Во тек е оглас за вработување на 16 здравствени работници во штипската Клиничка болница - Канал 5

Во тек е оглас за вработување на 16 здравствени работници во штипската Клиничка болница

Во Клиничката болница - Штип во тек е оглас за вработување на  16 здравствени работници, од кои осум за лекари, по еден стоматолог и физиотерапевт и шест медицински сестри, информираше на денешната прес-конференција директорот Ален Ѓеорѓијев.

Во тек е оглас за вработување на 16 здравствени работници во штипската Клиничка болница

Посочи дека по завршување на огласот ќе се направи конечната ранг листа со што болницата ќе добие нов кадар, кој во моментот недостасува. Ѓеорѓијев истакна дека радува фактот оти заинтересираноста за вработување на позиција лекар во Клничка болница - Штип е голема, се вработуваат само осум лекари, а пријавени се 44 кандидати. Од друга страна, пак, од слободни шест места за медицински сестри пријавени се само 10, од кои девет веќе работат во болницата.

-Имаме осум позиции за местото доктор, шест медицински сестри, еден дипломиран физиотерапевт и еден стоматолог. Од кога ќе заврши тестирањето ќе се направи конечната ранг листа на кандидатите кои треба да бидат примени. Во делот за доктори иамме огромна заинтересираност што е добро. Иако примаме само осум лекари имаме пријавено дури 44 што е една позитивна охрабрувачка вест за нас како Клиничка болница - Штип, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека бројката на здравствени работници кои ќе се вработат преку сега распишаниот оглас е далеку помал од потребниот, но на есен очекува да се распише уште еден нов оглас.

-Овој оглас примаме 16 здравствени работници, дали е тоа доволно – се разбира дека не. Ние имаме многу повеќе работници кои сме ги изгубиле во изминатиот период, долг беше периодот, во кој немавме примено работници, само во текот на јули изгубивме четири лекари специјалисти кои заминаа во пензија. Но, ќе имаме ново барање на есен. Од овие 16 ние би барале плус уште 15 до 20 здравствени работници, да бидеме објективни до крајот на годината, додава директорот на болницата.

Во моментот во болницата недостасуваат околу 100 здравствени работници. Ѓеорѓијев најави дека во текот на овој и наредниот месец се откажуваат операциите во болницата кои може да почекаат. Ова е пракса и од претходните години летниот период во месеците јули и август да се одлагаат операции кои може да почекаат. Според него, и покрај тоа што е период на одмори сепак има доволно луѓе кои може да им излезат во пресрет на пациентите овој период. Оперативните зафати кои мора да се завршат, не се одлагаат.

-Како и секоја година започнува периодот во кој се очекуваат високи температури. Клиничка болница - Штип и покрај тоа што е сезона на одмори си ја има организирано работата. Што се однесува до операциите, како и секоја година во јули и август се откажуваат оние операции кои може да почекаат, кои ние ги нарекуваме еликтивни. Но, сите оние операции кои треба веднаш да бидат извршени за акутни, хируршки состојби, како и пациентите кои имаат малигни болести за нив не важи ова одлагање на оперативни процедури, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека апаратот за магнетна резонанца и рентген апартот се надвор од функција. За рентген апаратот наскоро ќе биде распишана јавна набака за да се поправи и стави во функција, а за магнетна резонанца се чека комплетна понуда, по што ќе се стават во функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Интернет ѕвездата Триша Пајтас откри дека за само една недела заработила дури 100.000 долари (околу 90.000 евра) на YouTube. 

Инфлуенсерка открива како за една недела заработила 90.000 евра на Јутјуб (ВИДЕО)

Таа ги откри овие информации за време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, во која учествуваше во играта „Plead the Fifth“. Откако ја откри сумата, таа отсечно додаде: „Тоа беше добра недела“.

Пејтас, која е домаќин на подкастот „Just Trish“, објавува видеа на Јутјуб од 2007 година. Сепак, не заработувала секогаш толку многу. Во интервју за Polyester Zine во 2023 година, таа објасни дека нејзините приходи варирале многу, во зависност од тоа колку често објавувала содржина и на кои платформи била активна. Инфлуенсерката, исто така, се потсети на периодот кога снимала видеа секој ден и заработувала значително повеќе.

YouTube video

Од mukbang до Холивуд

Триша Пајтас се занимавала со различни видови содржини низ годините. Таа е позната по нејзините вирални мукбанг видеа, во кои јаде големи количини храна пред камера, но и по нејзините музички видеа и влогови за секојдневниот живот. Повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на различни социјални мрежи.

Во последните години, нејзината кариера се прошири и надвор од социјалните мрежи. Покрај водењето подкаст и снимањето ASMR видеа, претходно беше активна на платформата OnlyFans, се појавуваше на телевизија и се обидуваше да глуми.

За време на нејзината кариера, таа се појави во повеќе од 50 телевизиски и филмски проекти, вклучувајќи ги „Saturday Night Live“, „Celebrity Big Brother UK“ и „America's Got Talent“. Најавени беа и нејзините улоги во сериите „Hacks“ и „Euphoria“.

Во интервју за британскиот Vogue во 2024 година, таа откри дека реинвестира голем дел од својата заработка во снимање содржини. Како што рече, трошела десетици илјади долари за продукција на раскошни видеа.

Семејство и нови мемоари

Големи промени се случија и во нејзиниот приватен живот. Во декември 2021 година, таа се омажи за израелскиот уметник и фотограф Мозес Хацмон, кој редовно ѝ се придружува во водењето на подкастот „Just Trish“. Двојката има три деца: ќерката Малибу Барби, родена во септември 2022 година, ќерката Елвис, родена во мај 2024 година, и синот Аквамен Мозес, роден во јули 2025 година.

Порано оваа недела, Пајтас објави и мемоари од 368 страници со наслов „Плачење на кујнскиот под“. Во книгата, таа го опишува растењето во Илиноис, обидите да успее во Холивуд, контроверзиите што следеа по нејзината интернет кариера и нејзините проблеми со менталното здравје. Таа, исто така, пишува за тоа како со текот на времето пронашла стабилност во семејниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. 

Руте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО)

Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда.

Споредба со Виетнам

Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина.

„Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте.

Напади врз цивили и хибридна војна

Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата.

„Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој.

Проценки за вкупните загуби

Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.

Ѓорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!

Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар.

Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема.

Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец.

Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер