Во „Свети Наум Охридски Чудотворец" на Попова Шапка одбележан патрониот празник

Во манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски Чудотворец" на Попова Шапка денеска беше одбележан патрониот празник. Традиционално на чествувањето присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов со семејството, но овој пат и со причина повеќе бидејќи неговата сопруга Маја Иванова беше кума на прославата откако лани го пронајде паричето во кумскиот колач.

Чествувањето започна со Света Божествена литургија чиноначалствувана од неговото високопреосвештенство митрополитот тетовско гостиварски Господин Јосиф во сослужение со повеќе свештено служители. На светата литургија пееше реномираниот женски младински хор Менада под диригенство на Ивица Зориќ.

- Свети Наум Охридски Чудотворец е еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Тој успеал да го доближи црковното слово до верниците. Во знак на неизмерна благодарност кон неговото дело денес ние молитвено го чествуваме денот на нашиот застапник пред Бога, Св.Наум Охридски – Чудотворец, рече во својата беседа митрополитот Јосиф.

По отслужената Света Божествена Митрополитот Јосиф ги прережа кумските колачи во кои имаше парички кои ги одредија кумовите за прославата на празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец" во манастирскиот комплекс на Попова Шапка во 2016 година. На верниците кои ги пронајдоа паричките кумството им донесе голема радост, а очекуваат во нивните семејства да им донесе здравје, мир и благостостојба.

И покрај неповолните временски услови верници од Тетовско, но и од други градови дојдоа да му оддадат почит на патронот на манастирскиот комплекс на Попова Шапка за, како што велат, традицијата да се продолжи.

За сите верници кои денеска присутсвуваа на патроното чествување во манастирскиот комплекс на Попова Шапка беше приредена заедничка трпеза.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер