Во тек е снимањето на три долгометражни играни филмови поддржани од Агенцијата за филм - Канал 5

Во тек е снимањето на три долгометражни играни филмови поддржани од Агенцијата за филм

Во моментов се снимаат три долгометражни играни филмови, сите финансиски поддржани од државата, кои ветуваат нови квалитетни и возбудливи приказни на големото платно, информира Агенцијата за филм на Република Македонија.

Во тек е снимањето на три долгометражни играни филмови поддржани од Агенцијата за филм

Во тек е снимањето на првиот долгометражен игран филм на Тамара Котевска, насловен „Човек против јато“. Филмот се снима во рурална Македонија, „каде изградбата на нов автопат го урива мирот на едно мало село и ја соочува традицијата со модернизацијата“. Агенцијата потсетува дека Котевска е режисерка со две номинации за Оскар и добитничка на награди од фестивалот Санденс.

Во нејзиниот прв долгометражен игран филм главните улоги ги толкуваат Кирил Андоновски, Верица Недеска, Лола Трендафиловиќ, Горан Богдан, како и актери од Македонија, Хрватска, Германија, Холандија и Бугарија.

-Филмот е во продукција на „Видео студио Петковски“, во соработка со партнери од Хрватска, Грција, Турција, Србија и Црна Гора, и е финансиски поддржан од Министерството за култура на РСМ, Еуроимаж и филмските центри на соработничките земји, наведува Агенцијата за филм.

Се снима и дебитантскиот долгометражен филм со работен наслов „Потстанар“, во режија на Марко Ѓоковиќ, во продукција на „Сектор филм“. Сценариото е на Ѓоковиќ и Симеон Венциславов, а инспирација за филмот е драмскиот текст „Владимир“ на словенечкиот автор Матјаж Жупанчиќ.

-Филмот ја истражува тенката линија меѓу личната слобода и манипулацијата, прикажувајќи ја интеракцијата меѓу тројца цимери и еден мистериозен новодојденец, чија вистинска природа полека се разоткрива, се посочува во соопштението.

Главните улоги ги играат младите македонски актери Ана Јовановска, Илија Волчевски, Хакан Даци и актерот од БиХ Албан Укај. Филмот се реализира во копродукциска соработка со партнери од Србија и Црна Гора, со поддршка од филмските центри на Македонија, Србија и Црна Гора.

Исто така, почнато е снимањето и на долгометражниот игран филм „Договор“ во продукција на „Arnel Production“, во режија на Сенад Абдули. Фотографијата ја потпишува Филип Јорданов, а во главните улоги настапуваат Шеќерије Илази, Елмир Сејфулаи и Лек Фазлија.

Како што соопшти Агенцијата, филмот е „современа драма што го истражува човечкото достоинство и комплексноста на донесување одлуки во социјално предизвикувачки услови“.

-Овие три нови филмски проекти се потврда за постојаниот развој на македонската кинематографија, како и за разновидноста на креативниот пристап што се појавува на нашата филмска сцена. Агенцијата за филм останува посветена на поддршка на филмските автори и продуценти, преку унапредување на условите за креативна работа и соработка, како и преку промоција на македонскиот филм во меѓународен контекст, информира Агенција за филм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка.

Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг.

Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг.

Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД.

Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер