Во тек е конкурсот за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ - Канал 5

Во тек е конкурсот за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

Општина Велес распиша конкурс за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. 

Во тек е конкурсот за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Македонија.

Кандидатите треба да се професионални драмски актери, државјани на Македонија. Конкурсот е во тек, а крајниот рок за доставување на предлози е 12 март 2026 година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1 400 Велес, лично или по пошта. За предлозите испратени по пошта, краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во гореспоменатиот рок за предавање.

Како што се наведува во конкурсот, приоритет имаат драмските актери од средната генерација. На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.

[Во време кога е снимен филмот ‘Мис Стон’, Петре Приличко имал 51 година, а вистинскиот Мандана во време на аферата „мис Стон“ имал 26 години. Во филмот, Прличко загинува обидувајќи се да ја с]

Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи: пријава за кандидатот од предлагачот, биографија на кандидатот што ги содржи сите досегашни професионални остварувања во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија, фотографија на кандидатот и образложение од предлагачот за пријавување на кандидатот на конкурсот.

На конкурсот се доделува една награда. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес-конференција во Општина Велес, најдоцна пет дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.

Наградата се доделува од 2006 година, а прв ја доби актерт Благоја Спиркоски Џумерко, а лани ја доби актерката на Велешкиот театар Слободанка Чичевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото

Државата ќе гради национален дата центар со средства обезбедени преку грант или евтин заем од ЕУ. 

Мицкоски: Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото

Ваков проект како што потенцираше премиерот Мицкоски е предвиден и во реформската агенда и во него ќе чуваат податоците од сите институции и ќе обезбеди нивна заштита. Посочи и дека во земјава веќе постои дата центар во Прилеп кој е секундарен и дека и тој ќе биде поврзан со националниот дата центар.

-„Тој дата ценатр преку системот на интероперабилност ќе ги совере сите институции на едно место и тука ние ќе имаме сајбер заштита на сите институции одеднаш. Сега секоја институција од сајбер напади се брани како знае и умее, а потоа тој примарен дата центар ќе го поврземе и со веќе постоечкиот секундарен дата центар кој што е во прилепско за да имаме заштита. Ако не дај Боже настане упад во системот на интероперабилност да можеме преку секундарниот дата центар да ги заштитиме податоците. И терцијално решение ќе имаме национален клауд каде што за секој случај ќе ги чуваме сите податоци од сите институции“– Христијан Мицкоски, претседател на влада

Според премиерот нема потреба за загриженост од изгрдбата на вакви центри во Македонија. Појасни дека би се граделе на локации каде постојат услови и каде тоа е дозволено со закон, а струјата која ќе ја трошат ќе си ја плаќаат инвеститорите. Критиките на опозицијата за нивна изградба ги оцени како политизирани, кои се темелат на застарени аргументи.

„Струјата ќе ја плати оној кој по цена која ќе ја договори на слободниот пазар. Кога станува збор за системот на ладење и тука сакам да кажам дека опозицијата испраќа порака кои што се стари 10, 15 или 20 години. Има сосема поинакви начини на ладење во зависност од намената на тие дата центри – дали ќе се користат за вештачка интелегенција или за други цели. Ако сакаме да бидеме лидери тоа е иднината и јас апсолутно и политички и како професор и инжењер стојам позади изградбата на оваа индустрија и ќе ја поддржам целосно и владата ќе го превземе институционалниот ризик“-– Христијан Мицкоски, претседател на влада

Спроед СДСМ пак изградбата на дата центри се договараа зад заворени врати, нетранспарентно и без никакви детали со кого се преговара и под кои услови. Бараат да се објави името на мултинационалната компанија со која се преговара и тврдат дека ваквата индустрија ќе значи загрозување на природните ресурси во државата.

„Мицкоски не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите. Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата. Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода? Прво договорите и анализите на маса. Потоа приказните за инвестиции“, порачуваат од СДСМ.

Премиерот Мицкоски вчера откри дека Влдата прегвара со со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри во Македонија, од кои една е голема мултинационална компанија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани

Кобен ден за семејство од Македонија- во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и камионна автопат во Словенија загинаа тројца, од кои две деца и нивната баба, а нивните родители се тешко повредени.

Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани

Неофицијално, според информациите на Канал 5 се работи за четиригодишно и 11 годишно дете, а жената имала 74 години, родум од Центар Жупа, а живееле во Равена, Италија. Тие починале на самото место, а за 33-годишната мајка која имала тешки повреди бил ангажиран хеликоптер за транспорт до клиника. Таткото, пак,кој го возел автомобилот, бил пренесен со амбулатно возило. Дека се работи за македонски државјани потврдија од македонското МНР, од каде соопштија дека амбасадата во Љубљана е во комуникација со тамошните институции за понатамошниот тек на постапката. За несреќата има детали и во билтенот на словенечката полиција.

- На 27 август околу 16:30 полицијата била известена за сериозна сообраќајна несреќа на автопатот, помеѓу Унец и Равбаркоманда. Учествувале камион и патничко возило. На местото на настанот веднаш биле испратени неколку полициски патроли и пожарникари. Товарното возило поради дефект останало за прено на лента за застанување. Возачот на патничкиот автомобил удрил во задниот дел од приколката. Во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекар на местото на несреќата констатирал смрт на три лица.-МВР на Р. Словенија

Словенечките медиуми споделуваат и детали како настанала трагедијата. Наводно камионџијата бил 64 годишен маж од Босна и Херцеговина и бил надвор од возилото па затоа не е меѓу повредените. Семејството се возело со Ауди А4 управувано од 39 годишниот маж, кој прво удрил во заштитната ограда, а потоа во камионот. Причината на судирот засега е непозната.

Километарските колони создале проблеми и за екипата на итната помош, која едвај пристигнала до местото на настанот. Според медумите имало и такви возачи кои не создале услови за коридор на брз проток на албулантното возило, а не ги почитувале ниту насоките од полицијата да не излегуваат од возилата.

Од моментот на судирот од попладне до полноќ автопатската делница накај Копер била затворена поради увидот на истражните органи и возилата биле пренасочувани кон Логатец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваат

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Филипче: Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваат

На сите православни верници им го честитам овој голем празник и им посакувам добро здравје, мир, спокој и благосостојба. Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваат – љубовта, добрината, солидарноста и грижата еден за друг. , напиша Филипче на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер