Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
МакедонијаВо текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возилоВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНБ: Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршкаВкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,0%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,8%. Кредитната активност бележи раст од 13,6% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16
СветРубио и Лавров се среќаваат денес во Њујорк- Ќе разговараат за војната во УкраинаАмериканскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Њујорк . Средбата ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти Стејт департментот. Средбата се одржува во рамките на дипломатските напори на Вашингтон поврзани со војната на Русија против Украина, пренесува „Киев индепендент“. Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во ОН. По средбата со Трамп, Зеленски изјави дека Украина е подготвена за енергетско примирје, под услов Русија да се согласи на истите услови. Двајцата претседатели разговараа и за поддршката за Украина во текот на зимата, за противвоздушната одбрана и за идните мировни преговори. Руските државни медиуми објавија дека Лавров пристигнал во Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН. Рубио и Лавров се сретнале неколку пати во текот на изминатата година, како дел од напорите на администрацијата на Трамп да посредува за прекин на руската инвазија. Двајцата дипломати се сретнале и на маргините на минатогодишното Генерално собрание на ОН во септември 2025 година, кога Рубио ја повикал Москва да го „запре крвопролевањето“ и да преземе конкретни чекори кон завршување на војната. Пред тоа, тие одржале разговори во Ријад во февруари 2025 година – првите официјални преговори на високо ниво меѓу САД и Русија од почетокот на руската инвазија од целосен обем. Стејт департментот соопшти дека Рубио престојува во Њујорк од 20 до 23 септември по повод 81-вата сесија на Генералното собрание на ОН. За време на посетата, тој се среќава со министри за надворешни работи од други земји за да разговараат за безбедноста, економските прашања и напорите за постигнување мир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈАрамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат.Неформален разговор во ходник го прикажува како средба а како најголем „успех“ го претставува 5 милиони долари за антимон. Народот не го прашува, сам одлучува. Поведе делегација од околу 50 луѓе на трошок на граѓаните, за концерт фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија а за отров 5 милиони долари ги претставува како голема инвестиција. Антимонот не е храна туку метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата. СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува. Владата на Мицкоски не може чиста вода за пиење да обезбеди, во Гостивар 11 недели не се објавува извештај за водата, во над 50 населени места не се објавува извештај, тие нема да можат водата, почвата и здравјето на луѓето да ги заштитат од штетните последици од ископот и преработката на антимон. Ова е распродажба на штета на здравјето на луѓето. Не е партнерство. Целта се провизиите и диловите, тоа граѓаните веќе многу добро го знаат. Концертот го платија скапо, богатството на Македонија го распродаваат ефтино, за багателна цена. Разликата е во провизијата. Македонија не е на продажба! Скопје, 23.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter