национална, патриотска, револуционерна или друга идеолошка чест. Преку необична колажна драматуршка структура, составена од шест слики од различни историски периоди, „Падот на Масада“ го следи менувањето на односот кон жртвата, смртта, идеологијата и поимот на херојството низ вековите.

Патувањето започнува во опколената тврдина Масада, со познатиот чин на колективна смрт пред навлегувањето на Римјаните, продолжува со македонските комити и изборот меѓу смртта и предавањето, а потоа се префрла во берлинскиот бункер во последните денови на нацистичкиот режим. Низ понатамошните сцени драмата се доближува до совремието, каде што возвишените историски идеи постепено се распаѓаат, се извртуваат и се претвораат во апсурд, насилство и баналност.

Со движењето од античкото до современото време, Андоновски го преиспитува не само митот за „херојската смрт“ туку и начинот на кој историјата ги создава, ги менува и ги злоупотребува своите вистини. Претставата ја отвора дилемата што останува кога големите идеи ќе ја изгубат својата возвишеност, а човековиот живот ќе остане заробен меѓу идеологијата, стравот, желбата за опстанок и потребата да се остави трага во историјата.

Режијата на „Падот на Масада“ е на Дејан Пројковски, асистент на режисерот е Дамјан Димовски, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката е на Горан Трајкоски. Во претставата играат: Александар Степанулески, Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ и Емилија Мицевска. Инспициент е Гоце Бојчев, а суфлер Жаклина Цветковска. Претставата трае 100 минути без пауза.

На годинашниот ИФАД „Стоби“, покрај „Падот на Масада“, во програмата се претставите „Бегалка“ на струмичкиот театар, „Претходно“ на театар од Сицилија, „Годо“ во копродукција на велешкиот, штипскиот и кумановскиот театар, „Лисистрата“ на театарот од Зрењанин и „Сите убави нешта“ на штипскиот театар. Во рамките на фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, главна женска и главна машка улога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер