КултураВо тек е пријавување на групни маски за манифестацијата „Сусурига 2026“Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ го најавија одржувањето на третата по ред манифестација „Сусурига“, што ќе се одржи на 21 февруари напладне, на градскиот плоштад.-Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, маалски друштва и креативни групи да го пријават своето учество со групни маски и да бидат дел од оваа уникатна културна манифестација. Целта на „Сусурига“ е масовно и достоинствено заживување на старата градска традиција на маскирање и палење ритуален оган по повод празникот Прочка. Програмата ќе опфати дефиле на пријавените маскирани групи од плоштад „Карпошово востание“ низ главната улица, до централниот градски плоштад, каде ќе се одржи ревијален настап на сите учесници. Настанот ќе биде збогатен со гостувања на специјални групи од нашата држава и од соседството, препознатливи по своите традиционални ритуали, уникатна кореографија и атрактивни маски, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка. Пријавувањето се врши преку пополнување формулар, достапен на веб-страницата на општината, а пријавувањето трае до 16 февруари 2026 година. Од општината упатија повик сите заинтересирани активно да се вклучат, да ја покажете својата креативност и заедно да придонесат кон зачувување и негување на традицијата и културниот идентитет што ја обединува Крива Паланка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапоВладата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија. • На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка. • На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници. За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра. За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување. Ова не е економска политика. Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери. Во исто време: • Инфлацијата ги јаде платите и пензиите. • Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон. • Минималната плата остана замрзната. • Потрошувачката кошница расте секој месец. А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар: Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач. Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит. Значи - повторно задолжување. Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода. А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари. Долгот расте. Цените растат. Животниот стандард паѓа. Оваа Влада нема економска стратегија. Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЧетири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсенаЧетири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз. Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон. Повредените се однесени во болница Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот. Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена. Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената. Фото: ВИТагови: жена Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook