3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
МакедонијаВо тек откупот на македонското јагне, откупната цена се движи од 260 до 280 денариОткупот на јагне почна, а првите количини се извезени на пазарите во Италија и Албанија вели потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Тој додава дека откупната цена на јагнето изнесува од 260 до 280 денари и според сточарите е ниска. -Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, а сега е 60 денари - изјави Сарафимов. Тој вели дека според проценките на сточарите годинава во бачилата имаат околу 400.000 овци и исто толкав број на јагниња, од кои 300.000 ќе одат во кланица, а околу 100.000 женски јагниња ќе ги задржат за обновување на стадата. Тагови: јагне Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрваПолицијата вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. - На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен. По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадериПожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот. Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање. На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби. Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСе откажува ли Милан од Леао?Милан се откажува од Португалецот Леао?Италијанскиот фудбалски гигант Милан одлучил да го намали обештеувањето за својата ѕвезда на 50 милиони евра. Рафаел Леао би можел да го напушти Милан пред затворањето на преодниот рок. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека тренерот Рубен Аморим не го вклучува во своите планови и дека клубот веќе го известил тимот на играчот за тоа. Наводно, Милан е подготвен да прифати понуда која, вклучувајќи ги и бонусите, би достигнала околу 50 милиони евра . Галатасарај би можел повторно да се обиде да го ангажира португалскиот фудбалер, откако Габриел Мартинели го одби трансферот во Истанбул.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter