Геговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!
Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа
1Геговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!
2Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
2Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
МакедонијаВо тек транспортот на предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд СкопјеСо два автомобилa и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев за МИА информира дека транспортот е во тек. -Од Основниот суд во Кочани заедно со сите списи и докази, коишто се приложени се носат во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија и таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка, вели Делев. Во изјавата за МИА посочува дека станува збор за обемен материјал, а доказниот материјал е сместен во две возила. - Понатаму ќе одлучува Основниот Кривен суд Скопје, ќе се оценува актот, вероватно тука ќе има приговори, ќе се спроведе цела постапка како што предвидува Законот, рече Делев. Инаку, во истражната постапка за предметот „Пулс“ беа ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница, тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од штипска Апелација за за жалбените постапки и решенијата за притвор. Во овој предмет опфатени се 34 лица и три правни субјекти. Тагови: Кривичен суд Нов Зеланд Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГеговска: Ви следи бумеранг - за криминал и казни врз народот свикувате седници за два часа, а за заштита на жените продавате празни најави!На жените во Македонија не им треба лицемерие и мртво слово на хартија, туку вистинска и навремена заштита.„Почитувани претставници на владејачкото мнозинство, доколку во прашање беше заштита на вашиот криминал или пак начин како да исцедите некој денар повеќе од граѓаните, итно ќе свикавте седница на Собранието и за 2 часа ќе ги поминевте комисиите и пленарната седница. Сега, кога треба итно да се заострат казните за насилниците и да се воведе електронска нараквица за спас на човечки живот, од вас слушаме едно празно ‘ЌЕ’. Еве, кажете ни го датумот на тоа ‘Ќе’. Евтините лаги ‘се спрема закон...’, ‘поднесен е предлог...’, ‘во следниот период...’, повеќе не ви поминуваат ниту во јасли групите во градинките. Изгледа нема да дочекаме додека вие сте на власт, затоа што заштитата на жените и строгите казни за насилниците вам ви се на последно место“, вели во изјава за медиумите Цветанка Геговска, правничка и членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). Додека жртвите живеат во страв, приоритет на Владата им е коалициониот партнер да држи предавања на Воената академија дека на жените им треба "машки надзор", а секој што бара строги санкции и превенција на насилство да го етикетираат како "багра". „Со ваквиот однос не е ни чудно што не можете да најдете жени за министерските позиции и менаџерки на институции. За вас, очигледно, жените се граѓани од втор ред“, додава Геговска. ЛДП бара веднаш да се воведе посебно законско дефинирање на фемицидот со најригорозни казни и итно пуштање во употреба на електронските нараквици за 24- часовен надзор на насилникот, особено во случаите со висок ризик. „Насилниците мора да знаат дека секое прекршување на изречените мерки носи санкција, а институциите мора да понесат одговорност за секој пропуст во преземањето на дејствија. Доволно беше изрекување условни отпусти за тепачи и насилници, со што дополнително се мотивираат да го повторат делото, додека жртвите едвај собираат храброст да го пријават настанот. Животите на жените не се ничија сопственост ниту пак насилството е приватна работа. Престанете да се криете зад празни ветувања додека жените секојдневно страдаат. Вашата ароганција и тотална негрижа многу брзо ќе ви се вратат како бумеранг“, заклучува Геговска во својата изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќаВладата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување од 500 метри од училишта, а ги зголемивме и давачките, одговори заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на седницата посветена на поставување на паратенички прашања. Законот ќе почне да се применува од 1 јануари, истакна Николоски. “Измените се состојат од два дела. Прво, се забранува сè што е во пропагандна цел, од рекламирање преку физички изглед на излози и така натаму, а втората е сериозна рестрикција на објекти каде што може да се приредуваат игри на среќа. Не само што се воведе ограничување од 500 метри од училишта, туку исто така се зголемија давачките коишто ги плаќаат оние коишто организираат игри на среќа, дали се работи по апарат, дали се работи по лиценца или по објект. На тој начин сериозно ќе се намали бројот на објекти каде што ќе се организираат игри на среќа. Фактичката примена почнува од 1 јануари. Она што е значајно и што е поврзано со првото, со вашето прашање во однос на 1 јануари, е дека од 1 јануари единствен којшто ќе може да приредува онлајн игри на среќа ќе е државата, односно Државна Лотарија, со само еден правен субјект којшто ќе може да го прави тоа, а истото се однесува и на видео лотариските терминали, односно ВЛТ апаратите, каде што државата ќе е единствена којашто ќе може да организира вакви игри на среќа преку исто така еден субјект”- одговори Николоски Тој додаде дека по изборот на оваа Влада, укинати се лицениците на 3 компании кои требало да приредуваат онлајн игри на среќа. “ Укинати се лиценците на 3 компании коишто требаше да приредуваат онлајн игри на среќа. Дополнително, укината е платформата 2WIN, којашто беше дел од Казино Австрија и која што беше дел од ВЛТ терминалите, а исто така иницирани се и кривични постапки. Во моментов се води активна судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и останати обвинети, и очекувам судот во ефикасна процедура ова да го заврши и да одговараат за она што го сториле” рече вицепремиерот Николоски. Истакна дека е потребна е строга државна конторла за да не се случи како во минатото да работи “црниот пазар.” “ Имаме деновиве еден интересен случај во јавноста, поврзан со Ива Михајлова. Јавноста заборава дека нејзиниот татко беше осуден токму како дел од акцијата "Детонатор", којашто во периодот некаде пред 2013 години значеше сузбивање на нелегално организирање на игри на среќа. Се сеќавате на десетици апарати коишто беа извадени на плоштад од Македонија, каде што беа покажани апаратите на коишто нелегално се организирале игри на среќа. А мислам дека јавноста заслужува одговор на уште едно прашање, а тоа е дали тоа што поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, не го потпиша Законот за игри на среќа, којшто го донесе претходниот парламентарен состав, можеби е поврзано со изградбата на зграда во Влае на неговиот директор на Агенција за разузнавање Ерол Муслиу. Односно, дали едното и другото се поврзани и каде води трагата на парите? Ги повикувам, еве, по допрен глас да постапат и од обвинителството и од финансиската полиција и од финансиското разузнавање во однос на оваа работа” – додаде НиколоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Билд“: Русија планирала напад во Полска и сакала вината да ја префрли врз УкраинаПолските граничари, разузнавачките служби и елитните воени единици беа ставени во состојба на висока готовност по извештаите за наводна руска операција што се подготвувала долж границата со Калининградската област.Според овие информации, Москва планирала провокација од типот „лажно знаме“ на територијата на Полска – земја-членка на НАТО – пренесува германскиот весник „Билд“. Руските разузнавачки служби наводно планирале саботажа на полска територија – во близина на границата со руската Калининградска област – за крајот на октомври или почетокот на ноември, со намера за нападот да ја обвинат Украина. Како што пренесува „Украинска правда“, оваа информација првично ја објави полскиот весник „Жечпосполита“, повикувајќи се на високи извори во полската војска и безбедносните служби. Планот бил вината да се префрли врз Украина Операцијата предвидувала упад на руски саботери на полска територија. Нивната цел била да извршат напад што би резултирал со голем број жртви. Потоа, планирале да остават подметнати докази кои би сугерирале дека за тоа е одговорна Украина. Извори запознаени со операцијата за спречување на нападот наведоа дека сојузничките разузнавачки служби ја предупредиле Варшава, а заканата подоцна била потврдена и од полските аналитичари. „Имавме информации за точните локации што биле цел на нападот. Рускиот план предвидувал голем број жртви“, изјави еден од изворите за „Жечпосполита“. Друг извор го спореди планот со инцидентот во Гливице – германска операција под „лажно знаме“ од 1939 година. „Требаше да биде нешто слично на Гливице. Оние што ќе ја преминеа границата веројатно ќе беа убиени, а кај нив ќе беа пронајдени докази што би ги поврзале со Украина. Целта беше да се запре помошта за Украина“, објасни тој. Полските служби презеле контрамерки Полските служби презеле контрамерки откако руски разузнавачки агенти, задолжени за координирање на саботажата, биле забележани на руската страна од границата. Ваквите операции обично се планираат и координираат од руската воена разузнавачка служба ГРУ. Кон крајот на октомври, полициските сили во областите долж границата со Русија беа засилени со припадници од други делови на Полска. На контролните пунктови на Граничната стража пристигнаа засилувања, а на терен беа испратени и дополнителни припадници на Агенцијата за внатрешна безбедност. Во Варминско-мазурското војводство, специјалните сили спроведоа вежби. „Целта беше одвраќање, но и обезбедување на способноста за превентивно дејствување“, изјави извор запознаен со деталите. На почетокот на ноември, во седиштето на полската полиција беше формиран посебен оперативен штаб за дејствување во Варминско-мазурското и Подлашкото војводство. На 3 ноември, премиерот Доналд Туск потврди дека во текот на ноќта на полско-руската граница биле забележани „сомнителни активности“. Министер: Заканата е оценета како реална На новинарско прашање дали Русите планирале терористички напад на локација со голем број луѓе, министерот и координатор на специјалните служби, Томаш Семонјак, не даде директен одговор. „Не го знам одговорот на тоа прашање, тоа би требало да ги прашате Русите. Тие обично не признаваат дека планираат такви акции. Дури и да имаме такви информации, ние не ги споделуваме“, рече тој. Сепак, тој ја потврди сериозноста на ситуацијата. „Ако презедовме одредени мерки, тоа е затоа што сметавме дека заканата е реална“, изјави Семонјак, додавајќи: „Верувам дека сите мерки преземени во овој случај беа соодветни. Достапните докази укажуваа на тоа дека заканата е оценета како реална“. Извор: Индекс.хрТагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook