3ВМРО-ДПМНЕ:По седум години обезбедени учебници по странски јазици, инвестирани над 70 милиони евра во училишта, спортски сали
3Секој фудбалер од победничката репрезентација на Мундијалот ќе добие златен прстен- познато е колку чини
БалканВо Србија утре е прогласен Ден на жалост Со одлука на Владата на Србија, недела, 5 јануари ќе биде Ден на жалост во Србија, по повод страшното злосторство што се случи во Цетиње на 1 јануари, во кое загинаа 12 лица, а четворица се тешко ранети.Да потсетиме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој присуствуваше на денешната седница, претходно ѝ предложи на Владата да прогласи Ден на жалост, по страшните настани во Цетиње. Седницата на Владата почна со едноминутно молчење и оддавање почит до настраданите од Цетиње. Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ на 1 јануари во попладневните часови во Цетиње уби 12 лица, меѓу кои две деца, а тешко рани четири лица. Вечерта кога полицијата го опколила, Мартиновиќ се самоубил со истрел во главата. Тој починал на пат кон болница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Само газење за Видиновски“ – нови закани за новинарот на Канал 5!На социјалните мрежи повторно се појавија закани за физичко насилство кон новинарот Александар Видиновски, овој пат со повик за „газење“ под видео објавено од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.„Ај бе преку таквото со тој Видиновски… Што направил корисно, што снимал ѓубре?! Да не земал да исчисти? За џаболебари кои немаат што да направат во животот, само газење.“ Ова е содржината на последната закана јавно објавена на социјалните мрежи. „Газењето“ се препорачува под видео објавено на профилот на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Во последниот период зачестија заканите кон новинарот, а за овој и за сличните случаи поднесена е пријава до МВР. Досега неколку пати реагираа и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинари (МАН).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕК го потврди она што го зборува СДСМ - Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судствототоЕвропската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци, - Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството а корупцијата е неказнива.Европската комисија во својот најнов Извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта. Ова не е општа забелешка, ова е директна и сериозна дијагноза на состојбата во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија. Комисијата предупредува дека измените на Кривичниот законик повторно создаваат простор за неказнивост, дека постои политичко влијание врз постапките на судиите и обвинителите и дека независноста на правосудниот систем е сериозно загрозена. Ова се случува во момент кога Македонија треба да ги исполнува најстрогите стандарди за владеење на правото доколку сака да продолжи кон Европската унија. Она што Европската комисија го забележува како системски проблем е токму резултат на политиката која ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Наместо независно судство и обвинителство, граѓаните добиваат политичка контрола врз институциите, селективна правда и заштита на криминалот на власта. Европската комисија јасно порачува дека без вистинска независност на правосудството нема напредок кон ЕУ. Мицкоски и ВМРО, наместо да ги спроведуваат реформите, продолжуваат со истата практика на притисок и контрола која ја имаа и во минатото. Граѓаните на Македонија не смеат да дозволат правдата да биде во рацете на оние кои ја штитат криминалната мрежа. Време е за одговорност. Време е за независно судство. Време е за Европа. Скопје, 18.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло 09:09Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ:По седум години обезбедени учебници по странски јазици, инвестирани над 70 милиони евра во училишта, спортски сали По седум години обезбедени учебници по странски јазици, инвестирани над 70 милиони евра во училишта, спортски сали и задоволен наставен кадар со покачени платиСо ВМРО-ДПМНЕ на власт образованието се враќа во фокусот државните приоритети. Заврши времето на хаос во образованието и неизвесноста на наставниците и учениците. Наставниците добија предвидливост и редовно покачување на платите, додека учениците стабилен наставен процес со учебници по сите предмети во своите раце. За разлика од претходните седум години власт на СДС, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над еден милион примероци се на училишните клупи и истите се набавени по значително пониски цени, со што само во последните две години се заштедени околу 45 милиони денари. Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училиштен ден и за првпат по седум години, учениците повторно добија учебници по странски јазици. Од друга страна, спротивно на минатото, кога платите се покачуваа исклучиво пред избори и никој не знаеше колку ќе изнесува покачувањето, денес постои јасен и предвидлив систем кој го вреднува и достоинствено го плаќа трудот на наставниот кадар и, со избор на звањата ментор и советник, се овозможи кариерен напредок за наставниците и стручните соработници во средното образование. Со потпишаната спогодба со СОНК, во зависност од инфлацијата, обезбедено е гарантирано зголемување на платите во следните четири години од 40 до 60 проценти, со што само во првите две години платите на сите вработени во образованието се зголемија за повеќе од 20 проценти. Забрзано се модернизира образовниот процес, така што над 160 училишта се опремени со современа ИТ опрема, дигитализирани се сите услуги за учениците и студентите, се воведе нов електронски дневник и електронски свидетелства и се обучија над 1.000 наставници за етичка примена на вештачката интелигенција. Посебно внимание се посвети и на образовната инфраструктура, при што само во првата година од мандатот се инвестирани над 70 милиони евра во нови училишта, спортски сали, реконструкции и проширување на училишни капацитети. Посебно внимание е посветено на инклузивното образование и за таа цел за прв пат се воведоа 150 образовни асистенти во средното и од 800 на 1.350 се зголеми нивниот број во основно образование. Владата несебично се вложи за подобрување на состојбите, покажа одговорна политика и сериозни инвестиции кои го враќаат достоинството и квалитетот во образованието. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter