Во тек е изработката на проектна документација за нов театар во Прилеп - Канал 5

Во тек е изработката на проектна документација за нов театар во Прилеп

Во тек е изработката на проектна документација за нов театар во Прилеп, годинава повеќе пари има и за културните настани.

Во тек е изработката на проектна документација за нов театар во Прилеп

До крајот на јуни треба да биде готова проектната документација за изградбата на новиот театар којшто ќе биде во склоп на прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков", а надежта е до крајот на годинава да има тендер за изведувач, изјави в.д директорката на Центарот за култура, Јасмина Мицовска-Станкоска.

За оваа намена, од Министерството за култура одобрени се шест милиона денари.

Според Мицовска-Станковска, во тек е подготовката на документацијата, а потоа треба да се премине на практичниот дел за прилепскиот Народен театар да добие нов објект.

– Се работи на проектно-техничката документација за да стигнеме до изградбата на нов театар, кој ќе биде во склопот на Домот на културата „Марко Цепенков". Потребна е реконструкција, доградба и надградба на Домот на културата што ќе обезбеди простор за новиот театар. Документацијата ќе биде готова до крајот на јуни. Веќе имаме шест милиона денари од Министерството за култура. Потоа е другата фаза, подготовката и почетокот на изградбата, што ќе ја опфати реконструкцијата на Домот на културата. Ова се први конкретни чекори за изградба на нов театар во Прилеп по повеќе од две децении. Засега не можеме да кажеме точен рок кога ќе биде готов новиот театар, рече Мицовска-Станкоска.

На денешната прес-конференција беше образложена годишната програма на културните активности, финансирани од Министерството за култура. На програмата се 40-тина настани од сите дејности. За ова и некои инвестициони зафати од Министерството, Центарот за култура доби 5,6 милиона денари и средствата се зголемени.

– Според програмата ќе има четири премиерни претстави – „Дупло дно"во режија на Наташа Поплавска, „Хамлет"во режија на Бранко Брезовец, „Круг" во режија Јован Ристовски, „Мистеријата Буфо" во режија на Андреј Цветановски. Петтата премиера што е според ланската програма, претставата „Декамерон" во режија на Мартин Кочовски ќе биде во почетокот на март. Од музичката и музичко-сценската дејност се 10 концерти, од фолклорната во прогр амата се три концерти, 19 групни и самостојни изложби, а продолжува и издавањето на списанието за литература, култура и уметност „Стремеж". Од Министерството добивме повеќе средства со кои може да ги реализираме културните настани, посочи Мицовска-Станкоска.

Во Центарот за култура „Марко Цепенков" годинава ќе има и неколку инвестициони зафати, поточно ќе се санира хидрантската мрежа, ќе се постават подови во канцелариите и во ходникот, а предвидени се и набавки на аудиоопрема и штафелаи за галериската дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.

МНРиТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Актерката Никол Кидман се осврна на својот брак со Том Круз и нагласи дека врската била сосема природен дел од нејзиниот живот.

Никол Кидман за нејзиниот брак со Том Круз: „Бев млада, се заљубивме лудо“

Иако рано влегла во светот на славата, таа вели дека нејзината врска со една од најголемите ѕвезди на ерата ѝ изгледала нормална, пишува британскиот Вог.

Брак на 22 години

Кидман објасни дека се чувствува удобно на настани како што се модни ревии и на црвени теписи бидејќи многу рано била потопена во тој свет. „Мора да размислите за кого се омажив толку млада. Бев турната во тој свет на 22 години. Бев навистина млада“, рече таа.

За нејзиниот брак со Круз, таа додаде: „Одеднаш, на 23 години, имав сопруг кој беше светски позната филмска ѕвезда. Ми се чинеше сосема природно. Едноставно се заљубивме лудо и сè беше многу едноставно“.

Кариера и љубов

Актерката изјави дека многу луѓе биле против нивната врска во тоа време, загрижени за нејзината кариера. „Се сеќавам дека луѓето ми кажуваа како тоа ќе влијае на мојата кариера. Реков дека не ми е гајле бидејќи бев заљубена и сакав да се омажам“, рече таа.

Деценија брак и развод

Кидман и Круз се запознаа во 1990 година на снимањето на филмот „Days of Thunder“. Тие беа во брак повеќе од десет години, а официјално се разведоа во август 2001 година. Кидман подоцна зборуваше за овој период во интервју за „Vanity Fair“.

„Имав многу време за себе, што беше добро бидејќи бев практично дете кога се омажив. Требаше да пораснам“, рече таа во тоа време.

Нов живот и поглед назад

Во 2006 година, таа се омажи за пејачот Кит Урбан. Двојката го објави својот развод во 2025 година по 19 години брак, а заедно ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Во претходно интервју за „New York Magazine“, Кидман објасни зошто не сакаше да зборува за нејзиниот брак со Круз.

„Секогаш не сакав да зборувам за тоа како се омажив за Том Круз на 22 години. Сега сум во брак со маж кој е моја голема љубов и чувствувам дека тоа би било непочитување кон него“, рече таа, додавајќи дека бракот ја заштитил од негативни искуства во индустријата. „Се омажив од љубов, но тоа што се омажив за исклучително моќен маж ме заштити од сексуално вознемирување. Работев, но во исто време бев многу заштитена, како во кожурец“, заклучи таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега

Од Германија пристигнува една исклучително позитивна и инспиративна приказна за двајца млади Македонци кои докажуваат дека дури и далеку од дома со труд, желба и истрајност, соништата се остваруваат.

Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега

Кире и Цветанка Коцеви, родени во 2002 година во струмичкото село Ангелци, веќе 7 години живеат и работат во Германија. Иако млади, преку сопствената посветеност и напорна работа, тие успеале да постигнат голем деловен успех: отворање на сопствена служба за амбулантна нега.

Нивната компанија обезбедува професионални медицински и хигиенски услуги за пациенти во нивните домови.

„ За нас ова е голем успех и убаво е да за ова нешто да дознае јавноста, за да може да мотивираме повеќе народ да не се откажуваат од нивните сонови. Затоа што ние лично сме во туѓа земја ама сепак достигнавме нешто убаво ипозитивно, тоа е добро да се слушне за мекдонскиот народ, а не само негативни вести за Македонија“, порачуваат Кире и Цветанка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер