Во Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начин - Канал 5

Во Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начин

Полицијата од една фирма и две физички лица од Струмица одзела речиси 1,1 милион евра, од кои во готовина речиси 600.000 евра, а другите се внесени на трансакциска сметка. 

Во Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начин

Ова денеска го објавија на заедничка пресконференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, претставници на СВР Струмица, УЈП, Финансиската полиција и Јавното обвинителство.

Како што информираа надлежните, за парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари. Надлежните институции проверуваат како и на кој начин биле стекнати средствата, како и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката.

-При претрес на дом и просторија, пред предходна судска одлука, со преземање на дејствија беа пронајдени околу 600.000 во готовина односно поточно 597.500 евра во готовина кои што се овде пред вас изложени.

Јанев потенцира дека само за два дена успеале да обезбедат доволно факти и аргументи и докази за поголема сума на евра, која требало да заврши во буџетот.

-Следуваше финансиска истрага бидејќи за конкретната готовина од страна на лицето кај кое беа пронајдени финансиските износи не поседуваше соодветна документација и по обезбедена дополнителна наредба од страна на надлежен суд и обвинителство овие финансиски средства беа дополнително одземени и обезбедени по што следуваше отварање на една подетална финансиска истрага којашто доведе до еден друг траг.

Првиот човек на БЈБ најави дека истрагата ќе се прошири и кон други правни субјекти за кои, како што рече, постојат сознанија и аргументи дека се поврзани со сличен начин на незаконско стекнување финансиски средства

Директорот на Финансиската полиција, Слободан Ивановски, рече дека освен откривање на криминалот, главната цел е враќање на парите во буџетот. Во интерес на истрагата не беше посочено дали за лицата е побаран притвор.

Инаку, во рамки на истрагата биле извршени претреси на локации поврзани со пријавените лица. Запленетите средства се предадени на понатамошна финансиска истрага, при што треба да се утврди нивното потекло и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масовна тепачка во мало гратче во Словенија- се тепаат дваесетина момчиња и девојки (ВИДЕО)

Во Постојна во Словенија се случи масовна тепачка во која учествуваа повеќе од дваесет млади мажи и жени.

Масовна тепачка во мало гратче во Словенија- се тепаат дваесетина момчиња и девојки (ВИДЕО)

Снимките од минатиот викенд од улицата Тржашка во центарот на Постојна покажуваат млади луѓе како викаат, се тепаат и уништуваат инвентар пред Музичкото кафе. Градоначалникот Игор Марентич, исто така, ги гледал видеата. „Не, сè уште не сум го доживеал ова. Не се сеќавам дека сум видел сличен случај во Постојна“, рекол тој, пренесува РТВ Словенија.

„Ситуацијата стана неподнослива“

Жителите со години страдаат од ноќна бучава, но велат дека ситуацијата станала неподнослива. Се жалат на оштетени автомобили и пречести интервенции на брза помош поради пијани млади луѓе. Во последните месеци, тие документираат сè и ги предаваат снимките на полицијата. Не сакаат јавно да излегуваат бидејќи се плашат од последиците. Градоначалникот Марентич потврди дека Општината е свесна за проблемот.

„Добивме две писма од станари во непосредна близина. Знам дека полицијата интервенирала во тој бар и претходно“, рекол тој.

Во саботата, полицијата пристигнала во 1:30 часот наутро. Младите избегале, а на местото на настанот бил пронајден само еден лесно повреден 22-годишен маж. Полицијата истражува сомнителни кривични дела закани и насилно однесување. Официјалното работно време на барот е до 22:00 часот, а еднаш месечно е дозволено да работи до 2:00 часот наутро. Пазарните инспектори спроведоа неколку инспекции од 2022 година, и само еднаш утврдија прекршок и издадоа опомена.

Општината размислува за намалување на работното време

Жителите ја предупредуваат Општината од мај и бараат реакција, но тврдат дека досега ништо не е преземено. Градоначалникот, сепак, сега најави конкретни чекори. „По овој последен настан, ја анализиравме ситуацијата. Во Општината одлучивме дека сериозно ќе размислиме за издавање дозволи за работа ноќе. Можеби до единаесет или дванаесет, но веројатно не подолго“, изјави тој за РТВ Словенија.

Менаџерот на барот не сакаше да даде изјава пред камерата, но во разговорот рече дека настаните на улицата немаат никаква врска со нив. Сопственикот, пак, изјави дека се обидуваат да спречат проблеми, но не појасни на кој начин. Жителите се убедени дека месечните забави привлекуваат проблематични гости. Тие очекуваат Општината да го почитува најавата и да го скрати работното време за настаните што се организираат однапред еднаш месечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)

Научниците во лабораториите ширум светот развиваат дополнителни роботски раце, нозе и прсти кои му даваат на човечкото тело сосема нови способности. 

Научниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)

За разлика од класичните протези кои ги заменуваат изгубените делови од телото, овие уреди функционираат како дополнителни алатки и им овозможуваат на луѓето да извршуваат задачи што досега не можеле сами да ги извршуваат.

Прототипите обично се носат како ранец или часовник и се направени од цврсти материјали, мотори и актуатори. Корисниците моментално ги контролираат овие додатоци користејќи други делови од телото, најчесто стапалата преку сензори во чевлите или со активирање на мускулите околу ушите. Инженерите избегнуваат да ги користат рацете за контрола со цел целосно да ја зачуваат слободата на природните движења.

YouTube video

Обидите за директно контролирање на роботските екстремитети со мисли преку електрични сигнали од мозокот досега дадоа скромни резултати. Иако има слободен простор во нервниот систем за пренос на вакви сигнали, процесот е исклучително сложен и бара долги прилагодувања. Затоа, научниците се фокусираат на поедноставни и посигурни методи за контрола на движењата на телото.

Главната цел на овие уреди е да работат заедно со природните екстремитети, а не целосно да го заменат човекот. На пример, дополнителните раце на грбот можат да држат градежна штица додека ја удирате со чекан, додека шестиот прст ви овозможува да отворите шише со една рака.

Можните примени на оваа технологија вклучуваат градежништво, индустрија, хирургија и мисии за спасување. Хирурзите во иднина би можеле да користат четири оперативни алатки одеднаш, додека спасувачите би можеле самостојно да креваат урнатини и да ги извлекуваат повредените без да чекаат поддршка.

Иако сегашните модели се тешки и гломазни, истражувањата покажуваат дека луѓето можат да ги совладаат основните движења на третата рака или шестиот прст за помалку од еден час. Вибрирачките мотори и нежните електрични импулси кои обезбедуваат чувство на допир играат клучна улога во учењето. Благодарение на оваа повратна информација, мозокот на крајот почнува да го гледа роботскиот додаток како природен дел од телото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски новинар го праша Зеленски кога ќе дојде во Москва- одговорот е хит (ВИДЕО)

За време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше кратка размена на мислења со новинар од руските државни медиуми. 

Руски новинар го праша Зеленски кога ќе дојде во Москва- одговорот е хит (ВИДЕО)

Додека Зеленски и неговата делегација минуваа покрај новинарите, дописникот на руската новинска агенција Вести, Валентин Богданов, постојано го прашуваше кога планира да дојде во Москва.

Зеленски првично не реагираше. Се оддалечи неколку чекори, потоа ја покри устата со раката и гласно извика на руски: „На ракета, е*и се“. Снимката од разговорот брзо се прошири на социјалните медиуми и во медиумите.

Разговорот се случи во време кога обновени се разговорите за директни разговори меѓу Киев и Москва. Зеленски беше во Њујорк за да разговара за можни чекори за деескалација на војната, вклучително и запирање на нападите врз енергетската инфраструктура.

Зеленски и Трамп се сретнаа на 22 септември на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Според кабинетот на украинскиот претседател, тие разговарале за можни чекори за деескалација што би можеле да го отворат патот за дипломатија, при што Зеленски рече дека и Киев и Вашингтон сакаат војната да заврши пред зимата.

Една од главните теми беа нападите врз енергетската инфраструктура. Зеленски рече дека Украина е подготвена да престане да напаѓа руска енергетска и извозна инфраструктура за возврат доколку Москва го стори истото. Разговорите доаѓаат по интензивирањето на руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, како и украинските напади врз руските рафинерии, за кои Трамп претходно побара да бидат запрени поради нивното влијание врз глобалните цени на енергијата.

Зеленски, исто така, разговараше со Трамп за зајакнување на воздушната одбрана на Украина пред зимата. Киев бара дополнителни американски системи „Патриот“ и пресретнувачки ракети, а двете земји работат и на можноста за нивно производство во Украина. Кабинетот на украинскиот претседател соопшти дека една од темите на состанокот бил специјален пакет за воздушна одбрана за претстојната зима.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер