Во светот досега се регистрирани 1 518 927 милиони лицa заразени од коронавирус, починаа 88, 516

Во светот досега се регистрирани над 1 , 5 милиони лицa заразени со новиот коронавирус од кои се починати повеќе од 88  илјади, а оздравеле речиси 310 илјади.

Според бројот на заразени Соединетите Американски Држави се наоѓаат на првото место, зад неа се Шпанија и Италија, а според бројот на починати Италија  се уште е на првото место со 17, 669, илјади. Шпанија и Италија речиси се изедначија според бројот на починати, и двете земји имаат околу 14, 800 илјади.

Европа се уште не го достигна врвот на епидемијата. Во извештајот на Европскиот центар за контрола и превенција на болестите, се наведува дека бројот на мртви од сите причини, вклучувајќи го и Ковид-19, е поголем од очекуваниот и тоа во Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија , и тоа во најголема мера кај луѓе постари од 65 години.

ИЗБОРСВЕТ

Ковид-19 се уште се шири и убива голем број луѓе низ цела европа, и засега нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата, заклучуваат експертите

И покрај неодамнешните податоци од Италија и Австрија, каде дојде до опаѓање на бројот на  умрени, во споменатиот извештај на агенцијата се наведува дека „ во моментов нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата“.

„Се уште е рано за укинување на сите мерки за физичка дистанца“”, се додава во извештајот.

притисни ентер