ЗдравјеВо светот 1,4 милиони заразени со коронавирус, кај нас досега 599 Во светот досега се регистрирани 1,4 милиони лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се околу 80 илјади, а оздравеле 300 илјади. Кај нас, со вчерашните 29 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 599. Починаа 27, а излекувани се 30 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 254; Куманово – 128; Дебар – 49; Штип – 20; Прилеп – 34; Тетово – 29; Струга – 28; Велес – 10; Битола – 6; Охрид – 3; Кавадарци – 2; Гостивар – 4; Гевглелија – 4; Струмица – 2; Крива Паланка – 3; Радовиш – 4; Крушево – 2 и Кочани – 17. Засега, како што соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче, нема најава дека статистиките ќе поминат во позагрижувачка форма, односно дека ќе почне експоненцијално да расте бројот на пациенти. Вели дека ги разгледуваат статистиките, и оти враќањето на вообичаената бројка меѓу 20-30 пациенти дијагностицирани во текот на 24 часа претставува линеарен раст на бројот на пациенти. На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 67 пациенти од кои шест се на механичка вентилација, 12 се со потешка клиничка слика, а влошена е состојбата и на родилката од Куманово, која се уште е респираторно самостојна, но со значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови. Во Градската општа болница „8 Септември" хоспитализирани се 19 пациенти од кои тројца се на респираторна машина, а девет со потешка клиничка слика. Од четворицата пациенти хоспитализирани во Штип – еден е со средно-тешка клиничка слика и тројца со лесна клиничка слика. Сите пациенти од болницата во Охрид завчера пристигнале во Клиничката болница во Битола и сега тие таму ќе се лекуваат. Откако 18 вработени се дијагностицирани со Ковид-19 во Кумановската болница, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку дена во поддршка на вработените на инфективното оделение дошле двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени. Министерот вчера информираше дека еден возач од итна медицинска помош е позитивен на коронавирусот, тој на работното место бил со целосна заштита опрема и се анализираат неговите контакти во приватниот живот. Денеска треба да се тестираат сите луѓе кои изминативе денови биле во контакт со вработен на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, кој кажал дека има заболени од коронавирус во семејството, а во моментов сите тие се во изолација. Филипче информира дека има доволно тестови и заштитна опрема. На располагање се 4.000 тестови, 5.000 се донација од приватна лабораторија, а во тек е е постапка за 3.000 дополнителни тестови. Тестовите, како што рече, како бројка воопшто не се проблем, ниту пак може да бидат некаква закана во целокупниот процес на тестирања. Досега во земјава се направени 5.879 тестирања на Ковид-19.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНа денешен ден пред 35 години падна Берлинскиот ѕидНа денешен ден, на 9 ноември во 1989 година, падна Берлинскиот ѕид.По капитулацијата на нацистичка Германија, Сојузниците ја поделија земјата и главниот град Берлин на четири окупациски зони – американска, британска, француска и советска. Германските региони кои тогаш беа под контрола на САД, Велика Британија и Франција се обединија во мај 1949 година, со што ја формираа Сојузна Република Германија, т.е. Западна Германија. Тајна одлука за затворање на границата Со поддршка на сојузничките земји, Западна Германија се разви во контекст на економија на слободен пазар и демократска структура во следниот период. Од друга страна, од Источна Германија, чија економија и политичка структура се темелеа на советскиот социјалистички систем, десетици илјади луѓе избегаа во правец на многу попросперитетна Западна Германија. Најповолното место за преселба во Западна Германија беше Берлин. Се проценува дека помеѓу 1949 и 1961 година, повеќе од три милиони луѓе избегаа од Источна Германија во Западна Германија, вклучувајќи значителен број образовани млади луѓе. За да го спречи масовното бегство кон западниот дел од земјата, Источна Германија тајно одлучи на 12 август 1961 година да ја затвори границата во Берлин. Следниот ден, источногерманската армија ја затвори областа под советска контрола со бодликава жица, но тоа не ги спречи преминувањата. Комунистичкиот режим одлучи да го спречи заминувањето на Источногерманците, а ноќта на 17 август 1961 година започна изградбата на Берлинскиот ѕид висок 3,6 метри. Изградбата, одржувањето и следењето на ѕидот беа многу скапи и претставуваа значителен товар за источногерманската економија. 44 километри од ѕидот минуваа низ самиот Берлин. Отворени се осум гранични премини помеѓу Источен и Западен Берлин. Контролниот пункт Чарли беше еден од најпознатите гранични премини помеѓу 1945 и 1990 година. Се наоѓаше на Фридрихштрасе, помеѓу американскиот и советскиот сектор, како и помеѓу градските области Центарум во Источен Берлин и Кројцберг во Западен Берлин. За време на посетата на Западен Берлин во 1987 година, тогашниот американски претседател Роналд Реган го повика тогашниот руски лидер Михаил Горбачов: „Разурнете го овој ѕид!“ Во јануари 1989 година, долгогодишниот лидер на ГДР, Ерих Хонекер, јавно предвиде дека Берлинскиот ѕид ќе стои уште 50 до 100 години, но низата настани, која подоцна беше препознаена како мирна револуција во ГДР во 1989 година, го негираше ова. Во септември 1989 година, низ Источна Германија избувнаа демонстрации. Првично, демонстрантите беа главно луѓе кои сакаа да емигрираат на Запад, но демонстрациите продолжија и стануваа сè помасовни. Нивниот врв беше на 4 ноември, кога околу половина милион демонстранти се собраа на Александарплац во Источен Берлин. Уште на 9 ноември, луѓето почнаа да рушат делови од ѕидот по сопствена иницијатива, а на 13 ноември, источногерманската армија започна со организирано отстранување на некои делови. На граѓаните на ГДР веднаш им беше дозволено да преминат од Источен во Западен Берлин, меѓутоа, граничната служба го ограничи влезот на граѓаните на Западна Германија во Источен Берлин до 23 ноември. Официјалното обединување на Германија се случи на 3 октомври 1990 година. Најмалку 138 лица загинаа обидувајќи се да избегаат преку ѕидот Помеѓу 1961 и 1989 година, граничарите на Источна Германија убија најмалку 138 лица обидувајќи се да избегаат преку ѕидот. Имаше 5.075 успешни бегалци преку ѕидот, од кои 574 беа војници чија задача беше да го чуваат Берлинскиот ѕид. Првите двајца луѓе кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ида Зикман и Гинтер Лифтин. Ѕидот беше исто така олицетворение на Студената војна, па затоа самото негово рушење го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и нејзините структури. Одлуката за падот на ѕидот беше објавена – случајна Падот на Берлинскиот ѕид започна откако лидерот на Источна Германија, Гинтер Шабовски, погрешно објави дека патувањето до Западен Берлин е дозволено. На тој ден, Шабовски ги информираше новинарите од целиот свет за најновите одлуки на режимот, но не откри веднаш информации за отворањето на границите. Одговарајќи на новинарско прашање, Шабовски гласно прочита документ во кој пишува дека визите за патување и емиграција од земјата ќе се издаваат без никакви услови. „Од кога?“ го праша новинарот. Шабовски се двоумеше за момент, а потоа почна да импровизира: „Колку што знам, веднаш, од овој момент.“ Неколку новинари веднаш ја напуштија салата, а информацијата стигна до новинските агенции: „Источногерманците можат да патуваат во странство од овој момент.“Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter