Во светот 470907 се заразени од корона вирусот, 21 315 починале, а оздравеле 114 775

Многу нови случаи на заразени и починати  од Ковид-19. Во светот заразени се 470 907, 21 315 починале, а 114 775 оздравеле .

Вчера Шпанија ја претекна Италија според бројот на жртвите за 24 часа, а СЗО предвидува дека следниот епицентар ќе бидат сад.

Шилегов очекува до крајот на месецов да биде распишана постапка за нов тендер за тунелите под Кале

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува дека до крајот на месецов ќе биде распишана постапката за избор на нов тендер за тунелите под Кале.

– Јас сум човек кој преферира добро да испланира пред да влезе во реализација, затоа и многумина мислеа дека првата година градоначалникот не работи ништо. Но, видовте дека како влеговме во реализација немаме застанато и јас немам намера да застанам, дали нареднава една, дали наредниве пет години. Во таа една, односно пет години ќе дојде до реализација и на тунелите, рече Шилегов.

Во однос на стационарот Лајка, Шилегов рече дека е скоро целосно готов, односно останува уште во една од халите да се спроведе електрика.

– Јас мислам дека до крајот на оваа недела целосно ќе завршиме со уредувањето. АХВ има закажано контрола на 25 септември со цел после тоа, откако ќе биде одобрено отворањето да го ставиме конечно стационарот во полна употреба, посочи Шилегов.

Прашан за наредните чекори што Градот ќе ги преземе за депонијата Вардариште, Шилегов изрази очекување дека со отпочнувањето на преговорите со Европската Унија ќе се отворат фондовите, а со тоа, како што рече многу поедноставно и Градот, но и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе работат на овој проблем.

Во однос на случајот со навивачите од пред неколку дена, тој рече „секогаш кога го имаме ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, имаме провокации на национална основа".

– Замолувам ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти праксата да си игра лесно со емоциите на луѓето, особено најдлабоките емоции како што се националните. Граѓаните ги повикувам да задржат разум, мир, стабилност, рационалност во своето однесување и да не подлегнуваат на ситни провокации кои очигледно дека некој ги прави за сопствена политичка агенда. Во нормална демократска партија која изгубила избори требаше да се разговара за промена на раководство или за непромена, а не да се прават обиди за демонстрации или обиди за насилство на улица, со цел да се избегне одговорноста, додаде Шилегов.

Средба на министерот Спасовски со шведската амбасадорка Форсгрин Бенгтсон

Соговорниците ги потврдија заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Поддршката што Шведска ѝ ја дава на нашата земја во процесите на интеграција кон ЕУ, како и можностите за идна соработка во областа на безбедноста беа во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрин Бенгтсон, што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи.

– Соговорниците ги потврдија заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата, со подготвеност за заедничка соработка на овие полиња во иднина, се наведува во соопштението од МВР.

Министерот за политички систем Груби оствари средба со амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби, денес оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо.

Посакувајќи добредојде во неговиот кабинет, првиот вицепремиер Груби истакна дека односите со меѓу Република Македонија и Народна Република Кина се коректни.

Груби изрази уверување дека развојот на економската соработка ќе биде понатамошна цел на амбасадорот Џанг Ѕуо и дека тоа ќе резултира со зголемување на бројот на кинеските компании кои ќе најдат интерес да инвестираат во Република Македонија.

Првиот вицепремиер Груби му се заблагодари на амбасадорот Ѕуо за донациите дадени од Народна Република Кина за Македонија во медицинска помош со цел да се спречи ширењето на вирусот COVID-19.

Амбасадорот Џанг Ѕуо се заблагодари за реализираната средба и во оваа пригода му пренесе на првиот вицепремиер дека Република Македонија е пријателска земја за кинескиот народ, со посебен придонес во развојот на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја поздрави континуираната поддршка на Република Македонија кон државните позиции на Народна Република Кина.

Истотака амбасадорот Џанг Ѕуо подвлече дека Народна Република Кина посветува големо внимание на досегашната соработка во сите сфери меѓу двете земји и верува дека таа ќе се интензивира со цел да се постигнат конкретни резултати. Амбасадорот Ѕуо истакна дека во наредниот период ќе се ангажира во интензивирање на соработката меѓу Македонија и Кина во областа на културата, образованието и туризмот.

Груби пред кинескиот амбасадор изрази интерес за автопатот Кичево-Охрид-Струга и побара да се надминат сите пречки за што побрзо реализирање на проектот.

Груби и Ѕуо разговараа и за стратешките електронски комуникации, 5G мрежата и обврските што ги имаме како земја членка на НАТО и кон стратешките партнери.

притисни ентер